За забчиња купив срциња и го сечев долу срцето и се формира забче (јас како забен техничар сама ги правев скроз, сакав на свекрва ми да и докажам дека знам и дека можам и стварно преубај испаднаа, мислам не беа ко од слаткарница де ама за прв пат супер беа. Рецепт од интернет најдов, вкусни беа и за јадење.
Мајки малото ги вади кецовите доле, едниот скоро цел излезе сега гледам индругиот зирка, цела вечер немирно спие плаче во сон и е нервозен, ќе му олесни ли малце ако му дадам парацетамол пред спиење колку да врзе малку сон или џабе е? Дала некоја од вас?
Јас давав кога и вадеше долните кецови. Еднаш за првиот и после неколку дена за вториот. За вториот две вечери по ред дадов. Ептен ќе му олеснеше и си спиеше 5-6 часа без будење
Не и предходно бевме на ад млеко исто аптамил 1. Пробав со хип ама од него запек ми фана и не го држеше сит на саат време ми бараше да јаде и се вратив на аптамил1 се беше супер до сега
Проба да го мачкаш со мастите за заби? Дечки не е многу пола парацетомол на бебе? Да не спијат поради дозата? Чисто нагаѓам. Освен лева двојка горе искача и кецот десно доле, значи лудница четири заби наеднаш. Нервозна, кемкава, 24/7 на цицка, никакво спиење. Покрај неа и јас на ибубруфен се оддржувам, ме искина глава денес и лошење. Како уште да сме поврзани преку папочна.
Со лесно на двете, да знаеш дека затоа не јади, ја болат непцата. @Vaga~ досега немам даено парацетамол, а имавме маки и плачки и неспиење од забите.
Јас сум давала пола од дозата за бебе. Пример ако за неговата тежина било 3мл (карикирам, ич не се сеќавам колку беше) тогаш при болка сум дала 1.5мл. И на самиот сируп пишува за температура и болка. Па сум давала коа ептен апла се познаваше дека го боли и се мачи, му се спие, а неможе да заспие од болка. Што знам, јас верувам дека спиел бидејќи престанала болката. Ама не можам да тврдам Може некој постручен ќе не упати и ќе каже точно. Јас од педијатар иам добиено зелено светло дека може да дадам и при болка (и при болка од ванцина исто)
Јас ве сфатив пола апче парацетомол дека давате Иначе за бебе си има сируп и чепчиња дозирани специјално за нив парацетомол за вакцина што ги даваат тие можат да се користат.
Кој и кажал на типкава моја дека на музика се игра нз, абе штом слушне музика крева раце, плеска, ѕенѕа со газот, циркус е. Чиниш на федери е. Па на народно мислиш чочек игра, омилено и е. денес се исповозбуди и дури се испушти со двете раце да игра и сама си стоеше без држење. Мн ми е смешна и ств се чудам од кај научи кога никој особено не ја учел. Освен од децата што гледа на песничките. Значи прав сунгер се, се впиваат. Се топам на вакви мигови и знам дека не е ништо особено, ама си се гордеам.... убаво ми е бе. Тогаш заборавам на сите тешкотии и уживам во мајчинството. Ете за тоа вреди да се живее, за тие мали мигови на среќа. Пред малку се жалев дека ми е тешко, сега дека уживам. Крајно време е мислам м да ми дојде..... Хормонивме ми се ролер костер.
Ниту моето нема забчиња ама не се секирам кога ќе дојде време ќе излезат Туку со лесно нека си ги вадат сите бебушки и нека им се редат како бисери
Баш ова го мислев денес. Во темата 0-6 месеца сите со грчеви, мојата немаше. Тука сите со заби, мојава пак нема. Ама затоа си стои, си се држи за каучот и се шета навака натака цел ден. На газ не знае да седи, битно решила ќе проодува женската.
Го мачкам дентинокс, и осанитот гранули му давав ама вчера и денес збесна од нервоза цел ден да се вришти само и се чеша, левиот кец сосем случајно видов дека пробил и тој, ќе биде весело. А иначе му ставив едно чепче парацетамол и му помогна изгледа, го прошетав и надвор па ќе видиме.. Со лесно и кај тебе, вие 4 одеднаш леле леле и јас попуштив тотално со нерви, кажувајте лек
Колку направи твојата 8 полни? Моево една недела ништо не прави освен што плаче. Ниту лази, ниту си игра, ниту јаде, ниту надвор и е интересно. Како да назадува, баш како што пишува во книгата за шестиот период. Значи после овој период ќе очекувам да станува. Еј да станува
Леле кога читам дека вашите лазеле се исправаат стојат мило ми е ама кога ќе направам споредба со мојотстои да го држиш сам никако дури и да се држи за нешто паѓа не лази а се исправа со рацете кога е на стомак и се движи наназат а многу сакам бебиња што лазат се тешам тоа што многу е активен 2 минути не е мирен а и на ортопед сме во вторник па ќе видиме што ќе ни каже
8 месеца на 16ти. Почна да лази откако душата ми ја извади на одмор, стануваше на секој саат навечер. Знаев дека нешто ме чека. Во рок од две недели почна баш да лази со нозете (претходно се влечеше само со рацете), да се исправа сама и сега пред некој ден почна и да шета придржувајки се за креветот. Вчера пробав да ја паткам, дига ноџиња и си прави убави чекори. RIP мојата кичма следните неколку месеца. Иначе паѓа како топола. Не на газ, него како дрво испружена. И кај ќе падне ќе си седи по 10 минути спружена како морска ѕвезда. И не знае да седи. Ако ја ставам на газот да седи, ќе поседи, ама сама не знае да седне и не е стабилна кога седи сеуште. Не знам кај се брза да прооди, може дечко ја чека во град