Херпесот е на ослабен имунитет. Иначе ме насмеа со покажувањето љубов, би сакала Емили да ти ја пуштам да ти покаже шта то значи љубов. Така силно мава и клоца на бакнување што мислиш со возрасен се бориш. Увото ако ти го фати не го пушта додека не ти го откине. Навистина боли. Вчера со глодалката со цела сила ме тресна по заб солзи ми дојдоа на очи. Многу насилен излив на емоции има.
Хормони лудило И мојава на 7 месеци во рок од недела ипол две извади 6 заба.. 6 (горе кецови и двојки и доле кецови) ама што викаш машки ги поднесе сега е уште покенкава и ги гледам тројките горе набубрени тројки бе тројки на 8ипол месеци.. Вчера ми стануваше на еден саат цела вечер и ние сме уште на блендирано И јас почнав да ја одвикнувам преку ден од цицање барем до кај 3-4саат зошто ќе треба да одам на работа а заспива само со цице и неќе да пие ад или млеко од шише
Имав јас точно над уста. Бебка беше 4м. Инаку како што ти кажа Фри тоа е од паднат имунитет или стрес, нервоза. Не ја бакнував 6-7 дена, постојано намачкана со херпесан и фластер врз него. За излевање ставав од проѕирните фластери а дома со обичен за да покрие поголема површина и да не чепка малата. Знаеше да чепне ама одма миев раци, земи си и гелче за дезинфекција, шлапај се на раце. Фала богу не и го пренесов, али постојано се борам со херпеси.
Јас лично немам вакво искуство, ама мајка ми има херпеси цел живот. Јас сум имала 7 дена кога нејзе и се направила цела уста со херпеси. И често и искачаат до ден денес. Јас не сум доена, немала мајка ми млеко, значи не сум била заштитена на тој начин. Сум имала херпес два пати во животот. Ќе речам дека се пренесува вирусот, ама не мора да значи дека на бебе ќе му се манифестира сега или често во животот, барем според тоа како што било со мене и мајка ми.
@FreeMind @Milaaa991 и син ми е многу груб, како покажува љубов, со тепање, со гребење, со корнење за коса, многу често и прстето в нос знае да ми го пикни а на татко му ушите му ги искорна Што ќе правиме и ние незнам, само на цицка заспива, млеко кравјо не сака го плукна, АД немам пробано, купив од ДМ babylove 2, направив еднаш и мн ми мирисаше неубо и го истурив, не му дадов да проба. А со бисквити го јади кравјото. Ама за заспивање борби ќе водат
Ако си јаде убаво слободно од 10ти месец прескокни млеко ако не сака. Најмалку кравјо му е потребно боље без него. Така овде советуваат.
Еј пробај поладно и поретко јас така хип пробав сабајлечки малце поретко пример ако ставаш вода за 60 една цртиче повеќе стави и поладно д биде ептем мн малце млако скоро ич, моево така почн по малце да го пие изглед дека од забите не трпат топло не знам друго објаснување... Не ми успева секогаш ама пробувам мора да бидеме упорно друго нема
Генерацијо по колку време поминуваат вашите беби на земја, ги држите ли во раце, седат ли? Како го поминувате денот? Ние пример леже на земја пола час и не сака веќе па одиме на кревет таму или леже или седе, ама сега последно многу сака да стое, се фаќа за нас и се подига скроз, ама и се виткат коленцата и паѓа и упорно се така. И не давам да ја држат во раце, а она се тегне, ама кога ја држат подолго после бара и јас да ја држам, и плачлива е, кенкава. Знам да ја ставам во џампер ама брзо и здосадува. И стандард приквечер излеваме на прошетка.
