Бејбилов немаат ли и 5+? 4+ има, за 5+ не сум сигурна... Претпоставувам на одмор сте, убаво да си поминете
За навечер гаќици бејби лав и ставам овие обичниве нема шанси да не протечат. @lackygirl значи нон стоп е на цицка ако се тргнам станува и не спие. Колку трае фазава оти е неиздржлива?
Јас користам еко пелени супер се, никакво црвенило, освен кога сменив прашок и еднаш заборавив пред перење да направам. Имаш видеа на сајтот не може да не пасуваат... и кокосово не одговараше и веледа земав за пеленски осип мачкав на секое менување и супер поминавме
Па до 8 месеци по цела ноќ буквално утре 9 прави, сега еве неколу ноќи станува на 2 сати. Секоја вечер различно е, незнам што да очекувам. Убаво да си помините на одмор. Почна да јади сега?
Фала. Да јаде, али не се трга од цицка со саати ова од денес е најново. Ако се тргнам станува и морам да лежам до неа за да спие.
Се приклучив сега за да ја прашам генерацијата дали стануваат навечер. Значи нервозна сум веќе, станува на 2часа,кога ќе цица(или ад) кенкаво презаспива. Само се врти лево десно, до кога ќе биде вака? Ненаспана сум. Пред некој ден една познаничка ми вика макни и медче на цуцлата ќе си презаспие. Така некоја вечер и нема да станува за млеко. А мојата паметна е, со медот млекце си оди. Преувеличувам сеа, нормално, кило мед изеде и стануваше.
А му се случува на некое да ја мрда главата лево десно така бргу? Од денес почна да го прави ова. Ама не е така нервозно туку како да му е интересно. Си помислив прво да не го чеша уво, го почешав ама ми ги трга рацете. Незнам дали е некое ново откритие, нова игра за него или да дигам паники
Добродојде во тимот. Јас со неа на мене обесена спијам. Некогаш мм ако види ја трга, па за кратко пак.. И така..
Кас нас ова станувањето 100 пати навечер и висењето на цицка заврши минатата недела. На 9 месеци и 10 дена Сега спие по цела ноќ. Со едно станување. Од 10 навечер до 8 сабајле. Вака неам спиено од првио тромесечие во бременост
Така исто, значи цела ноќ на цицка, не цицаше само си ја држеше в уста како цуцла Ајде и кај така нека е, не се издржува веќе, од 7ми месец бремена не спијам, што е многу, многу е
И моево пројаде од вчера,ама ај да не се радувам пред време. Немам вага да мерам,вчера јадеше палента и праска,денес просо и круша,се што изблендирав го изеде. Му давав со обично лажиче,ставав божем јас јадам,се тегнеше и отвараше уста да му дадам. Тоа беше доручек. За ручек пробав да му дадам каша од хип од пченка,компир и мисиркино месо,неколку лажици изеде. Левата двојка скоро пробиена е. Се надевам забите малку ќе паузираат,да се научи дека треба да јаде и да јаде. Цели 2 месеци како не намачија и не јадеше воопшто,не ми даваше лажичка да му протнам во уста. Се надевам дека нема утре пак да пишам како неќе да јаде. Инаку,многу тежок период сте избрале за на одмор. Заби,скок,се надевам ќе се потсмири. Каде сте на одмор,ако не е тајна и како поминавте по пат? Мислам дека и твојата не сакаше во седиште,или сум помешала?
Мојата почна од 6м да прави така еве уште прави, јас го поврзувам со чешање на жлебинките. Ние си направивме игра нос со нос и го мрдаме и се смее Сега кога ќе и речам носе носе одма се врти лево-десно. @FreeMind како е малата? Сака ли да се бања, како се снаоѓате?
И ја си станувам ма два три саати, од што сум ненаспана почнав и кога не плаче да рипам од кревет и во бунило дур да скопчам кај сум што се дешава.. Мед знам до година не се дава, не знам сеа бебето колкаво е.. Моево се успива со оние прожектори само без светлото само музиката и цицање а кога прави поише проблем ја успивам на кревет легнати па ја префрлам во креветче
Знам како ти било и мојава се лизна пред некој ден ја оставив на спална да спие ама ја заградувам од страна со перници големи и ќебе и беби апаратот го ставам да го гледа обично кога се буди оди по него интересен и е и ја слушам, сега не знам како успеала се свиткала во ќебето и се слизнла на под и како пробувала да стане си го удри малце главчето од креветчето си плачеше после
Мора занимации да наоѓам, се и здосадува после неколку минути... И ќе ми речат бејби послаба си од пред бременост, ами не бев кловн, атлетичар и комичар пред тоа
Мора да се измислува се и сешто, мојов се запна за тепалото за муви само плачеше по него, му купивме ново, го мијав, го попарив и му го дадов и лупа со него, се турка ама в уста не. Многу сака да тропа, му давам дрвени лажици големи и на пластични чинии лупа, тропа и вика. Едит: Лесна ноќ на сите, мојов спие веќе 1 час, да пробам и јас да отспијам бар 1 час оти кај да е ќе стани
Значи само што срипав на бебето на комшиите ќе се отрујам.. Моево спие и отворена вратата од тераса комшисково јако врисна и срипав и маж ми го штрекнав Ах трауми со станувањево имаме...
Такви работи става директно во уста и во грклен си брца И дадов дрвена лажица и се удари по глава, па ајде плачки... Колку се трудам да а забавувам и на крај кога ќе а види баба и одма се радува и подава раци. Ама кога и се јаде и спие одма мама, мама, е што другарке сеа нема баба млеко Многу е интересна, глуме, зборува, се гале