Добро утро Дури лежи малиов до мене и кемка за да станиме да ја прашам нешто генерацијава Почна да ме гледа во градава кога ќе ја извадам за да цица, се пули зачуден и ме фаќа (штипи и греби) Др што заприметив, си го пика прстето в носе и во ушите. Исто многу сака кај друг на пр. Кај мене да ја пика раката в уста и ми ги фаќа забите, ова најмногу го сака кога цица Уште не лаза, пробува ама нејќи, се врти на сите страни и со тркалање оди кај што сака, не со лазење пробува да стани на нозе ама сам, држејќи се за нешто, но уште неможи, ваљда од тежината само за раце ако го фатиш станува одма. Деновиве помалку јади, вчера дури и патлижан со јајце (омилено јадење) ми одби, не сакаше, многу се лигави и се пика в уста, непцата не му се многу потечени. Мислам @LoveHope праша дали имаме млеко после 9 месеци, јас мислам дека ДА имам не се полни како порано градата (само на десна цица) но си цица и голта, др млеко не сака, пробав и АД и кравјо не голтна ни еднаш, друго освен вода ништо не пие, ни сок ни чај, не му давам а и нејќи. @hello-kitty.90 значи исти скорз сме. И така дур го пишам постов, станавме, се преслековме, па сега поручува малиов палента со праска и банана, па слабо јади одвај 60г изеде до сега и ми ја стега устата. И завршивме со толку
Мене ова дете ќе ме умре.... Абе како можеше на секое јадење да кака, а јас мислам се даве, гуши Се потресувам жени,не сакате да ми а видите реакцијата
Истово го прави со градата,а и со пробувањето да ми пикне рака во уста. Еден месец е помал од твоето, не седи,исто се превртува ако сака да земе нешто,а полесно му е да вика па јас да му дадам. Пробува да стане додека лега,ако успее да се фати за нешто. Инаку колку време бебиња кои јадат цврста храна покрај цицање може да не какаат? До вчера 3 дена како не какал, вчера се искака ама многу малку,а цело време прди и се гледа дека го боли стомачето. Завчера пробав со топломер,ама немаше ефект,а и секој ден давам слива,круша,житарици.... Досега секој ден какал по еднаш барем. Да ставам од тие чепчиња,користел ли некој?
Додека беше само на доење, редовно не какаше по неколку дена. Обично какаше еднаш до два пати неделно, најмногу помина 12 дена без какање. Кога почнавме со дохрана, давав сок од слива и круша (свежи сварени, и ја давав водата во која се вареа, ама од сува слива имаше најмногу ефект). Ако тоа не помага, дај пробиотик. Јас и давам сега скоро секој ден семолина, има во неа пробиотик, и бебево кака сега секој ден по 2 пати.
Мајки тука да ве прашам, дали за нега на дете кога продолжуваш боледување комисиски , дали комисијата прифаќа конзилијарно и специјалистички извештај од приватниве клиники?
Мајки,што правите кога бебе ќе касне неколку лажички и веќе не сака? (затоа што не ну се допаѓа) Му давате нешто друго или продолжувате со млеко?
Јас на почеток пробував повеќе пати во денот. Сега колку изеде толку не мењам. Ама многу ретко да не бендиса.
Јас одма друго нудам. А и секогаш кога готвам имам повеќе верзии на лагер плус тегли во надеж нешто да и се допадне. Моментално на лагер каша со брокула, со цвекло и зеленчук, се измешано и еве тегла на бебевита со бела риба ја јаде.
Глупо е прашањево ама не знам дали да дадам или да фрлам. Правев зеленчукова кашичка и на толку миење не испаднало тоа. При варењето забележав како нешто црнко има во водата мислев од брокулата такво зрнце, но излезе дека е нешто ко мушичка, дури и помало...Сигурно е било на брокулата или карфиолот. Го извадив со лажица и оставив уште малку да се вари. Дали да ја дадам кашата или да правам нова?
Спиди, со што ја даваш семолината? За појадок или вечера на комбинираш? Се мислам и јас да ја купам. Бебо мој кака по еднаш дневно откако е на дохрана, ретко по два пати. Ама има денови кога ептен тешко му е да се олесни, компир, морков и банана му прават поцврста столица, а скоро секој ден јаде нешто од тоа.
Ја би го измила уште еднаш и би го ставила да поврие во нова вода. Не ми изгледа толку страшно. За некој месец коа ќе почнат да фаќаат сами и да јадат се и свашта низ двор, мала мушичка ќе биде најмал проблем Мојот е 10 месеци и веќе не го чувам бо стаклено ѕвоно
Семолината ја давам поретко чиста или почесто со некое овошје, обично рендано за да не биде баш каша, слива, јаболко, банана, круша, праска, што имам тоа. Вчера првпат ставив и какао, и убава беше и така. Порано ја давав и за вечера, ама сега имам ноќни инстант каши купено, па затоа само за доручек.
Какво ѕвоно мојов седи на трева и ја корни тревата и после тоа в уста рацете некни јадеше патлижани сам седнат на трева, ни мијани ни ништо, домашни.
Какао има нешто опасно за првпат да и дадав вечер со ноќна? И што е тоа семолина? Го има во некои од ноќните. Инаку денес дадов 1/4 жолчка, утре да дадам половина или да чекам некое време. Многу ми е комплицирана дохраната, или може јас така си а сванав. @lackygirl патлиџан женска Изгледа живееме поблиску од што мислев
Јас утринава и дадов какао тегличка. Не е алерген какаото давај. Ти си ја комплицираш на 8+ дохраната. Она веќе ќе почне да трча и да јаде од вашата храна на маса со зачини за два месеци.
Да се осеќам дека комплицирам. Детето јаде три оброка од 200гр.,цицање преку ден два пати и навечер уште 2пати. Ама пусти алергии, егземи, дерматити ми прават страв. Ти викам дете кака, јас мењам бои, мислам дека се гуши...
Исто се понашаше и мојава во 39та недела сме сега влезени А вака исто правеше до пред 3,4 дена сега веќе не и јас мислам дека беше од скокот ама како повеќе да и траеше За заби нема некое правило кај децава затоа незнаеме што точно е дал скок дал заби Како што гледам за заби сите различно им тераат Мислам дека ќе полудев до пред некој ден навечер со неспиење и исто птеку ден по макс пола саат спиеше ама еве 3 дена добра е ПУПУПУУУ