Нека е со помин Фри, и ние сме исто само без темп, јас кога имал темп не сум чекала висока да качи, давам парацетамол пошо кај затнат и уште температура уште толку потешко му е..мајка ми ми вика ете, сега гледаш од што белее коса Со лесно и на тебе и на женската
@Milaаа991 жено може и мојата ќе остане ваква бесна и колку ми е тешко обожавам да е ваква посебна. Сите ми викаат за моме е многу живо, жилаво, пргаво. Уживај во моментите со неа. Се гледа дека момата ти е понапредна. И прекрасна мајка си зацртај си го тоа во глава и не дозволувај никој да ти каже поинаку. @FreeMind не е за утеха, ние бевме вака на 5м, стануваше и плачеше во сон, неможеше да дише од мрсоли. Поминавме без антибиотик ама јас око не склопив. Влечи со пупмица она плаче ја крева куќата во вис, до зајдување. Само мајка може да ја разбере маката. Нека и мине брзо. Нас последно ни препишаа витамини за имунитет, прашај дали може да даваш
@Spidy кај тебе малата имаше температура а без симптоми? Што ви кажаа на доктор? Еве ја мојата и синојќа ми качи 38.6 пак дадов сируп. Од сабајле 37.2-37.5. Друго нема некои симптоми. Ќе ја носам попладне на доктор, втора смена е, ама да ми кажеш што ви кажаа?
Ние бевме вака пред еден месец. Само темп качуваше без никакви симптоми. Крвна слика со ред. Ниту кашлање ниту кивање, мрсоли ништо. Така како што си спие и оп нагло ќе качи. Или како што си игра весел наеднаш почнува да кемка и го фаќам топол. Му давав парацетамол. Ни кажаа од забите. Една недела претходно излезе забчето, коа излегуваше и имаше крв на непцата и го болеше тогаш немаше ништо. И од коа проби забот и веќе се гледаше тогаш температура. Не ми беше логично, ама не сум стручна па верувам на стручни лица
Заби. Крвна слика беше супер, 48 саата беше со температура 37.3-37.7, на два пати стаса до 38.5 на вториот ден и и давав сируп, на крај самата полека спадна на третиот ден. Од вчера си е добра. Заби нема на повидок, ама да може ќе не изеде со жлебините, многу ја чешаат. Тоа и претпоставував дека е, педијатарот само ми потврди.
Како им ги сечете ноктињата на вашите малечки јас порано на спиење ги сечев ама еве една недела мака мачам не сака никако и во спиење се буди а ептен големи се и гребе
Од старт и ги сечам будна. Некогаш не седи да ги исечам сите, па ќе ја оставам да си поигра да се смири и после продолжувам. Седната пред мене и да гледа напред, во едното раче играчка што обично си ја глода, другото и го држам цврсто и сечам. И полесно ми е со мојата мала ноктарица, отколку со бебешката голема ноктарица.
Исто и ние како Спиди, од секогаш и ги сечам будна, мене ми успева седната во скут кај мене и пуштам песнички.
@Spidy ако несакаш тука ќе може ли во порака да ми пишеш на кој начин и каква техника применуваш за вечерно спиење ? Како и на сите во групава спие на цицка цела вечер по 4 пати станува а голем е веќе .
Јас цело време му ги сечам со ножички, буден, си стои не плачи, гледа кај што му ги сечам некни кога му земаа крв од прстето можи мислеше дека нокти ќе му сечат мирен стоеше и ич не заплака @FreeMind со помин да е Фри брзо да оздравите @happygirl само на цицка и в раце заспива моево, сега се плашат бабиве како ќе го заспиват кога ќе почнам на работа
Имам пишувано и претходно дека се водам по книгата Moms on call, што се базира на CIO (cry it out) методот. Книгата можам да ти ја пуштам на мејл ако сакаш. Не е тајна, само не е популарна техника кај мајките, неколку пати објаснував по темите дека е доста успешна и затоа сакам да ја споделам книгата со секоја мајка што е заинтересирана. Ја купив книгата од амазон и ја префрлив во пдф, има за 0-6 и 6-15 месеца. Кој сака, слободно нека ми пише мејл адреса, ќе ви ја пратам.
И јас се сомневам на заби ама пак ќе одам да ја види доктор. Еве денес втор ден со температура пак ми крена 38.5. И како што вика алиса одеднаш качува, се си е ок ако не ја пипнам дали е топла или ако не почне да кенка нема да знам дека има температура. Понервозна ми е, се сака да гризе, а инаку и си јаде и си цица ко што треба. Кога давам сируп и ја симнува температурата, после 10 саата пак почнува да крева. И тоа до 6 саата после сируп нема ич, после ја има глупата од 37.4 до 37-7 околу 4 саата и оп одма крева 38.4-5.
Цел ден плаче од затнат нос. Жал невиден е. Како инхалирате? Се траќа од земја никако не можам да ја инхалирам.
Мораш да издржиш! Пушти и омилена песна, цртан.. Луѓе јас и приближувам храна ми ја фрла надалеку. Ништо не сака. Дај и шише ќе цоца. Ама јадење не, лажица не. Немам нерви. Ме скрена. Се изнавреска на хранилката.
@FreeMind И ние живи ненаспани,синоќа во 3 се разбуди и толку спиење.Цел ден кенка нервозен,носот што викаш како чешма му тече. Ај иди па чисти го,врти глава плаче вришти...Капки некои ни дадоа и да сме му го чистеле често носот...Хаос,се осеќам ко воз да ме прегазил.
Не ја терај со сила. Нешто ја мачи можеби. Бебуш мој заби кога вади ич не јаде,лажичка две најмногу. А млеко си пие. Еве го сега па настинат и пак така лажичка две и не сака веќе.
Од тогаш сега прв пат заспа цел ден плаче. Ја ставив на повисоко да може секретот да се слева надоле и да може да диши. Стави му перница или со чаршав под него поткрени му ја главата за некој степен може и тебе ќе ти успее. Капки отривен и ставам три пати на ден и морска сол. Инхалација не можам да и направам вришти температура ми крена пак од плачење и баталив. Јас сум партал настината и ненаспана распакував до сега торба по торба. Вечер нема пак спиење.
Буквално исто. После сируп 6-7 часа нема ич. Па ќе качи околу 37.5 и веќе после 10 часа пак 38.5 и ајде пак сируп. 3 дена бевме вака. Третата ноќ пред спиење последен пат сируп и повеќе не качи