Кај моето е како каша ни течна ни тврда, а има денови кога му е многу сува, но досега запек немал. Мн ми е смешен кога се кака, многу силно напнува, а ако е в дубак, се крија да не го гледаме и се кака И ете го заспав па да видиме до кога ќе спие, легнувам и јас сега. Мирна ноќ на сите
Ве читам и се мислам јас сум среќница. Антонија досега само 10-15 пати не врзувала навечер по 3-4 часа сон, преку ден дремеше по 15 минути. Се буди еднаш или два пати за цицање. На одмор се научи и да тера едно спиење час, час и половина преку ден. Ама еве заби растат, а ги нема, и детето ми се смени. Веќе цела недела станува на пола саат со вриштење. До кај 2 часот по полноќ имам сила и ја враќам во креветче, после ја легнувам до мене, ама само се врти. Мангупка е, во креветче штом се разбуди вришти а на спална се превртува и се додека не заглави некаде не пушта глас, или не дај Боже да падне (2 пати до сега) . Еве ја и три дена јаде доручек по 150грама ручек по 100 ама не сака да цица. Мене грутчиња ми се прават. Дали има три квалитетни подои преку ден и тоа со вриштење, па со нишкање и пеење додека зацица. За столицата на мојата и се смени цврста, оформена столица и со стенкање, сите ја приметуваме. Некогаш да и помогнам ја држам како да ја издржувам и така си кака, си викам слободно над нокшир да ја издржам можам Ама ми кака после секое јадење, нормално ли е тоа?
Значи морам да пишам стана прв пат сега, мм го презаапа со нишање в раце, значи ни пола час не врза Тек почнува забавата @S.J.Parker така и јас го издржувам ако го сетам да се кака, а се сеќава, многу му е полесно. За грутки масирај и молзи.
@FreeMind ти завидувам/вав(во позитивна смисла) за тоа дека нон стоп е на града ама многу ти е тешко како што минува времето и како што си расти. Дете како дете ќе порасне. Можда таа нераскинлива физичка врска со градата е пошто сте сами. И таа е учена само со цице и тебе. Кога тргнуваш на работа? Јас почнав да имам мака со плачење. Денес од 7-15:30 бев на болница, сабајле се изнаплака кога излегов. Попладнето излегувам од едниот спрат дома да одам на другиот исто така почна да плаче и се вратив. Ја оставив на 4,5-5месеци незнсм точно, ама веќе почна да плаче. Ме боле. Одделение педијатрија се полни. Иако не сум во голем град во Македонија, само за викенд имало доста на прием. @Мила991 почнавме да имаме каки како нашите цели парчиња. Три дена ми се мачеше многу, мислев запек ама она се мачела огромно,таквоа, да искака. Но, сега последните денови мешани се.
Ај добро утро женски Да ве поздравам, па ќе се спремам за на работа. Бебо умен беше, заспа синоќа околу 23:30 и стана сега во 06:30. Му дадов да цица, го нишкав и презаспа. А мене ми се спие, ми се плаче. Ќе си поспијат тие со татко му до 09/10ч сега И порано го мразев моето работно време, од 08:30 -17ч, а тек сега ми се чини стварно премногу дека е. Ајде, одам јас, имајте убав и мирен ден сите
Добро утро @happygirl мај убав работен почеток. @lackygirl чекам толкав пост од тебе @LoveHope и јас си завидував на почеток али сега ми е проблем голем. На работа јас најкасно почнувам од екипата овде на 30 Март 2020 ми е прв работен ден. Али веројатно ќе почнам со 30%, па 50% и така натаму до 100%. Малата почнува градинка на 01 Март еден месец имам со неа за прилагодување и да седам во градинка. Може и да прилегнам таму да поспијам оти да не. Кафе без цигара. Оние што пушат нека земат во моја чест два дима. @Milaаа991 лепливи се како каша густа. И смрдат.
Мене веќе ме загрижува зш уште кашесто се кака, само додека и давав банана која сега не ја сака имаше брбеланки и од чоколаден десерт на лино кој исто не славно заврши. Се плашам да не има некој прпблем, ама не ја боли нишш. А да речеш од течности само цицањето и е. Вода не пие ич.
@slavica999 фала мила.Мене ми кажаа дека немала врска со поврзаност на алергија на јајце, таму каде што ги стават вакцините?Како и да е не ми паѓа на памет да ја ставам во скоро, кога ќе испитаме се,тогаш. А и штом има викаш друга вакцина значи сепак има врска... @Milaаа991 штом не ти јаде многу цврста храна, повеќе млеко нормално е така да и биде. Ние една ден што не и дадов ништо за јадење, какаше течно. @happygirl со лесно на работа. Очекуваме фитбек како си поминала. @lackygirl пиши како помина ноќта, да се спремаме психички за тој дел. @FreeMind колку е убаво да си со бебушот 24/7 толку е и лошо. Во твој случај ќе се приврзе многу за тебе, а со тоа ќе имаш потешкотии за навикнување во градинка, па и од цицка сервис.Ама па немаш многу избор. Сосема те разбирам, доколку не уживаш во доењето скрати со време додека уште толку не разбира.
