Така ми се погодило одсабајле да го дадам, не е страшно какаото, секако малку се става. Имам веќе дадено еднаш инстант каша со какао, мислам дека тоа навечер беше. Семолина е житарица. Беби гриз, обезмастено млеко и сурутка по состав пишува на кутијата. Дека има пребиотик ја давам одсабајле, да не кака сред ноќ Јас дадов на 7 месеца, дека имавме домашни благи и меки. Имам читано дека покасно се дава, ама нема смисла во ноември да и дадам некој тврд или замрзнат кога сега имаше убави.
Е така јас сеа ноќна и дадов со семолина да не видам нешто Тоа е ќе мењам пелени вечер Инаку @Bella* и мојата вчера убаво спиеше, се молам и вечер да е така, убаво се наспав
и јас ја користам оваа семолина од 5м https://www.facebook.com/rubikon.mk/videos/373794023294329/?t=0
Сега со сликава сфатив дека семолинава е уствари гриз. Читам семолина, се чудам ... Кажете си гриз, по нашки.
Денес прв пат на заболекар. Од денес секоја вечер миење заби со паста за бебиња со флуор. Се става мала точка и процесот трае во секунди и може да го голта флуорот потоа. Се мие со прст и овој напрсток http://zahnputzladen.de/Mundpflege-Fingerling-Microsofty По некој месец почнуваме со четка за заби малечка исто процесот трае неколку секунди на миење. Тоа е така до две години. Потоа со паста за заби за плукање и вода од раче да не го исплука цел флуор. Контроли за заби овде се: - прво забче - 10 до 20 месеци - 20 до 30 месеци. Потоа е два пати годишно на преглед. Стоматолог ми е префина девојка со две малечки дечиња и многу добро знае со деца. Така да беше уживање прегледот. Искрено се надевам подоцна нема да добие страв од заболекар. Има три заба и два нови искачаат. Друго што забележав е кога спие ноќно време спие на својата рака под неа. Ако се сврти од лево на стомак врз левата, потоа од десната. И кога и да и ги видам и ги вадам али џабе потоа пак. Сеуште од цицка не е симната, сеуште не јаде поради забите и многу е расплакана. Ако се удри со играчка плаче до снемување воздух. А не беше плачка само кемкаше 6 месеци. Скроз плачка е сега и се удира често нормално. Вчера и дадов бисквита од бебешките и ја грицкаше. Мислам 90% ја исплука али пак ја пикаше во уста како зајак. И онака не јаде па се обидувам друга текстура да внесам. Зборовите кои ги викаше баба, мам и слично ги замени со ејј, леле, ало. Оти не ги повторува овие мама и баба? За 7 дена полни осум месеци. Од механички движења се труди од лежечка во седечка да дојде. И од седечка да тргне напред со лазење никако не и текнува да легне и да тргне туку настојува со расчекорени нози да тргне напред. Обиди за стоење сеуште нема.
@TeddyGrey сега пак сум прашалник? Па на хип ноќните има и гриз и семолина И мојата наеднаш престана да вика зборови некој период еве сега неможе да ја застаниме брбори мама, тата, нешто на нејзин јазик. Викаш треба уште сега да и миам запчиња? Епа ај некој нека препорача каква паста овде што ја има.
https://www.drogeriewarenzeitung.de...ganz-kleinen-elmex-baby-und-kinder-zahnpasta/ Оваа ни ја препорача нам. Битно е доле да стои 500 ппм аминофлуор. Бидејќи овде бебињата примаат д витамин со флуор од сега ќе прима само д витамин и флуор преку паста за заби.
Сега видов едната е пишана на англиски, другата на српски @FreeMind ваква сигурно нема кај нас. Ама ќе прашам баш педијатар каква. Ќе има борби за миење
Брендот Elmex од скоро го има во Зегин,ама, бебешка паста не сум сретнала.Јас зедов на Chicco четка и паста ама не е баш воодушевена.Мислам дека непцата и се осетливи од новиве заби и не сака баш да ја четкам. Ќе го земам ова чорапчево за прст од Nip што го постираше Фри, би требало да го има во локо кроко.
@BabyT* И мене ми кажаа да и ги мијам запчињата, што порано створи навика тоа подобро. Уште при првото запче треба да се учи. Јас и купив на Лакалут, ама ја фрлила некаде и не можам да ја најдам,па вчера од ДМ и земав некоја друга. Интересно и е од мене што ме гледа кога се мијам па и она сама пробува да се четка. Човече
Во Македонија можете и само со вода да четкате, водата ни е природно флуорирана, и затоа пастите за деца се без флуор. Убаво е да се учат на се, ама не е неопходна пастата. Мојава нема уште заби, па пак повремено ја четкам по непцата со силиконска четка.
Штом ја има во Дм ќе си порачам да ми земат. Јас имам една четка на томи типи ама многу е голема како ќе четкам Ај ако го најдеш и напрстокот пиши од каде да го земиме. Додека се четкам насабајле ме гледа и сака да ја земе четката па ќе видиме дсли ќе биде воодушевена.