Ние спиевме со пригушено ама сега сменивме со светло што доаѓа од уличната сијалица малку, колку јас да не се учукам во нешто кога станувам, или кога треба да и ја дадам цуцлата па да и ја погодам устата. Она гајле нема, не сетив никаква промена, одма фаќа града и во мрак. По мирисот изгледа
@FreeMind @happygirl фативте шише? Хепи пропи вода? Кроз играње да наполните шише вода, секако во уста пикаат се, само поткренете им да се напијат или сами да го земат и да го кренат.
Кај мене кога и се пие вода од нук шише со клунче зема две голтки. Ама само кога и се пие во спротивно го фрла на земја. Сега од авент што имам купено стаклени шишиња ќе пробам ад млеко да и дадам денес да видам дали ќе ми успее.
Мојот пропи вода од кога тргнав на работа,не пие многу ама пие колку толку. Иначе кај нас ново е,прави чао со рачето и браво Секој ден го будам во 8 и го носам кај моите,едвај де буди Денес сум втора и спие како јагненце. Многу мие смешен бидејки се преселивме и само гледа чудно,разгледува целиот е збунка.
Само во 6 сабајле за цице ама вечерва не бараше. Како растат,кога си го родив а сега за во градинка го спремам.
Јас баш сакав да пишам вчера и заборавив Што пие кафана, почестете се од мене Синко два дена по ред пие од шише, и тоа првиот ден испи 100мл наеднаш Почна убаво да си влече од цуцлата, и пие. Конечно!
Нас ни донесоа за роденден ваква, ја буткаше недела/две и прооде И за дубак се ортопедите против, и тоа си користев. Ма за се се против веќе. Јас правам како јас мислам дека треба
Фала мајче Сега си јади и е без реакција? Матичната малку ме испаничи да сум пазела да не дојде до гушење.
И јас ќе те прашував, дали проба со Чико ама ете пиел сега, не е битно кое шише. Мојов си пие од чико шише, по 2, 3 пати му го полнам во денот, млеко друго освен мое нема пробано сеуште. Одмор ми дадоа ќе почнам на работа крајот на септември ќе се подружиме уште 1 месец. Ноќеска сами спиевме на спална и пак секој сат стануваше, значи се разбудува, лапнува цицка и одма презаспива. Прво вода го нудам или го гушкам, некогаш ќе фати, заспива и без цице, ама ретко тоа, еднаш во ноќта.
Моево пробав навечер со шише вода пие дури и се буди за да се допие убаво и после плука цуцлата и бара пак цице
Не знаев каде, ама мислам може и овде да споделам https://www.crnobelo.com/zivot/rodi...ponekogas-na-decata-im-davame-kupecka-kasicka Да не сум оф топик, бебе е во скок и плус заби растат, навечер се будиме по 6 пати и едвај заспиваме. А баш се радував дека лесно заспива, ќе се снајдат бабите кога ќе тргнам на работа. Сеа не знам како ќе биде...
Колкави сте?Низ истото миниме и ние ,рикање до бесвест,само навечер и станува сто пати ... Пс .постот е врв! Само уште да постоеше зборот немајка
Јас таман се пофалив дека не цица навечер и ете ти ја пак две ноќи залепена на цицка. Синоќа верувала или не на секој саат. Од денес внесувам ад да пробам дали ќе сака и дали со тоа ќе спие навечер. И со лажичката кога тропкам се слуша како забче да има али не се гледа сеуште.
Се важи дека е излезено чим тропка За два три дена ќе се познава ,а после спремај цицка за тегнење и грицкање
Мислам дека муабетот дека со АД спијат повеќе е само првиот месец, кога бебето нема сила да цица многу, па почесто се буди. Ако му дадеш шише, ќе го наполни мешето за 10 минути и се комира. На поголеми бебиња што стануваат ноќе за гушкање и забава, а не од глад, воопшто не им менува и дупла доза АД да им дадеш. До сега лично не сум слушнала ниедна мајка да рече дека повеќе спиело бебето по воведување на вештачко млеко, освен ако мајката немала млеко и стварно детето било гладно на секој саат. Тие шо стануваат 3 пати во ноќ, и со шише си стануваат 3 пати.
Јас имав две. Ниедна не е искористена. Понудени му беа. Ама не го интересираше. Од 2м е на под со играчки околу него. Прооде исправувајќи се на маса и кревет. На годинка одеше . Немам ништо против проодувалки ама не се нешто нужно. Баш така. Кога почнуваат да јадат и се заситуват навечер се будат од навика, не дека се гладни или со ад ќе спијат повеќе. Едноставно таков им е сонот.