Прв пат кога му дадов од таа ноќната од Хип само 2,3 л касна, потоа по некое време др купив од фрутек цела ја изеде, сега му правам домашна иста како на хип, со гриз, банана и малку какао па многу му се бендиса, јадеше, пробај вака. Ова со забиве, на другарка детето, 2.5 год е има 5ки уште 2 за ваѓање, ист е ваков се лигави и плачка
Еј мајки, го знаете муабетот дека некрстено бебе смрди? Епа ја крстевме малата, исто ми мириса, испробано... Шала на страна, од кога дојдовме од одмор, нејќеше да јаде. Душата ми ја извади. Дури и нешто да касне денес, утре истото јадење нејќе ни да го погледне. Мислев таму од топлото не јаде, ама еве и дома исто. И од вчера што и текна, ете пак јаде. Истото јадење, телешко со компир и зеленчук, што со сила и бутав 3 лажици 40 минути претходниот ден, другиот ден не само што го јаде, него и малце и беше, па дробев леб да ја дојадам. Сабајлево изеде две цели круши, зинуваше како најголем деликатес да и давам. Сега чекам кога ќе рече некој дека почнала да јаде дека е крстена И станува во 5-6 сабајле со денови, вришти преку оградата како да ја оставив и заминав за Германија. Сега на 7ипол месеца некако касно ја фати ова separation anxiety, нема проблем со странци, ама само да сум на видик. Излегов од туш со пешкир на глава, се дере дете како ѓавол да видело. Едвај се смири, а јас едвај гаќи облеков со неа во раце. Ме брка кај и да одам. Правам јадење во кујна, лази до мене и ме држи за стапалото. Ако нешто не и е по ќејф, пружа раце да ја земам и плаче мам-мам-мам... ајде барем ќе научи мама да каже за прв збор
10м и уште не можам никаде да мрднам. Правам јадење она како мајмунче за мене се беси и мамка. Дури и нерва некогаш ме фаќа. Не се издржува и во вц со неа си одам.
@Spidy не смрди туку мирисало на куче Абе народецов е полн со глупости. Исто и кај мене вришти ако не сум и на видик. Или кога ќе сум до неа кемка, со другите си игра. Не ја носам со мене кога одам по соби или во тоалет, ја оставам во игралната и зборам цело време за да знае дека сум тука. Во петтиот скок кај мене ја сврте ноќната, ваљда оти не е крстена. Од секој саат до два цицање сега станува само два пати али трае по два саати Нешто налик на Мила бебето. Јас глумам мртва нели со цел да презаспие али не бе она ни мава шамари ( сеуште е на спална меѓу нас), иде од еден крај на друг, ни се качува на перница, на глава, со нозете по стомак не мава, на оградата се обидува да се качи и се тоа трае и трае...Али не станувам во надеж дека ќе и се здосади и после ќе спие тој период. Надеж задна умира. Ако продолжи со еднаш до два пати ноќно време цицање ќе ја ставам конечно во креветче ( кое спакувано чека на неа) па нека си игра колку сака. Веројатно ќе плаче и ќе морам пак да ја кревам, а машала не е ич за кревање пука половина. Седум полни до вчера. Време е за организација на роденденот почнав да нарачувам детали
Јас викам планинари, ме освојува како Еверест, кога ќе се нацица навечер и не сака да спие, па почнува да се превртува низ креветот. Иначе спие во креветче од старт. Ама сега знае да се исправи и гледа преку оградата. Претходно се криев, сега нема бегање, ме гледа дека сум тука. Дури се секирам да не се прекачи па да падне на земја, ја гледам дека пробува. Затоа насабајле кога станува ја земам во кревет со нас, и исто како што кажуваш - не шамара, не штипе, си зборува нешто, преместува перници. Ровари како загар. И да ја оставам некаде, доаѓа по мене. Со кучево се вежба цел ден, само го брка по дома, гревче тоа. Станот ни е 50 квадрата, цел го врти за 10 минути. А ако крстењево беше заради кучешки мирис, може требаше и кучето да го забањаат таму, па да не морам више да го бањам јас
Сеуште спиете со пригушено светло? И до кога? Се мислам вечерва да пробам без светло може ќе спие. Па ми е страв да не се исплаши. Има некој пробано?
