Конечно заспа мали, душата ми ја изваде, само мрда, само игра, само станува на нозе, сега тоа му е интересно и црло време само напина за станување и само прди од напон ве читам за чистењето, еднаш неделно чистам така потемелно, а др дена само прашина нешто забришувам, мм го чува бебко, а некогаш и ми помага и тој, неможам да се пожалам. Еве го стана мочково а само е 23:40
Јас дојдов да и посакам среќа и со лесно назад на работа на Лаки Ве читам, секоја со своите маки. Се пронајдов во постот на Тинкербел за сопругот. Не знам до кога вака ќе тераме сите. Во петок ни е 10 годишнина од врска со мм, ама дома ќе 'прославиме' веројатно. Нема кој да го чува бебо, а искрено и да имаше немам никаква желба за излегување. Ние веќе се оддалечивме за жал. Во целиот овој хаос никако немаме време за нас. Ама ајде, да се тешиме дека се ќе помине и ќе станува полесно како растат.
Добро утро хепи ме пречека постов со утринското кафе. Она оддалечување за кое зборуваш е веројатно недостигот на нежности меѓу себе и кажување по некој убав збор. Не знам зошто си почнала да размислуваш на темата воопшто не си требала. Прво хормонскиот дисбаланс си го направи своето, второ ние сите исчезнавме годинава и претходната кога бевме бремени и трето имаме обврски драга моја. Да ги споменам редовните “кавги” и пререкувања за чистота и менување пелени. Сето тоа доведува да ја почувствуваш таа “оддалеченост”. Не го зборам ова да те тешам ова го чувствуваме сите. Исцрпени сме долго трае овој “бебе” период и сега се вртиме себично кон себе. Почесто ги користиме речениците со јас. Ние сме нон стоп дома хепи, антисоцијалата влијае на нашите односи и сексуални апетити и за тоа не треба наука. Седиме дома во пижами, извалкани и затрупани со “домачица филм”, а тоа не сме ние нели Јас и ти ниту сме биле домаќинки ниту некогаш ќе бидеме во тој филм и ова ужасно ни лази на нерви. НО, се ова ќе помине. Ете ќе тргнеш на работа ќе се средуваш и ќе се вратиш за брзо на себе. Ние шест години брак ги прославивме со супа од петел на маса. Толку имав време да зготвам. Па еве живи сме сеуште. Симни си го товарот имаш големи очекувања како треба да биде плус форумите даваат еден “филм” дека ружи им цветаат дома на сите ама ете баш кај тебе не е така. Верувај мила моја кај сите е баш така како кај тебе со плус минус некој степен. Само марчи кул може со бебе и дете после месец дена породување да прашува за секс. Другите во реалноста се како мене и тебе, се друго е дозиран филм. Ајде крени се ние сите заедно сме доле како војнички другари. Крени се за да подадеш на друг рака на оние кои ќе дојдат после нас од 0-6 кои не знаат кај тераат во моментот Ете позитивна ствар ние тој период го поминавме супер сме ете го крајот! Едит: Лаки крши нога на прв ден, се надевам уште знаеш да зборуваш не-бебешки)
Здраво, малата денес полни 9 месеци и од бебе што спие преку целата ноќ, се претвори во бебе што се буди на три саати. А ноќеска беше кулминацијата, се буди со вриштење на секој саат, збесна. Ајде носето и хрчи па и ставав капки и вадев мрсули, но не е до тоа. Дадов и сируп, да не ја боли од заби можеби, се смири два саати и пак се разбуди со плачење. И така еве до сабајлево се буди со плачење. Не знам ни дали ја боли нешто, но дали е за на доктор работава или е скок во развој... Немам памет веќе....
Ве прочитав сите по ред за нежности и такви ствари нема многу време искрено баш ми е жал за вас вие сте помлади со по помалку години во брак јас сум 17 во брак 20 од врска не дека ние помалку се мазиме само имам среќа што имам голем син кој си го сака братот и ако се голема разлика па за повеќе нежност се пикаме со сопругот во купатило за набрзинка (извинете на изразот) а за чистење средувам кога ќе го заспијам малиот набрзинка само колку да ми е чиста дневната од сабајле кога ќе станам а и не се замарам многу какво е такво е . Инаку таман го пофалив малиот вчера ама ноќеска во 2 беше спремен за играње наспан гуга па се погушкавме малку.Еве го и сега постов го пишувам може веќе половина час само нешто фаќа сака да станува среќа мајкина . Нека се живи и здрави сите бебки а за друго се ќе си дојде како што треба само малку трпение
Да си ми жива и здрава за муабетов Посебно за домачицса делот, како ме погоди Така е, се е точно како што напиша. Можеби и јас премногу очекувам од секојдневието и барам/сакам се да биде како претходно, а не е. Не е ниту блиску до тоа како било. И по дома, и со партнерот, и со социјалниот живот. Па затоа на моменти се разочарувам и тешко ми паѓа. Убаво што може човек да сподели вака барем на форум, дека сите сме горе доле во иста ситуација, и дека ќе помине до тек на време Гушки големи
@FreeMind @happygirl јас ручек правам само 1 до 2 пати неделата (за сите 5) иначе тоа си е од свекрва ми работа макар што и таа 2, 3 пати прави, др дена поминуваме со пржено. Во смисла на готвење и јас не сум некоја домачица Фала ви на двете, од 12 ќе одам, па вечер ќе споделам искуство. Синко кај мама ќе го носам денес, од таму на работа. Таков план имам. Сношти до 12 цицаше и заспа конечно во 12 и замислете стана дури во 5ч не ми се веруваше кога го видов часот презаспа и после дури во 8 и пол стана. Ова ретко е кај нас, на прсти се брои, ме почасти синко за почетоков на работава еве го сега пред мене седи си игра со играчињата. За нежности нема енергија одвај еднаш неделата ако "стигниме" некни мм се уплаши, му велам не не остава синко, нема да можиме сестичка да ну направиме (ова онака го реков, дека нон стоп станува бебе) тој вели, не не сега рано е се пресмеав, мислеше дека за тогаш велам не бе му велам онаму по 3 години, не се плаши Ај добро утро, одам да спремам за синко му се јади, шлапа со устата
Dobro utro konecno moze da se priklucam na temava i site treba da ve castam zatoa sto konesno posle 6 meseci bebo uste spie konecno ne se razbudi vo 5 i pol saat i vednas da pocne da luduva a jas si sedam do nego i se cudam sto mu se slucuva i neznam sto da pravam sama so sebe kako neiziveana sum dali da pojduvam konecno ili da pijam kafe ili ednostavno da spijam
Како вицот: тато зошто јас немам братче или сестричка? - Зошто многу сакаше да спиеш со нас баш со мм се смеевме за ова пред некое време. Инаку да, и јас скроз се пронаоѓам во муабетиве, како капак е тоа шо, уште малку де едната де другата баба ќе биде кај нас, (за чување нели) па и тие моменти откако ќе заспие малата шо можевме да ги искористиме, нема да може веќе. Уште една ипол недела ми остана до враќање на работа! ЛЕ-ЛЕ!