Абе не дека не каснува ич каша. На пример и кога јаде убаво исто така е кашесто. Ама си велам и јас секој ден да јадам палента и овесни ќе ми е така. Тие се лаксативи. Ќе ја консултирам денес матичната да не има некоја интолеранција.
Кпмпир во коша на хипп од онаа со млеко и телешко изеде 1 цела пред два дена и вчера имаше еднаш скоро оформен фецес и мн смрдлив, веројатно беше кашата. Ама тоа е 2 до 3 пати во неделата, др се е житарки, овошје, кисело млеко и мајчино млеко.
Ќе ја запишам во група за лазење од Декември и такво чудо има овде за навикнување во градинка. Ќе одиме по саат време да лази во група со други деца. Автоматски ќе ги излази сите вируси али јебеш га и во градинка ќе ја чекаат вирусите. И на тој начин ќе се привикне на деца и група. И јас ќе лазам на некоја клупа чекајќи ја. Соу фани.
@Milaаа991 тогаш до храната е не се секирај. @FreeMind ми го разубави денотНа сета мака имаш смисла за хумор
@FreeMind читај Да се самоцитирам, после ова станување, за пола саат имаше уште едно исто со плачење, пак го зеде мм да го презаспива, и заспа со нишање в раце, е после ова имаше пак за брзо време, тогаш пак проба мм ама мнооогу се разлоши, ептен плачеше, вриштеше, ајде го зедов и попуштев му дадов цицка, ајде некако ја лапна, несакаше од плачење ни да цица, ко лут ми беше, и некако се смири заспа, само што го легнав до мене пак зина, ова 11 и пол беше, е тогаш немаше запирање, дојде и свекрвами, сите в дневна, мм си легна, јас и свекрвами седевме со него, тој играше, стануваше на нозе, сакаше да патка, значи енергија 100ка....замина свекрвами во 1ч и така до 2ч јас си стоев со него па конечно во 2 заспа на цицка се разбира. Стана во 7 без 15, значи врза скоро 5ч, па јас тие сум ги преспала, конечно да врзам и јас некој саат. Па пак од 7 до 9ч спиеше, денес сум далеку посвежа од вчера Али нема време за ништо, само да јадиш да се преслечиш и толку на работа
Мајки уште не сум почнала редовно да ве следам во темата ама некогаш и се заинтересирувам што ме чека за 1 месец. Сакав да ве прашам дали да очекувам зачестено станување за ноќни подои после 5-6 месец. Мене бебка ми спојуваше по 3 до 4 часа ноќе а сега станува на 2 и плус неке да презаспие веднаш ко што првеше порано. Ја читав др. Којиќ која кажуваше дека бебето 6+ треба да врзува цела ноќ без подој и малку сум збунета.
Треба мојата е 9м за некој ден па еве се радувам што станува само три пати. Којиќ ни е матична ама за некои работи очекувањата и се преголеми. Пр. Со месеци уназад ми збори дека со хемоглобин 119 малата била анемична. Не се води по се што ќе прочиташ, некои бебиња порано некои покасно се учат да не стануваат.
На моево дете денес му ѕирна 6тиот заб Затоа таа била нервна..душа моја Мнг е смешно сега баш збориме со мм дека нема ред детево за заби,доле има кецови и една двојка,и горе има кецови и сега новото забче е двојка горе ама од другата страна не паралелно со долното...комедии врзува спиење повеќе сега, ама се спремаме психички за нареден скок кој ни почнува за 10дена и јас тогаш почнувам на работа Планирам деновиве да ги искористам убаво среќна мама среќна беба нели.. Идам денес со другарките на ручек и на прошетка,беба ќе ја чува мајка ми А утре ќе ја изнашетам беба и ќе ја носам на шопинг
Дека треба да врзува е малку амбициозен став. Спиењето е научена вештина, ретки се бебињата што се толку големи спанковци што самите преспиваат цела ноќ од помала возраст. Ќерка ми спие преку 10 саата ноќе заради sleep training, имаме строга рутина, и ако нешто се промени станува ноќе. Повеќето деца стануваат ноќе дури и повеќе од година.
Тука ве има со малку поголемки бебчиња па да ве прашам за искуство вас, дали е во ред да се користи релаксатор или и тоа е само добар маркетинг? Дали користите? И ако да, да препорачате некој до 12
Зависи до детето ама мислам дека после 6 месеци мн помалку ги интересира релаксаторот не го сакаат.Почнуваат да седат да лазат да се исправаат сакаат да си истражуваат.