Погоре пиша со лажиче топено си му давала затоа искоментирав иначе ти си му мајка што сакаш давај му не ти се мешам ич Ќе ти сликам утре кои кашички се со ванила или какао. Ни едно бебе не сака. Јас затоа и чевли не купувам ќе оди со чорапи два пара на неа надвор додека не прооди. А за капи мора да носи овде веќе е зима. Не попуштам макар и сто пати и ја ставила на глава.
Добро утро екипо не знам дали сум ви кажала али како стареам повеќе ја засакувам есента. Не дека доаѓа месецот на шкорпијата туку едноставно ладниот воздух ми ги размрдува мозочните келии. А и како не би кога утрата личат на мала идила. Ние со мирисот на кафето гушнати на софа, кучето прошетано и свиено кај нашите нозе, малата во игрална ги пробува најновите акробации, а мајка ми готви колачи. Мириса на есен, мириса на хармонија. И кога ми е најтешко се потсесувам дека има и вакви утра и дека токму тие ми се ветерот во грб дека се' можам да издржам. Во нормални денови кога сме сами утрата се дел од некоја крими-хорор-комедија драма. Каде ми е кошулата слушаш по ходници, нарани го Ози, чекај земи ја малава јас ќе спремам појадок, фрли го ѓубрето, не си го зема појадокот, чао имај убав ден, затворање врата... Ние не сме по религијата, но се радувам на божиќната атмосфера. Впрочем овде многу научив за празнувањата и сето тоа ќе и го пренесам на малата. Овде божиќните денови изгледаат како од рекламите кои ги гледав како дете. И навистина купуваме куп подароци и ги редиме под елката и сето тоа изгледа магично. Иако важам за класичен хејтер во животот годините ме научија дека некои работи можам и да ги прифатам онакви какви што се. Празнувањата се дел од обичаите и тоа им останува на децата како една бајка во сеќавањата кои подоцна ќе ги пренесат на нивните деца. А токму во тоа е убавината на празнувањата, без некаков религиозен вовед во кој некој е зачнат без секс и морето се разделува на пола кога поминува, доволно е само магијата на семејното празнување да се пренесе. Додека размислувам за божиќната магија ми поминуваат зборовите на @mamaJana напишани во труднички пред да се породи. Беше ладна зима сите со стомаци до заби страв и неизвесност што ќе биде со нас, дали породувањето ќе биде страшно и дали бебето ќе биде во ред мамаЈана напиша парафризирам: седиме гушнати со мм и чекаме во секој момент да дојде малата за да може заедно да ја славиме Нова Година. После една година ние стуткани на куп пред елката раскажуваме за Дедо Мраз, малата радознало шета околу и ги разгледува поклоните прашувајќи се што е за неа, замислувам. Ех некој ќе рече не беше така лесна годинава. Не беше драги мои лесно, изгубивме многу емоции и моменти, изгубиме на самодоверба, на слободно време, на сон и одмор. Но добивме едни мали очиња и едно гушкање кое ни докажува дека сепак семејството е сега приоритет и љубовта е на едно друго ниво видоизменета и многу силна. Од секогаш сум ги сакала утрата, тоа ми е најубавиот дел од денот и голема инспирација за се. Забегав, а сакав да пишам дека и мине како на кутре @LoveHope сеуште е затната али далеку подобра. Пробиваат два нови горе кец и двојка. Моментално има три забчиња испаднати, другите како да се стишија и не се појавија. Во меѓувреме почна да седи и да ракоплеска со рачињата. Си муабети на свој начин и седејќи сама си игра. Сега и е се поинтересно бидејќи гледа од друга димензија.
Јас земав една инстант каша со какао, ваљда од Лино беше, не да не ја сакаше бебево, ништо нема плукано до сега како таа каша. А и јас ја пробав како мокра слама ми имаше вкус. Ни К од какао. Маж ми си ја изеде цела кутија
За момент влегов во есенска идила, а потоа во прзнична еуфорија. Мн ги сакам Божиќните прзници, мада откако почина мајка ми сите празници болат и ми се без везе. Но, откако се роди бебка пак добив желба да китам и украсувам дома, да печам колачиња со цимет, па дури и да купам блесави пижами со Рудолф за сите дома. Полека Божиќ го добива стариот сјај и почнувам пак да му се радувам, зошто знам дека моето мало човече ќе го чека со нетрпение. Едвај чекам да правиме стапалки со брашно и да оставаме млеко и колаче за Дедо мраз и ирвасите. Па, да ја гледам како нетрпеливо и возбудливо си ги отвара поклоните и среќна трча околу елка и си пее. Уххх се исповозбудив. Годинава сигурно ќе треба да ја дислоцирам елката, оти ќе ја демолира, ама до година мојата бајка ќе оживее.