@lackygirl со лесно на работа Јас му викам на мм денот кога ќе ја пратам во градинка, а јас на работа, јас ќе плачам повеќе од неа.. И сега сум таква ќе се удари нешто или кога и ставам гел/капки со неа си плачам. Ама многу е тажнаа така да ја гледам Имам уште време со неа, најмалку до Февруари, тоа ме радува, а може и ќе ми биде само потешко да се одделиме. А обожавам, луѓе. Во врска со темата незнам како, но редовно си имаме со мм, мислам дека тоа моментално ќе не 'одржи' во блискост. Време за нежности нема, само набрзина. Дали било сабајле, поручек или навечер не е битно. Јас се зафркавам со мм те сакам за тронка помалку од неа Луѓе животот лета, мора да уживаме во него Се гледа дека сум добила нели Ептен сум позитивна
Хепи многупати ме погодува со темиве, ама, многу сум тешка на споделување емоционални проблеми.Некако си мислам само кај мене е така и во мене е проблемот.Да не сте вие, ќе бев во тешка депресија, вака гледам дека е нормално да се чувствувам неубаво.Ми фалат и мене многу работи ( нежности, поддршка, охрабрување),живеам од ден за ден, но потоа си велам, треба да си благодарна за ова што го имаш затоа што некој и тоа го нема.
Кога почнуваат сами да го држат шишето? Мојава го држи ама уште незнае сама да си пие,незнае повеќе дека треба да го подигне шишето
Кај мене малата на 4 месеци појавуваше интерес да го држи ама и паѓаше. На 6месеци веќе убаво го држеше, Сега 7-8месец јас и го подавам сама го зема, го става во уста, ја вади цуцлата од шишето ќе ја напика во нос и пак во уста. Ама пусто,не сака никако да лази. Проба неколку пати наназад Нема форсирање, дете само ќе си покажи. Имаше убава статија на интернет во смисла ,,ее твоето дете сега тивкичка пробува? Моето грав веќе јади,,. Исто и ова.
Браво за напишаното. Нешто што нај ме нервира споредување на бебиња/деца. Секое дете си е различно само по себе, изглед, карактер, имагинацијата па и разумот. Наше е да им помогниме да напредуваат, но тоа не значи дека мора да расте по книга. @Bella* не беше за тебе оваа напишано ама има многу вакви примери. Нека си биде среќно бебето, не се замарај Ако гледаме така сите треба да и љубомориме на @Milaаа991, беба напредна 100%
Ех мојава е напредна само за бељи и глупости, за шишето и она не знае како да го држи за да се напие. Го става во уста и се нервира оти не и пушта. Така да секое дете си има различни афинитети и интереси, како и нас возрасните. Треба да ги стимулираме и да им покажуваме, но форсирање никако.
Чисто информативно го напишав прашањето де ! Никакво форсирање или несреќно дете??? Какви примери @BabyT* за споредување ваљда мислиш ? Ако е за тоа цел форум ЗА СЕ споредуваме и прашуваме Сигурна сум дека и ти си пишала прашала дали и кога прави некое бебе за да видиш и твоето дали исто прави нели? Таман работа дека сме по книга,тука сме сите на слична возраст со бебињата па затоа и постои форумов и темиве .. Не пишувајте нешто колку да се тропне ( @BabyT* не го мислев за тебе )
ево ме бев од 12 до 18ч денес, синко кај мама од 11ч оа одма заспал, јас се спремив, се дотерав малку и супер поминав, имавме многу работа и ќе имаме како што гледам, малку имам и заборавено некои работи ама ќе ме биде малку глава ме боли ама се на се, многу убаво ми дојде промена, синко 2 пари спиел, јадел, па и го прошетала мамичка, мирен бил Моево не знае да пие само од шише, бидејќи само вода пие, др нема ништо пиено и немал потреба и да научи
Ми се посвиѓа тоа што го имаше напишано @LoveHope и си дадов за право да искоментирам на неа ама гледам си ме сванала пак грешка. Како и да е ете ти пишале другите, па прескокни го моето тропање. Беше во добар контекст кажано. Нема потреба од рчкање