Има посебни смоки за бебе. И не се од скоро. 3-4 год наназад ги имам приметено во маркетиве. Инаку јас Лино смоки давам, состав 100% пченка
Не му давам ужина и јас, ретко некогаш некое овошје, банана, праска измеѓу доручек и ручек му давам ако јади малку сабајлето, ко ќе шетаме и ако почни да мрда, да кемка му давам смоки, @BabyT* стоби флипс и зелени од свислион, јади можда 10тина, исто и бисквита чат пат Не е ској ден ова, само кога оброциве не ги јади или јади пола тегле, зависи што е на менито.
А како ги облекувате бебињата овие денови/ноќи? Посвежо е навечер кога шетаме. Исто и за спиење, како спијат облечени/покриени?
Надоле пижамки нагоре маичка со долги,и ја покривам ама од многу што мрда е откриена цело време,и чорапчиња и ставам
Јас за излевање и за спање облекувам на долги. Навечер се открива постојано па вака ми е најсигурна. @lackygirl јас немам уште дадено, многу се оптеретувам бре, купив на лино кекси полни се шеќери и емулатори, мм ми превраќа очи, само читам, гледам... И не давам така стое неотворено.
Јас за спиење му облекувам пижамки и боди на кратки,без чорапчиња. Кога заспива е топло,ама околу 3,4 заладува. Скоков сеуште трае и трае. Кога заспива обавезно кенка и како да плаче,брмчи до 6 скок ли е? Уште малку остана,утре 37 недела,уште неколку дена Инаку,како и повеќето што пишувавте,што си беше активен пред скоков,сега ништо неќе да прави,ни се врти,сеуште неќе да седи,дури и играчка ако треба да ја земе и да се заврти,кенка јас да му ја дадам сам неќе (ова ако сум му во близина,ако не ме има на видик сам си ја зема) . Ама обично се мора да сум до него,јадење,пиење,спиење за мене нема . Го водев денеска кај матичната,почна да кашла сабајле,се слушаше дека има шлајм,додека си дојдовме дома престана да кашла. Веројатно шлајмот му се спуштал,па го терало да кашла. Малку црвено грло,ама од што се дереше додека да го облечам и да излеземе надвор. Матичната ни даде да правиме инхалации (0,5 дексазон и 2мл физиолошки) 2пати на ден и антибиотик Зинат. Некако инхалацијата многу појачана ми се виде ,а и сите доктори се против антибиотик,оваа без кс проверка ни даде .И претходниот пат кога кашлаше ни даде антибиотик,еве и сега пак Му направив инхалација со 0,3 дексазон,ама постојано ми ја вртеше главата,па како и да не сум правела ,а антибиотик не дадов,така одлучив,се надевам нема да згрешам. И претходно ми беше таков настинат кога излегуваа долните единици,ни даде антибиотик,без да размислам дадов,еве сега горните излегуваат,пак антибиотик Пред да ви дадат антибиотик правите кс или не?
Не. Јас еднаш така се направив паметна. Не дадов одма антибиотик, демек мал е и за два дена се спушти на гради и завршивме во болница 7 дена со инфузија и антибиотик Претходната недела исто бевме и ние како што опишуваш. Мала кашлица со шлајм и малку црвено грло. И примавме антибиотик 7 дена. Плус инхалација 3 пати на ден. Шлајмовите ги снема на 6ти ден. Инхалација со вентолин и физиолошки
@BabyT* и јас бев таква до кај 7 месеци, после кога се опушитив се почнав да му давам без страв дека нешто ќе му биди, па и атопичен дерматит имаше, на ништо не ми јави реакција. Бисквити секакви давам, не гледам ни фирма ни состав, од ко воведов скоро се, состав не гледам. Од 3,4 бисквити ништо нема да му е, а и не јади секој ден. @happygirl пред недела дена од ко залади почна со пижами со долги да спие, чорапи ставам само ако му се ладни нозете. Кај нас е поладно, јас исто спијам со долги и со ќебе сега
Леле исто како јас да се читам. Научна фантастика да ја преслечам, да ја заспијам сама во креветче, да ја наранам... Нз дали јас сум лоша мајка или што е....
Абе мојава веќе 4 м е во скок.... Не е скок кај нас, таква си е постојано. До 6 м спиеше во креветче. Сега се нацицува, рипа од цице и си се мести до мене, преместија ако можеш. Кога ја преслекувам имам чувство како со див звер да се борам. Бега, скока плаче, се тегне, опира, не сака да лежи, со мачкан газ седнува и шлака по се. Башка јас облакам, она соблака и така до недоглед. Кога јадеме она обавезно држи кришка леб и со финта кога зинува по лебот пикувам каша. Во меѓувреме лебот го кини, го гмечи и расфрла на секаде. Па ми ја граба лажицата и шлака со кашата по мене и неа. Па со валкани раце мачка по се. Па се измолкнува од каишите на хранилка и седнува на послужалник или се врти кон потпирачот и така се беси. Најново сака да скока од неа. Денес во последен миг ја фатив со една нога веќе извадена како ја вади и другата. Па ајде ја вадам од хранилка, па се бркаме околу маса. Во меѓувреме шлакаме по се само да изеде уште некоја трошка. Ако ја оставам во креветче да сработам нешш цела куќа ја крева во вис. Ако ја оставам на земја дирек оди во канта да буричка по кабли и штекери. И не е ова кај нас скок, такава си е секогаш. Со здравје да си ја носам.
