Тоа е добро што го повраќа шлајмот. За курето зошто не го однесиш педијатар да го отвори може да му е насобрано нечистотија. Трпение само и мојата станува цело време. Вчера тркнав до тоалет а беше успана, кога се вратив она седната ме чека, ја земав ја гушнав и си продолжи. Се сака да ја држи некој додека спие ако не вриснува на цел глас.
Може ли педијатар да го отвори? Нашата го виде претходниот пат,му беше црвено,рече не е убаво отворено,треба да го отворите,ако не на хирургија,не проба таа да го отвори? П.с Значи скоков на гушкање ги тера
Моето е моме ама имам мало братче и му го отвараше педијатар. Еве нека кажат другите со маженца. Може не се нафаќа вашата докторка. Нека се гушкаат само да нема плачки
Јас сама му го отворам, секое капење по неколку пати и го чистам со вода, ако е црвено после му ставам павловичева маст, така ми рече матичната. Можи и со камилица да му го мијаш.
Малава сабајле стана со температура, онаа најбезвезната. Од 37.2 до 37.7. Разголена е какп за на плажа, ја истуширав со поладна вода, јадеше, цицаше, чат пат ќе пивне и вода. Варира од многу ќенкава/сака само во раце до најнормална/сака сама да си лази и игра. Толку нели? Ништо друго не се прави на оваа температура, колку што знам. Се сомневам од заби дека и е, се лигави малку повеќе, а и не била во контакт со никого освен домашните деновиве.
Можеш да и ставиш оцет на ноџињата или измачакај ја со алкохол. Ако ептен долго ја држи и е малаксана дај парацетамол. Да не се мачи.
Педијатар ми има кажано оцет и алкохол на бебе никако. Наглото симнување на температура со оцет е лошо. А алкохолот се впивал многу бргу во бебешката кожа и може поголема беља да се направи
Нистатин ни препишаа три пати по една пипа. Мора да давам на 8ч? Или може почесто? Кога давате ужина?
На 8 часа давав јас Нистатин. Бебо мој е 9+, уште немам воведено ужина. Што давате и кога? Веројатно ужината треба да го замени подојот/млекото меѓу појадокот и ручекот нели?
И ние се пријавуваме за не отворено куре и кога да одиме на педијатар само тоа зборам но педијатарот ми вика само да го чистам со сила да не го отварам ќе му се отенчела колжичката и ќе се отворело и еве чекам ама ништо му се гледа само мочниот канал а ние имаме и проблем со водена кила на левото јајце па после година ако не се среди ќе мора да се отстрани килата а ќе барам тогаш и курето да се отвори со анестезија бидејќи како што сум слушала се отвараат без опивка битни сега за сега немаме проблеми па ќе видиме понатака како ќе биде
Некои глобули хомеопатски за малава имав земено и од нив пијам, плус парацетомол и ибубруфен и солени капки за нос. Како се затнав за 24 часа лом сум глава не можам да држам. Јас сум давала во болница додека беше после секој подој околу седум пати на ден искачаше бидејќи примаше антибиотик. Ужина воведов и втора помеѓу појадок и ручек давам овошка и после ручек. Му доаѓа околу 11ч и околу 17ч. Вечерата по предлог на педијатар ќе почека засега. Ќе видам за некој ден што ќе не советува.
Мајки оние кои имате монтажни креветчиња како се снаоѓате кога ќе го спуштите душекот на долно ниво? Ние сме уште мали и уште не се крева ама ме чуди како би го ставала и земала бебе од 10 кг и повеќе.
Моето се спушта страницата и пред да ја земам го спуштам и после го враќам... Сега скопчав за монтажни кои се sorry
Фала за капките. А по што се ориентираат таму дали да дадат вечера и не? Пример јас треба да воведам за некој ден. @Ednostaven мачно е, боле кичма
Многу лесно. Кога ќе е будно ќе стои исправено и ќе подава раце. А заспано ќе се поднаведнеш троа ама не е страшно. Немам монтажно, ама не ја спуштам страната на дрвеново зашто тропа.
Ама спротивни мислења Настрана смеа имам и такво и такво, монтажното е многу по ниско, таму а ставам да спие денски. Сепак се е навика