Леона јас зрмам канти сирење неколку години од луѓе од Берово и они имаат. За купување од друга мајка знам дека зема од некој дуќан ( во подрумите) во Буњаковец. И младо сирење и млада урда.
Мене ми носат домашно млеко од село и на син ми му квасив и му дадов, и изварка планирам сама да му правам,
Јас се извинувам што тилку доцна реплицирам на мислењата. Да не го барам моето прашање во врска со ноќните подои, значи ќерка ми не цица, има 9 месеци, 3 оброка и ужунка а заспиваме си млеко. Меѓутоа, навечер станува по 3-4 а некогаш и по 5 пати и бара млеко. Дали грешам што и давам еден оброк наместо млеко сок, претходно не напоменав дека строго и цедам сокови од овошје и зеленчук дома, никако не и давам вештачки значи строго дома цедени. Имаше некои коментари како ќе имала кариес уште.сега итн. Дали и од овие сокови? Ова го правам.зашто кога испие 3-4 шишиња млеко навечер преку ден скоро ништо не јаде и често има запек. Инаку забележувам дека кога почесто внесува витамин ц е поразјадена.
Мооментално ни ема без капка млеко со 4 оброци преку ден. Навечер не станува воопшто за млеко. Имаме 8,5 месеци. Така да мислам дека станува збор за навика а не за глад.
Па вие сте супер штом воопшто не стануватр. И јас мислам дека нашево е навика, ма да ќе бидам благодарна и ако станува по два пати за млеко, не за друго инаку мака мачам со јадењето се гледа дека е сита и дека не и се јаде, затоа воведов сок дома цеден.. Некој начин за одвикнување од ова?
Сум пробала и полошо е, се буди а дали еден час помине спиејќи и бара нешто да пие. Сум пробувала и да не и.давам ништо, кога ќе се разбуди само со цуцла да ја.занишкам и тоа успева, спие ама се додека не ја ставам на креветчето сама.. Не знам од каде дојде ова, до 6 месец максимум 2 пати стануваше. Сега некогаш и одкако ќе го испие млекото не можам да ја ставам туку така в кревет, спие и со рацете се тегли н страна како да ме бара и кинка, и пак се гушкаме а некогаш и така и јас заспивам држејќи ја Не знам како дојде до ова и како да ја одвикнам..
Повеке од пола час не го чувам ни за мене па ни за бебе.Обично домашните сокови викаат одма да се испијат.
Не давај сокови ноќе, макар биле и дома цедени, имаат шеќери кои не само што се лоши за забите (небитно која возраст е детето), лоши се и за желудникот. Пробај со вода кога ќе се разбуди, нека испие колку сака. Немој да попушташ, да даваш сокови или млеко. Ако цица е друга приказна. Можеби поминува низ скок во развој, комбинирано со никнење на забите. Не е ни прва ни последна, кај сите поминува таа фаза.
Моето прво дете до 18 месеци ми стануваше 10тина пати на вечер.. На 14 месеци го одбив мислејки дека е до доењето, ама продолжи и потоа да се буди.. Ова второво се буди по 2-3 пати навечер, добро е, не се жалам
Денес бевме на педијатар и моето синче има атопичен дерматит Минатата недела кога бевме на редовна контрола и реков за црвенилата каде што му се превиваат рацете и нозете ама рече дека ќе му излегуваат не е страшно.Е сега тие се проширија и низ целото тело.Ми рече за да исклучиме алергија на храна овие денови да давам само јаболко,морков,компир и палента.Не сум сменила ни прашок,ни козметика.Ми даде мостри од мустела стелатриа да го мачкам и да се видиме за неколку дена да видиме дали ке престанат да се шират.Ако не ќе треба да одиме на детска клиника.Ако има некоја вакво искуство ве молам да пишете ептен сум загрижена
Да ние имаме втора недела, се мачкаме со АДВАНТАН, и се миеме секој ден со купка на ДЕРМА, нас педијатарот ни даде упат за неуромедика и дерматологот ни даде и за 24 часа помина ама ние продолживме со терапијата, Една недела се мачкавме по 2 пати и сега од денес по еднаш се мачкаме. Не јадавме цела недела нов продукт, и денес по една недела му дадов новина. Првите 2 дена беше само на доење. Јас несмеам да јадам конзервирана храна, сувомеснато и благо поточно само домашно подготвена храна , овошје зеленчук и да внимавам што јадам оти јас дојам и се се пренесувало преку млекото. Купечка храна не му давам. Се само домашно подготвено блендирано и само она што сме го пробале. На нас ни земаа брисеви одма на лице место во неуромедика и ни кажа дека е алерген од храна или животно од прашок не е одма го прашав иако дома се преправ и препеглав. За 24 часа само ќе му се изгуби само треба да одиш на специјалист на клиника како со упат или како нас во неуромедика ама плативме 1500ден. Ама дирекно се ни кажа. Како и да е не се секирај и јас паничев и под стрес бев, не е страшно само внимавај на ХРАНАТА.
Сега ме замисли.И мојата има црвенило на зглобовите на рачињата и ножињата.Дали се раб за истото? Јас со мустела мачкам но на лекар уште не сум била.
Немам искуство за болеста ама да ти кажам да внимаваш и на морковот, ќерка ми единствена реакција на храна имаше од него.
Фала ти малку ме смири.Мене докторката не ми спомна ништо за мојата исхрана ама сега ќе внимавам.Како што разбрав тоа може да исчезне и после пак да се појави и така да трае додека не наполни 3-4 години.Ќе видиме како ќе е овие денови и секако на специјалист.Ајде се надевам дека ќе помине.
Незнам дали е тоа ама кај син ми е црвено и рапаво како лишај.Ако е само обично црвенило нема што да се грижиш.