Исто и ние, зависи од денот некпгаш седи повеќе на земја си игра или и пуштам биби и боби или музика и си гледа слуша се занимава, некогаш лежиме на спална сака да си игра да се врти помеко и е, и моево се влече за нас да стане ама исто не ја држат мн нозете иначе лази и сака да стои.. Џампер немам земено мислам дека нема даи биде мн забавен, а навечер исто ја шетаме некогаш и преку ден... Ние сме сами цел ден така да нема кој да ја држи во раце, кога се тегне за во раце или сака да јаде да спие или да се гушка а ако имам работа и треба да седи ја оставам да си покенка и давам нова играчка и се занимава со неа малце па кога ќе и здосади и давам друга и така додека успева таа опција
Слични сме и ние само немаме џампер па дури спремам каша или одам до вц го ставам во дубало инаку еве го прв пат заспа на земја доле јас легната до него и со градата во уста и влече во сон и ќе го оставам да видам до кога ќе спие душа
@lackygirl тајната во на Мила никот е втората А и е кирилица затоа не се тагнува. И јас се убив на почеток од комбинации додека нарцисот мој најубав и најпаметен не ми кажа кај е финтата. @BabyT* почна да седи моево од вчера и оди легни ја. Седнува ако има за што да се фати така од лежечка до седечка без да се фати не може сеуште. Ако ја легнеш плаче. Или да седи или во раце ете баш така мине оваа недела. А во раце значи стварно не се држи повеќе од една минута 12 кг. И така во круг. И на стол за бебиња ја седнувам доле за јадење и ми ја фати супата и ќе ја фрлеше со се чинија и тоа жешка. Среќа и ја дофатив. Тепачка е на маса така да почесто во соба со некого седи додека двајца јадат на смена. На плажа е супер, меѓу луѓе е одлична ги задева сите комуникативна е и се заигрува. И во соба е супер, не е како дома да се досадува. Е сега ова супер се менува штом сум јас во прашање. Значи детево штом ме види плаче и сака на цицка, а прејадена ждрига. Не знам оти така и делувам буквално само со мене плаче. Се гледам на огледало не сум страшна сеуште сум држеча али ете ја терам на плачки. И мака ми е не знам дали кај вас е исто така. Од денес е топло базентот е спремен со морска вода, ја чекам да се разбуди и да ја шлапнам. Морето за жал за неа е ладно сеуште.
Haha се скапав пробување и јас, никако да ја тагнам, фалааа @Milaаа991 етеее Кај нас плачи по татко му, штом го види да влези во соба одма плачи за кај него и рачињата ги поддава за да го земи Имаше денес обиди да лаза, некое пола метро помина, си дофати перница и си легна на неа, мн ми беше смешен, па и прдеше кутриот од што се напнуваше @Spidy и твојата е по патлижаните, дали има промена во столицата кај вас, бидејќи кај синко е покашеста сега, пред тоа беше посуво, сега лом е памперсот извинете вака за описов.
Луѓе споделете техники за успивање,ништо не помага Три креветчиња смени,количка,релаксатор,колевка дури,на перница,во ќебе,со музика,без музика,со светло,ништо не помага,очајна сум буквално....Кенка,плаче,се превртува,никако да заспие...
Која недела е? Мислам дека на најјако во скокот сте, а тој е фактички без прекин бидејќи од 40та почнува нов до 46та. И е цел со кемкање и плачење.
32 недела е,според апп не е уште во скокот... @duffi Можно е заби да се,ама освен што кенка не можам да го заспијам никако...Се што знаев испробав,и тоа што сакаше веќе не сака
Го има ли некој пробано тоа на нестле млекото во прашок? Ми дадоа кутија ама на германски е не можам да прочитам, скопчав само дека е за од 9 месеци...
@lackygirl не само потечно него и на црвено тера. Ама стварно претера со патлиџанот, не и давам овие неколку дена. Ќе го чувам за резерва, ако не јаде друго барем леб и патлиџан знам дека ќе јаде
Гелче стави и тоа. Осанит ваљда даваш. Денови секакви има со малите. И поарни и полоши. Нека мине само.