@FreeMind сама ли почна да седнува,од лазење,седна? Така ли треба да е? Моето уште не седи 8 ипол месеци,ниту лази,па да знам на кој начин да очекувам да седне? Може малку е глупаво прашањево,малку повеќе,ама ми изгледа и како да нема намера да седи. Бевме на ортопед,рече само малку да го ставам поткренато,а не да седи,кога е тој спремен тогаш. Така и е. Не форсирам. Туку заборавив да го прашам, се препорачува ли кога ќе почнат да проодуваат да носат чевлички за проодување или е подобро боси? Некако свекрва ми се тоа збори,требало патики за проодување да носат,така било во нивно време Не дека ја слушам,ама ај може и во право е.
Дома е најдобро босо да преодува. Ќе дадам и мое мислење ако не ме праша Мојата почна да седи на 6м и тоа како, кај мене во скут, јас во положба / (вака како цртката) а она да се исправа, исто и во количка. Сега пред две недели почна од лазење да седнува, леже на меше го пучи газот и стои на колена како за лазење и се враќа назад, седнува на газе. Ете јас може ја избрзав со седење ама сама со тие вежби горе на 6ипол месецо седеше самостално, без никогаш потпрена на перници. Сега кога седи праве акробации за да земи играчка
Да се редат бели како бисерчиња @FreeMind ме расплака малку После уште една непреспиена ноќ, со плачки од 12 до 01ч ова ми требаше
@FreeMind многу убаво напишано. Баш синоќа додека вечеравме со мм, а малото си играше на неговите коцки на земјата, му велам на мм колку е се поразлично од лани. Животот ни се смени за 180 степени, на подобро и многу поубаво. Љубовта сега има име, и друга димензија. Неговата насмевка не' исполнува секојдневно. Само да ни бидат живи и здрави! @mama*rose честито запче, нека се редат бели како бисери! @hello-kitty.90 моето почна да седи сам и стабилно без да го потпирам на 7м. Еве го сега е 9+, ама уште не знае од лежечка да дојде во седечка положба. А кога седи и сака да си легне само се испружува напред со рачињата и си легнува. Застанува на нозе и раце и се лула цело време напред-назад, ама никако да почне да лази. Уште рие со главата напред и рацете, нозете ги крева со газот и така се движи по спална/земја.
Буквално исто сме и ние на 9+ (за некој ден 10). Успева да стигне низ цел спрат со вакво “лазење”. Гледам дека доцни според некои “стандарди”, ама не го форсирам за ништо. Ќе си прави кога ќе си се осети спремен
@FreeMind жени ве читам редовно иако одамна не сум пишала. Убаво ми дојде дека не сте ме заборавиле Деновиве сум на одмор и дома со малата, во моментов ми спие в раце гушната и размислував дека минатата година овај период веќе бев топче и со мм паѓавме в несвест кога ќе мрднеше беба. Од 100 работи едно погодивме, девојчево ни е ептен тарзан Се пентари по се само да дофати нешто да гризне.. Ве читам се грижите како ќе биде кога ќе почнете на работа, па ми текнува дека јас немав време ни да замислам како ќе биде. Аплицирав за работа кога бебе направи 3 недели, почнав кога направи 2м.. Во меѓувреме купивме стан и се спремаме за селење. Периодов беше хаос, некогаш си мислев ќе се онесвестам од умор.. За некоја недела конечно ќе се преселиме па ќе здивнеме барем од реновирањето. Бебе е цуцка, периодов е малку плачлива и се нервира од запчињата ама ќе помине.. Бевме на одмор некој ден, ја осоливме во морето, се прерадува дете дека заедно по цел ден 2 недели поминавме, ама сега се плашам како ќе почнам на работа.. Останете поздравени Фри ти ја бакнувам женската жилава и упорна на мама. Одвај дочекавме да се породиме, сега уживајте со дечињата златни
