До сега немав купено вреќичка за бебе Пред некој ден мајка ми ми донесе една од мене кога аум била бебе,ја исправ и еве веќе неколку дена спие во неа и преку ден и навечер таман се погоди на времево дека е ладно Приметив дека мнг помирно и повеќе време си спие дете...си сака изгледа потопло а и неможе мнг да се превртува во вреќава па затоа е мирна Како не ми текна порано да земам
Кај мене од раѓање спие во вреќа само кога е многу жешко со чаршав. Се превртува како на норма да е и ретко спие
Навикната од мала во вреќа Мојава може дека првпат и неможе да се сврти никако,може па и дека вреќава и е поголема два броја Шо знам може така се погоди а може и топличко си сака
Мамички, дали откако залади времето ви спијат повеќе? Мојата си е спанка секако, ама сега откако е поладно повеќе ми спие некои денови
Знам дека некоја мајка имаше пишано дека порачала нокширче што свири за 230 или 260 ден,од каде? Гледав во ПиКи ама 700 ден и не е обично,туку како клацкалче. Инаку,забите навелико не мачат,нерви немам веќе,а изгледа и овој скок ќе го споиме со наредниот,како и секојпат досега. Стварно нз да се справам со ситуацијата,навечер пред да заспие вришти,плаче,не дава да го успијам,откако ќе заспие нон стоп се буди и плаче,и спие во раце. Полудувам,ноќе си зборувам сама со себе,се карам и себе и сите околу мене. Прашував претходно,ама не добив одговор,ај да прашам стручни лица @Annath @Spidy по што се познава кога ќе се погледне на жлебинките дека ќе излегува запче? Умеам да познаам ама откако ќе распука непцето,ама претходно? За горните единици од 4 месеци бев сигурна дека излегуваат сега сме 8 ипол,дури сега матичната рече дека ќе излезат,ама по што познава? Гледам останативе членки,кажат дека на бебето ќе му излезе запче,и оп за 3,4 дена стварно излегло,а јас од кога баам излегува,излегува,излегува,оно абер нема. Еве и за долните двојки ми изгледаа дека ќе излезат,докторката рече уште е рано
Обично како бели линии има на местото каде што треба да се појави забот, тоа за предните заби, кај бочните може само точки да има, евентуално еруптивен хематом (не е страшно, а и рано ви е секако), како меурче полно со течност, проѕирно или модро. Мачкаш ли нешто за да му олесниш? Дентинокс, гел за десни, генгигел бејби...
Мачкам Дентинокс и му ставам од топчињата Осанит. И за долните единици така ми правеше,нервозен преку ден и со плачење се будеше ноќе и преспиваше во раце,ама за 4,5 дена му излегоа,а сега ова мнооогу време трае. И се тоа гледам,секој ден се надевам дека излегло запче некаде и ќе ни олесни,ама не.
9+ e moeto i isto e, samo po mene place, navecer dodeka zaspie e placki, posle cela nok se budi i pak placki i vo race spie, neznam sto e ova, dali e skok dali e zabi bitno vaka ne bilo do sega i ne traelo tolku dolgo
8 ипол месеци,беше настинат минатата недела,ама помина. Според апликацијата беше и во скок,ама и тоа требаше да помине. Секој 3 ден сме кај матичната,да го мачи нешто верувам дека ќе види,а и обично приметувам дали е стомаче,уво.... Овојпат стварно нз што е. И кажав дека е нервозен,плаче,ништо не му се погодува,рече горните единици ќе излегуваат,ама тоа ми го рече и претходната недела. Единствено како објаснување ми е дека попладнето станува најдоцна во 3, а спие по пола саат,па навечер кога треба да заспие е мноооогу уморен и од премор не заспива Не ми дава да го легнам,а ако ми легне во раце за 5 мин заспива,ама додека да успеам да го легнам е тешкото. Пробував и на кревет да го ставам,и во раце легнат,и во раце на рамо да лежи,никако не сака. А ако успеам некако да го легнам,заспива,само што после често се буди,до кај 5,6 после мирно спие до 7,8. @pepapa која недела е според термин на раѓање,да не ни се поклопуваат неделите,па тоа да е,стварно не ми е јасно,дури и 4 скок ми е ништо во споредба со ова. Синко е 38+ според термин.
