Женче ама стварно не беше за тебе тоа напишано, никакви скриени намери и слично. Кај нас сите си ги споредуваат бебињата и затоа ме нервира тоа и членката го пиша горе јас се надоврзав. После си велам ќе ме свати Бела за неа дека зборам и се правдам. Бре ама разлагаме Ама не сакам да ме сватиш грешка, фина сум ветувам
@lackygirl убав почеток на работа Ај и јас да си пишам,да си се искажам. *** Се се смени откако станав мајка,ама баш се. Мојот живот се смени. Како што веќе имаше пишано некој,бебе се роди,а мојата личност како да ја снема. Како животот тука да ми завршил и сега живеам само за бебка. Цело време ми е предодредено за него. Среќа што сум психички јака,инаку ќе "отидев" одамна. Ништо не е како порано. Не јадам кога ми се јаде,не можам да одам во вц кога ми се оди,а кога ќе можам веќе немам потреба,не пијам кафе на раат,бањањето трае 10 мин со соблекување,бањање,облекување,чешлање,сушење коса и средување вц по бањањето. Нема чупање,депилирање,лакирање кога сакам јас. Нема спиење кога сакам да спијам уствари скоро никогаш нема спиење. Филмови,емисии гледање или музика исто нема,постојано детски песни вртат на тв. Ништо што правев претходно не можам да си дозволам сега. Моментите со мм се сведени на пиење кафе заедно кога ќе дојде од работа,и искрено уживам во тие 30 мин пиење кафе и прелистување на целиот ден. Имањето односи па..... 2 пати месечно Ниту имам желба,ниту имам кога. Бебе е постојано лепенка, откако ќе заспие ноќе мора се до него да сум зошто се буди често,а онака на брзинка за 5 мин не можам, ептен ме боли. Па така се сведува на минимум. Убави зборови,нежности,бакнежи па и за тоа некако нема време, се некако во брзање ни минува времето,или бебе плаче,или дошол некој,или да шетаме или.....еден куп причини. И така, полека но сигурно се менува се. Знам дека е нормално да има промена,не би било нормално да нема,ама и самата некако си создавам еден куп оптоварувања. Мислам се можам сама и сакам се сама,и некако на крај на денот си размислувам и викам,можам да се растеретам малку а свесно не сакам. Ама така некои случки ми направија да сум себична кога е синко во прашање и така дополнително да си отежнувам. Ама главата горе жени,период е кој мора да се издржи,а еве го,многу бргу минува. Оптимист сум,ќе наполнат 2,3 годинки и се ќе си дојде на свое место ( тамам да направиме братче/сестричка и после се од почеток ). ***За држењето шише,мојот сам си зема и пие ,ама затоа не седи и не лази.
Конечно споив 3 саата сон малиов душата ми ја извади цела ноќ веќе не го фалам лошо дете е Кај што се будеше цела ноќ за цицка па и во 4 сабајле се разбуди спремен да си игра Дури и успеав со маж ми да се скарам во 5 ипол детево не го ни виде си ја преспа цела ноќ не можев веќе да издржам На крај земав дете и во дневна го успав стана тој за на работа го префрлив во спална и сум спиела до 9 дете уште спие ама јас морав да ви ја кажам маката изгледа му излегува другиот долен кец па го мачат забите или од што е затнат не знам ама битно не спиевме Ај добро утро на сите
Пак јас значи ваква сум денес буквално, прв пат сношти ми се плачеше Жени што ќе е ова стварно не знам. Од 10 до 12 спиеше, кога стана со плачење никако не се смируваше, го зеде мм в дневна и уштр плачеше, бараше светлина, бараше да се пушти џижето, од ко ги пуштивме сите светла се смири, па не сакаше кај мене да дојди никако, цицање не доаѓаше во предвид Од 12 до 3ч ЛУДУВАШЕ енергија 100ка незанеше што да праи побрзо, ние со мм двајцата седевме, тој стани седни плачи, кога зеде со дубакот да лупа секаде, затрчаj се БАМ во 3ч пробав да го заспијам, 20 мин се бапкав на креветот со него, скокав за да заспие со пуштено white noise, цицање не, не сакаше, заспа и во 7 стана пак со плачење па презаспа во 7 и пол и еве сеца станува, мене глава ќе ми пукни, а баш вчера го пофалив.....
Сигурно скокот ве фатил,или можеби така реагира на промената,што си пошла на работа. Верувам дека се ќе се среди,мора да се среди,бидејќи поинаку не бива. Со поаѓањето на работа верувам дека ќе црпеш енергија,самото излегување од дома ќе те орасположува и ќе имаш повеќе сила за бебето,а и ќе бидеш поопуштена. А и велат,работите сами се местат онака како треба, кога треба Господ ги подредува работите. Издржи,ми се чини и нас ќе не огрее сонце за брзо време.
Сега забележав на едното колено бебето има како мала модринка...Се преплашив. Скоро 9 месеци е, се држи, треска, па се тешам дека се удрила со нешто...Слично искуство?