Оградава што и ја земав има како дупки за кои се фаќа и седнува. Сама од лежачка ако не се фати за ништо не може сеуште тоа покасно го прават. Во седечка е прилично стабилна иако се лула на сите страни, али седи и си игра. Е сега со главата се фрла наназад и некој ден како силно ќе се тресне од оградата ќе плаче три дена. Не го форсирај се во свое време ќе направи. @Milaаа991 ортодоксното празнување на божиќ не сум го почувствувала бидејќи Божиќ доаѓаше на крај покрај еден тон празници и се тоа беше “на сила” да збуташ некој бут на ручек со фамилија. Можеби оти и моите не се некои верници па така Нова Година повеќе се славела отколку Божиќ. Овде целата магија е од Ноември до божиќ. Нова Година е ништо. И тоа скроз како од реклама на колеги и пријатели им купуваш поклони они тебе ти поклонуваат, божиќни села насекаде, божиќни песни на радио. Впрочем германците се едни од најголемите почитувачи на традиција со огромни божиќни маркети и растрчани дечиња со црвени носиња. Едноставно е магија. Твојата малечка нема да ја замени мајка ти за која искрено жалам што рано те напуштила, но ќе направи еден сосем друг свет на кој твојата мајка од горе ќе биде радосна. Ве гушкам @lackygirl не плачи туку иди легни одмори @mamaJana ве гушкам назад двете и многу ми е убаво кога ќе прочитам ред два од сите кои заедно миневме низ фазите. Фали уште верба која не научив да ја тагнам
Ај да прокоментирам и јас. Почна да седи на 7 месеци,од 8+ да се исправа веќе. Се држи за кревет и оди. Ако го пуштиш стои неколку секунди сам. Исто исправање од лежечка во седечка положба од 8 месеци. Моето малечко ја обожава оваа кашичка со какао. Мислам дека во Мк би требало да ја има во Дм.
се чудиме со мм што е работава со детево абе го помина шестиот скокот пред 1 недела и уште навечер ќенка цело време брееее после ни текна дека кај неа нема правило за забите уште од 5 месеци и никнаа доле две забчиња и за брзо време и горните кецови и плус двојка,значи вкупно имаме ПЕТ заби од 5ти до 6ти месец и тераа и сега е 9 месеци ваљда други се спремаат чим волку ќенка? незнам више аман многу сум ненаспана и се нервирам,само навечер така прави преку ден е срце,да се чудиш.. друг проблем што имаме за спиење,несака веќе да спие во креветче,откако се роди си спие во креветче со нас не,е сега и е мало креветчето т.е не е мало се лупа се превртува како мајмун и си ја мава главата и ги заглавува нозете меѓу решетките и плаче,1 недела спие со мене сами и умирам... мм спие сам во друга соба,зошто девојкава и е тесно изгледа со нас заедно да спие се мава де во едниот де во другиот од нас и се нервира...или се тркала до нозете,по цела ноќ влечи ја преместувај ја давај и да пие млеко,и знаше да заспие така 2,3 дена а сега веќе не,ќенка по цела вечер,што би можело да биде како зомби сум од шо сум ненаспана и нервозна (треба и да добијам деновиве леле леле мајче ќе биде за муж, ќе го јаде он сирот...)
Може да се заби. Инаку и мојот не спие во креветче,повеќе од месец дена спие на душек доле,поголем,има место навечер да си се превртува па пробај. Околу секаде перници да не се удира,зошто исто во креветчето си ја удираше главата. И ние три креветчиња сменивме за он доле да спие.
лелееее раат да се немало епа во детска спие мм на душек голем значи таму да се препаркираме ние двете само што пак неможе сите тројца да спиеме ни на тој душек зошто маж е огромен нема да не збере иначе незнам дали имам пишано дека со мм имаме договор (и тоа по негова иницијатива уште поодамна) дека бебка е на адаптирано па не треба само јас да станувам да ја чувам нели договорот е една ноќ јас ја чувам друга ноќ мм ја чува и секогаш во друштво кога седиме ни викаат вечер на кого паѓа ред за чување? (секако преку ден по цел ден сама сум со неа) значи вечер ќе се ширам јас сама на спална он нека си ја чува на душекот само нека успее спиењево плссссссссссс *прееска пеглав и ми текна на една реченица на @Milaaa991 мислам беше - Кога ќе рече :ВИШЕ УМ НЕМАМ и си се згазив од смеење сама ќе се изгорев со пеглата ej aj oтидов ја у длабокото изгледа не пишувам више