Мојава за три дена полни 9 и ние сме во скок вајда, одвај ми заспа сеа се утепа од вриштење гризе се живо и диво и тоа крвнички гризе, пробав да и дадам цице на два пати се заебав, ме откорна само што ме пипна пробував со млеко со шише јок ја гризе цуцлата и вришти... Имав некое гелче од систина од пораѓај што ни го дадоа од тоа и намачкав малце јок бре... Го користел ли некој? На крај не знам дали заспа од умор или што и дадов ладна цуцла да погризе малце За станувањето и ние сме исто, до 3-4месеци стануваше еднаш некогаш знаеше и да затера 8саати ретко ама се десило, а сега некогаш на саат ипол.. Сега страв ми е вечер да и дадам да цица премногу гризе, сум слушнала дека тројките и четворките се тешки за вадење, се надевам побрзо ќе излезат зошто се мрднувам
Мислам дека окапав на темава денес Како ги заспивате бебињата? Моето на почеток до 5-6ти месец заспиваше со нишање на лулката или креветчето, и сам ќе заспиеше. Од 6ти месец навака грбот и рацете ми паднаа од нишкање. Не сака на перница на нозете да го ставам, веднаш се врти. А сам да заспие нема шанси, вришти.
Мила, со капс лок ќе пишам и стојам позади тоа. ПРЕСТАНИ ВЕЌЕ ДА ГО УПОТРЕБУВАШ ЗБОРОТ ЛОША МАЈКА! видов, грдо изгледаат големиве букви, ама ако. Нека ти бодат очи. Ти си совршена, во минати постови ти имаат пишано мајки убави совети. Деца се, менуваат. Јас последната недела се тресам кога вреска, плачи. Веќе ми лази на нерви дека не сака да цица ни цуцла, само вреска н цел глас за шише. Не сака да јаде. Цел ден дали има изедено 50грама мајка. Не сака и не сака. Ретко е да се најаде, млекарка е. Треба да си набијам комплекс лоша мајка? Два вечери со ред ќе спие со баба и, лоша мајка сум? Прекрасна личност си, прекрасна мајка. Јас немам видено феминка која толку многу се труди околу готвењето на малото. Нека не се навредуваат другите, но ти си посебно насочена кон тоа што јаде, како јаде, да е здраво. Муабетот ми е, посебно те издвојувам. Башка сама со дете и маж си. Стигнуваш се. Сите мајки се прекрасни, сите!
Ох ти благодарам душо, ств ми значи. Особено знаеш зошто ти. Си велам јас да не грешам во нешто, да не правам погрешно. Можеби јас и пренесувам нервоза. Еве мм е мн посмирен и низ игра тој мн полесно ја облекува. Додуша тој еднаш во денот, а јас цел ден и некогаш ств немам сила и нерви за борби, ама машки издржувам
Таа има енергија која ти до крајот на животот нема да ја имаш ниту во еден момент. Таа не знае за,, доста,, мала е. Викендот бевме Солун, малку да одмориме. Јас скренав. Ако седиме, зошто седиме. Ако стојме мора да шетаме, не сака количка, не сака да леже. Нервите ми играт. Ти се иде да си седниш и да си плачиш. Добра ви ноќ лавици, кралици. @happygirl мајка ти се пофали една вечер конечно спиел, како поминавте синоќа?
И синоќа спиеше цела ноќ без да стане за доење. Се надевам и вечерва ќе биде така оти преморена сум. Се ме боли некако и мачно ми е.
Ја префати од мене болеста и вчера од ништо не и до 17 часот веќе беше болна. Палење колата и право назад и во болница. Во 6 саатот први во ходник. Инхалација со физиолошки и парацетомол за температура само ако качи над 39. Вели остави ја да се бори со вирусот. Грло, уво се и е во ред. Затната скроз и тече носот како чешма. Плус и алергијата од сонце кое јас ја имам кај неа покажа под очите. Засега само еуцарина атопи да ја мачкам. Ако не помине за три дена на кожен. И онака има редовен преглед на 19ти таман и контрола ќе и направи. Не сум спиена 48 часа што од мојата настинка што од 8 саати пат и малава. Каква беспомошност е ова? Буквално ја имам во раце и не можам да и помогнам. Ваква болка не се опишува со зборови само се доживува. Кога ги гризаш усните од немоќ.