Мојава уште нема заби, ама пробува да гризе и штипе. Веднаш викам гласно не, ја тргам од градата и со лут поглед ја гледам неколку секунди. Обично ми враќа со едно тивко ммммм, и после си е мирна. Подобро сега него кога ќе има заби, па ко што викаш и крв да пушти. Истата техника ја терам и кога оди кај што не треба или фаќа кај стаса. На пример оди накај кучето додека јаде. Строго и гласно не, и првите пати физички ја преместував назад. Сега само ќе речам не таму и сама се враќа назад. Идејата да игнорираме негативно однесување мене воопшто не ми се допаѓа, и мислам дека секогаш треба да се реагира во моментот кога се случува. А за градата мачкај се со ланолин што повеќе и гледај помалку да цица од таа страна некој ден, зошто и да не те гризне пак, и само со цицање може да ја разранува дополнително.
И јас со истава техника. Првиот пат коа ме гризна викнав гласно не и ме гледаше чудно 15сек, дури како уплашено и продолжи да цица. После една недела проба пак ама така полека пробуваше и пак свикав не и од тогаш веќе не ме гриза. И јас сметам дека треба да се реагира. Доколку си ќутиме од кај ќе знае бебе дека тоа не треба тоа да го прави. Точно дека може да се исплаши малку. Ама од едно “не” сигуно нема да има трајни трауми
И кај нас така, преку денот е супер, лесно заспива без плачење, си игра, се смее, а преку ноќ сосем друго бебе, обратно се....хаос @Spidy јас му викам НЕ кога чепка во печката за пелети, оти сега ќе почниме да грееме и ќе се изгори, па неколку пати проба и јас НЕ му велев и сега знае дека не треба. А прв паткога ме касна јас писнав оти не очекував, се уплаши и уште повеќе ме стегна и не пушташе, па почна да плачи, др пат ништо не изреагирав, стегна уште посилно и виде дека ќутам и пушти, па не ме касна пак.
Јас сум уште како крава додека цица од едната од другата тече. А и што не би кога не е тргната од цицка.
И кај мене некогаш тече ако прескокнеме подој и ми се прават блистери. Не знам како ќе се одвикнуваме. Страв ме фаќа..
Јас со скратување подои нема да успеам. Барам друго решение за наскоро кога ќе почне да јаде. Или џа или бу ќе биде
Низ исто поминуваме и ние. И јас не знам дали е од заби или од скок. Вришти еве 3 ден пред спиење како да го дере некој. Се гледа дека му се спие,а не дава да го успивам и само плаче. Откако ќе заспие,нон стоп се буди,3 дена по ред на 15- 20 мин. И синко спие до мене,цицка нудам неќе за да презаспие,сака во раце да го земам и исто ми е и да е до мене и да не е. Многу е мачно,ем не спијам ноќе,ем преку ден и последниот атом енергија ми го зема. Напорен е многу,ако се заби нека излегуваат,ако е скок нека завршува веќе Не се издржува,.
Баш вечерта и ставив гелче на непцата за да не плаче и сврза 2ч без будење. Ќе а прашам сега докторката дали може. Нема изгледа крај, ние веќе 7ма ден ја тераме вака. Само да не ги боли, јас сум на крај на нерви, се карам со мм за глупости од премор.
Јас откако почнав со стажирањето се одмолзував таму еднаш. Но по некое време престанав пошо исполнето време и после тоа си одам дома ќе цицаше. Сега ми се премеки градите. Попладнето едвај со раката 50мл измолзив. Верувам дека доколку не цица и не се измилзувам ќе прекини и нема да имам мака со градите. Се си има своја цена... Мождс потешко ќе помините ама па цицаат.
Фала што не мислиш Прилично тежок период за мене и немам баш желба за пишување. Најбитно детето мие здраво и право јас ќе средам другото. Баткото е со растечен нос,моите се со јак вирус па препоставувам од нив е. Од утре сум на одмор па ќе му се посветам максимално и да му направам журка за прво забче,таман почнува да му се познава.
Со првото бев иста како вас додека цицаше од едната од другата сама течеше и многу лесно поминавме со одвикнување сам се одби на 6 месеци и немав проблеми со градите ниту болка ништо додека со ова незз како ќе биде цело време е на града и нема време да ми надојде млеко како што треба сам бара ми ја спушта блузата и отвара уста се чудам што ќе прави мажми со него кога ќе појдам на работа
Маж ти ќе игра чочек дома ич не се секирај си имаат методи на ранење. Јас не верувам дека ќе се одбие сама. Секако додека не почне да јаде ќе биде на цицка али штом почне да јаде убаво верувам дека е доволно цицање.
Срцка може твојот ама мојов како што цело време е на работа и викенди и работи денови ниту го наранил некогаш ниту пелена му сменил и одеднаш сам со малиот по 8 часа не чочек што сакаат нека играат Инаку вие како сте се опраивте го гледам мојот сега стана со затнат нос
Завчера маж ми фатил да смени пелена додека бев до продавница. Влагам после 5 минути, детето полуголо, пелената полна, се познава на рабовите, кај и да е ќе претече. Маж ми вика "не го очекував ова, не знам што да правам" (до сега менувал само мочани пелени). Јас му реков да почне да ја учи малата да не кака додека е со него, ваљда за 1 месец дури тргнам на работа ќе успееш. Неговата логика беше "тогаш ќе морам, ќе се снајдам"
Вие што се сами правите по дома треба да ви дигнат споменик "Будалата мислеше се може сама" Ќе смени и пелена и ќе му направи јадење и ќе го нарани. И тоа многу подобро отколку што мислиш само остави го дома сам. Подобра е али заби искачаат кец и двојка горе лево и е неподносливо кемкава и плачлива. Мислам ми зујат ушите. Ниту спие ниту јаде, само во раце или на цицка.
Скок е,немам апликација,ама гледам од сликите кои ги имате постирано во темата. Според термин на раѓање утре полни 38,според првичниот термин,иако гинекологот секое ехо различен термин ми пишуваше,па така некој ден може повеќе да ни трае. А и за забите сама не знам да проценам до кај се,матичната рече ќе излегуваат,сеуште ништо нема,сигурно уште пробиваат. Само гледа нешто потврдо да протне во уста,ама 2 мин,после бара нешто ново. Денски спие 2 пати по 20 мин,и нормално дека ќе е плачлив цел ден. Навечер му се спие,ама не се дава,се тегне,плаче,бара да е во раце,а го легнам да го заспијам вришти и станува. Вчера едвај го легнав во раце и му дадов да цица,по'ржи цицајќи и заспа за 5 мин. Да седи сам нема шанси,мора се до него да сум,ако ме види да станувам одма вика. Се надевам побрзо ќе помине,стварно не се издржува,многу нервозна станувам и пренесувам сигурно и на него.