И мојата е цела модринки и џунки, секаде се мава, паѓа, се удара од играчки. Моментално имаме една на чело и една до окото
Може звучи сурово али кога те читам се смирувам знаејќи дека не сум сама. Проверив крвна слика и притисок се е во ред, но имам секој ден силна главоболка и земам ибобруфен. Велат од неспиење, но досега издржував али веќе ми откажува организмот. Последните две недели без прекин ме боли глава. Малата како и секогаш повеќе е на цицка отколку што спие и преку ден и навечер. Утринава испаднаа два нови заба кецот и двојката горе. Изеде 100грама појадок, значи не јаде од болка кај мене. Сега вкупно има пет и доле еден испаѓа и веројатно ќе одморам од нејадење. За жал од неспиење никако да дојде ден да одморам. Убава вест е што мајка ми доби виза на една година па ќе имам повеќе време за себе. Ќе се посветам на себе наскоро зошто вака повеќе не може.
Среќно Да ти кажам форумов многу ми помага, многу, гледам и јас дека не сме сами, си велам има и други ко нас за сите тука Сега заспа конечно синко, сега ќе се спремам за на работа, денес сум од 2 до 20ч.
Значи ми се сјеба денов тотално од не преспиена ноќ до пропаднат ден да си ја олеснам душата повторно Имам закажано за нокти во 14 часот и таман реков ќе пуштам мозок на пасење некој саат договорена со свеки да го чува кога ја закрпиле до 15 часот на работа ми вика не можам да дојдам Се јавувам кај девојчево и викам да ми смени термин таа ми вика нема со кого а наредно закажување за 3 недели а крш сум у ноктиве Значи што ќе се прави да си го земам со мене ..... поима немам уффф бе ќе мора да се полага за кола не иде вака само се нервирам да се немало време за себе ми се плаче веќе
Да ти кажам не ми се остава од една страна ама од друга едвај чекам да дојде тој 21 октомври да тргнам на работа да се цивилизирам малку инаку Бардовци не ми бега
Ајде и јас да се пожалам. Ја заспивам Антонија пред 21.00 во 21.30-22.00 се буди со плачење и не сака кај никој освен кај мене. Вчера ја успав и влегов да се бањам. Слушам вриштење и се облакам набрзина викам мм слегол долу она сама, кога ете ти го него пред врата со антонија ја нишка она плаче со крокодилски солзи. Ја земав, одма се смири и за пола минута заспа. Мм вика не сака цуцла не сака да ја држам во раце се тегне од мене. Викам ајде се дешава. После полноќ закенка и паднала цуцлата мм беше на нозе и му викам дај и ја и пак се расплака дете, се појавив јас ме погледна и заспа. Цела ноќ се будеше на саат време со плачење, ќе појдам до креветче ќе и го дадам цуцлето и си продолжува со спиење. Цицаше само еднаш околу 3часот и дури во 7 сабајле кога си ја земав кај мене во кревет. Кога стана го гледа татко и ме гледа мене, мм ја закача она само мене ме гледа. Не сум ја оставила сама па вака да ми прави. Од заби абер немаме иако ја изеде цела кутија со играчки и се што ќе и дојде во рачиња. Денес бев на доктор да ја прегледа зошто наредна недела ќе прими вакцина и ја мереше и ќерка ослабела 100 грама. За 10 дена што ме зафркаваше со нејадење толку ослабела. Па од понеделник да видам и да ја боцнат за крвна слика. Инаку последниве два три дена си јаде по 100 грама за доручек и 100грама за ручек па не знам како ништо не и се фатило.
Денес ептен се распишав ама да ви кажам Нокти направени не мој ќеиф ама битно ги средив дете до пола нокти мирен го гледа девојчето мислиш занает ќе фаќа а од пола почна да кенка сака во раце па малку го земав а малку го зема едно друго девојче па се заиграа и така пројдов битно дечкото се возеше во автобус 2 станици а он среќен само разгледува и после маж ми не зема Инаку мојов лебарка ќе го крстам јаде леб и не се шали особено кога не јаде каши тоа му е како замена Ај доста е за денес имајте убав ден
Да бидам искрена месец дена со заби се расправам и освен плачење и кемкање друго ништо не сум видела. И купив играчки од 6-12 месеци и со нив си игра. Особено кога седи и се доста интересни. Ги имаш играчките во последно што купивме сите се развојни. Иако највеќе и се во уста али ќе биде подобро.
Треба да одам на свадба и нормално ќерка дома ќе ја оставам. Претходно кога сум била беше помала и поминавме со измолзено млеко 1 подој и со АД млеко пред спиење. Тогаш земав на Хип комбиотик за новороденчиња, сега што да земам? Беба има 7 полни месеци. За измолзување веќе имам воспоставена лактација и нема шанса да измолзам 200мл зошто си цица Антонија преку ден. Чаре?