По колку капки вигантол давате? На здраво ми рекоа да давам или вигантол или пливит ц по 5 капки дека сега есен помалку сонце слаби биле бебитолот. А пак во аптека на мм му рекле мн јаки биле вигантолот за бебе и сега нз дали да давам.
Na mene mi ortoped ima kazuvano deka se plivit poslabi od vigantol, taka da, mislam deka 5 kapki e vo red. Ili vigantol ama pomalce davaj kako mislese.
Да да секако помалце од вигантолот или 1 или 2 капки. Она за пливитот рече 5 капки дека се послаби, а за овие не ми кажа колку.
Есинствени капки витамини што му давам јас се Пливит Д3, значи од ко е роден до сега само по 2 капки Пливит Д3, друго ништо @FreeMind ние да уште со пригушено светло, мене некако ми е шубе шо се вели без светло, пробај без, на брачеда ми бебето повеќе спие без светло сега го ставам во креветче оти не се спие повеќе со него, се пика во мене цело време и нема сон, вака 1 сат 1 барем ќе поспијам
Мене ми е скроз во темница од старт, да разликува ден и ноќ ми беше логиката тогаш. Ептен кога имаше пресоблакање сред ноќ палев ноќно светло за да можам да закопчам некоја нитна. Иначе што потемно подобро. Е сега ако била 7 месеца цело време со светло, не знам како би реагирала, сепак поголеми се, разбираат повеќе. Да пробаш да ставиш ноќно светло позади нешто, јас го уклучував во штекер позади спалната. Така само тој ѕид осветлен, буквално најмалку светло што може.
Го исклучив пригушеното светло во спалната пред 3 месеци, може и повеќе. Спиеме во темно. Вигантол давам по 2 капки.
Јас давам вигантол една и една капсула Бебитол со омега по препорака од ортопед, бебе е 8ипол месеци, ми рече ако не давам бебитол тогаш вигантол две капки
По колку грама ви е оброкот на вашите малечки мојов некогаш едвај 100 грама да изеде,некогаш и ич не јаде а последниве неколку дена особено денес изеде 250 грама за ручек.Да не е многу тоа мислам да имаше уште ќе јадеше
Многу ми се направи меракот денес. Сама си зеде кифличка од на маса и почна да ја јаде исто како голема. Добро тоа треше 2 минути, а потоа почна да лази со неа и да ја гмечи по тепихот, но битно сама посегна по храна. Пред 2 дена компир вака изеде, ама тоа не и го важев.
Јас сум малку загрижена за бебо мој. Скоро 9м е, и се уште не се подава по ништо. Ни подава раце за да го земе некој на пример, ниту посегнува по храна. Не знам како и кога ќе почне да фаќа храна сам и да си ја носи до устата. Интерес покажува само према играчките, нив си ги зема и врти во рацете без проблем. Исто така, не знае да покаже 'чао', ниту да плеска со рачињата за тапшин-тапшин. Или да покаже колку е голем со рацете нагоре. Кажува слогови како ма-ма-ма, ба-ба-ба, та-та-та ама не не знае кој е кој. Само така си брбори кога ќе му текне. Знам дека децата не се споредуваат, ама пред некој ден видов врсничка на бебо, само еден ден пред него родена, и девојчето правеше многу повеќе работи од него па се замислив. А му зборуваме цело време со мм, се трудиме да го научиме на повеќе едноставни работи. Му покажуваме, повторуваме во текот на денот. Не знам како поинаку да го стимулираме. Можеби и претерувам, ама еве и тука читам секојдневно за разни искуства со вашите бебиња.
Како да се читам себе али пред 4 години. Има едно девојче еден месец постаро од син ми ама буквално го јадеше син ми во се. На 9 месеци и тој ништо не правеше ама буквално ништо, јас преамбициозна мајка во депресија ќе паднев за да после годината тој девојчето го буквално претица ии тоа на полна линија. Не ги споредувајте децата, секое си е сосем различно. Инаку мајки има скок на 6 ипол месеци? Ќерка ми е неподнослива, само бара да ми е во раце, преку ден никако не спие, навечер цело време на града. Жива ненаспана и преморена сум