И јас сум готова, сношти од 11 до 2ч стана 2 пати, цицаше и презаспиваше одма, ама кога стана во 2 со плачење никако не се смируваше, го зеде мм во дневна и се мачевме да го заспиеме до 4ч, јас нервозна од 1 до 10- 1000000. Го зеде тој па некако заспа во 4ч, потоа во 6 стана па во 7 и на крај во 8 станавме. Значи не се можи поќе ова, утре почнувам на работа, незнам како ќе функционирам, со луѓе и со пари работам и со секој трет се расправам оти сметката му била висока Исто со плачки е заспивањето на вечер. Изгледа ќе морам да го одбијам, доста му е цицање, само се лажи по цели ноќи да станува, веќе не се крева, здрвени м ии се и раце и грб и се.
Може и заби и премор, комбинирано со скоковите. Ама веќе е поголем, станува свесен за околината и случките околу него, мозокот му работи триста на час. Пробај да се смириш и ти, оти твоето расположение многу влијае на детето. Мене со првото дете ми беше така, ама бев цело време нервозна и сама, без скоро ич помош. Мм не беше ни во земјава. А со второво бев ептен смирена и сталожена и бебето беше мирно, ретко плачеше, не ги осетив скоковите. Може до детето е, ама искрено, мислам дека расположението и чувствата на мајката многу влијаат врз расположението и однесувањето на самото бебе.
Пробувам да се смирам, ама ова не е еден ден од ко е роден е ваков, сега последно губам трпение и нерви, 9 и пол месеци не спијам, не се можи.
Потполно те разбирам,многу е тешко. Ноќе да се разбуди по 6,7 пати во период од 21/22-8 сабајле. Па и кога ќе се разбуди треба по 30 мин отприлика да заспие па да го оставам,ако не вришти за во раце. Преку ден исто,не ми дава да мрднам,ако ме види станувам одма вика,се до него да сум. Ниту можам да јадам,ниту до вц да одам,ниту вода да земам,ништо. Преку ден не можам да легнам,спие по 20/30 мин,таман да заспијам ќе се разбуди. Па вака на форумов гледам дека не е само моето такво,некако се тешам,вака ако прозборам со некој како само јас да се жалам од моето дете,сите други мирни,па и криво ми е. Кога сум изнервирана,си зборам што ми требаше дете,најлошо бебе мене ми се погодило, и после ми е криво,ама во тој бес и немоќ,таквото пшкање ми е единствено олеснување,дури и плачам од мака. Па откако ќе се искажам,го погледнувам како мило и стуткано спие во моите раце,пасе јадам жива зошто сум го "скарала". Свесна сум дека и него не му е лесно,дека и тој е само бебе,ама дали се хормони,или што е,ама многу сум избувлива,а после плачам. Морав да се искажам некаде,за жал во вистинскиот живот луѓето само се сладат изгледа со туѓата мака. Што и да е побрзо да минува (смајли што се моли)
Исто и јас, мислам дека само јас се "жалам" од бебево, на сите му се мирни, па истото си го велам како тебе...и да после ми е криво и жал за мислите, се си мислам дека ова се "нормални" мисли на скоро сите мајки што си имаат вакви "лоши" бебиња само се молам и јас една ноќ да преспие и барем една ноќ да сме пак нормално семејство
Синко има мобилни тестиси. Матичната ни го кажа тоа на последниот преглед. Некоја мајка со слично искуство? Ми треба и добар уролог за преглед. Фала
@lackygirl @hello-kitty.90 мајки, само да ви кажам дека сте силни и дека сте добри мајки. Мојава првпат спои 7 саата сон на неполни 2 месеца, за 8ми март ме частеше празнично. Се преродив таа ноќ после помалку од 2 месеца неспиење. Не можам ни да замислам како ви е вас после 9 месеца. Чим станувате сабајле, растете дете, средувате куќа, алал да ви е, капа ви симнувам. Јас да сум психички ќе попуштам мислам. Какви и да се бебињата, чим издржувате, само можам да речам секоја чест! Малку да ве мотивирам, не мора да читаме по 700 одговори само кога некој греши нешто...