Ние одиме еднаш неделно,супер е. Ги гледаш се тегнат за играчки,кое се кубе за коса,постарите се пентарат на реквизитите, си пикаат туѓи цуцли во уста
Ние го користевме до 5м и тоа седење 15-20мин, повеќе не сакаше, после не и беше интересен, а баш со музики, вибрации, лулање и што ти не 7 банки за премалку користење
Се отепав кај германциве барајќи мислење како е во групиве. А те имам тебе Ќе ја запишам и јас ми се гледа практично и интересно.
Кај нас е еднаш неделно,во понеделник од 09-10 саат. Интересно е за децата,а ти можеш да си праиш муабет со другите мајки. Најдобро од се е што толку се изморува и штом ќе го ставам во кола,до дома ми заспива (градинката ни е 5 мин со кола). Пробај,јас препорачувам. Е сега зависи како спие навечер,па понекогаш во 9 веќе дреме и тогаш не го носам. Не треба ни да се пријавуваш ни ништо. Само распрашај се каде и во колку саат.
Да, еве после 6-7ми месец го користиме да си ја чукне главата и да пробува да се искачува и исправа по него Реално, јас многу го искористив. Имаме не типичен релаксатор таков вдлабнат со лулање, него оние полулежечките со вибрации. Додека не се движеше цело време беше во него, во него спиеше и врзан таму ми беше најбезбеден. Сега од коа се движи нема шанси да го врзам. побарај balloons chicco
Ве читам цело време, само никако да стигнам да пишам кога сме кај неспанковци и цицка ловери @lackygirl и @FreeMind и јас сум со вас . Значи спиење без цицка нема шанси и преку ден ке заспие и за пола саат се буди. Навечер веке не знам колку пати станува, битно после 12 со борба се успиваме. А кога е надвор во количка кога ке го фати воздух спие не мрда и луге што ме гледаат кога се шетаме цело време ми велат леле цело време спие колку е умен да знаете со вас се тешам, зашто јас и со работа и со бебе и не знам што попрво да фатам ама тоа е мајки семокни сме
До 7миот месец секој ден го користевме. Од кога научи да седи и да стои, да се исправа сама, нема шанси да седи врзана. Ама дефинитивно е корисен првите 6 месеца. Ако покасно почне да лази или оди, може и подолго да се користи.
Да се пријавам јас Денов убаво пројде за сите. Мене ми се чинеше како да не сум излегла од канцеларијата воопшто, кога се вратив сабајле таму ми се вратија спомените од последниот ден лани, огромна во стомак како го средувам бирото и фиоките за се да оставам како што треба. Буквално како вчера да беше се тоа. Бебо дома со татко му и жената која го чува супер си поминал. Се пуштил неколку чекори да лази, и почна да плеска со рачињата на тапшин-тапшин Си ручкал, си играл, си спиел, умен бил. Јас си дојдов еднаш за доење, оваа недела додека мм е на одмор ќе ме зема со колата (јер јас иако имам возачка не седнувам зад волан - премногу се плашам и не можам да се опуштам). @Yowannty сваќе, моето до 6м никако не сакаше да лежи во релаксаторот, ни 5мин, веднаш плачеше. После 6от месец почна да седи по 15-20мин додека гледа цртани, или си игра со играчките кои се закачени на него. Ми врши работа да го оставам во него додека мијам садови или сум во купатило. Инаку релаксаторот е обичен, само со музика и вибрации, во полулежечка позиција. Заспа бебо, одам и јас в кревет.
Мами дали сте имале проблем со цистит за време на доење и како сте го излечиле, јас имам хроничен цистит сум го лечела со палин ама палинот не е за доилки... пијам многу чај и течности ама не ми помага имам уште болка вп бешиката, чаре?
Хепи ти кажуваше дека бебе ти е спанко нели? А во скок кога е исто си спие ? И мојава кога станува на 3,4 саати станува само да пие млеко или цуцлата ако и паднала па да и ја ставам,иначе вака да стане да плаче и да дреме не прави Ама во скок кога е е хорор филм Морам да се пофалам дека денес се наспав, стана само еднаш Али не се радувам дека ќе продолжи ова зошто кај и да е влага во 7ми скок Сакав да прашам грозје од кога давате? 9+ сме Во листата од ремедика пишува после 11м да се даде..
Мојата политика е дека се треба да се внесува свежо, барем овде имаме убав зеленчук и овошје. Внимателно со алергени и храна што лошо делува на стомачето, ама се останато не се замарам. Цела зима ќе јадат само банани и портокали, или нешто замрзнато. Есен е, се има свежо, нека јадат.
Мислам дека на списокот од мојата матична беше 9+, јас дадов на околу 10 кога имав свежо и домашно. Многу го сака, ама не ги џвака изгледа убаво зрната и потоа во каката гледам цели парченца, па нз дали да продолжам да давам и колку искористува вака од грозјето. Ако даваш само пази убво сечи го на парчиња зошто лесно може да се аспирира ако дадеш цело зрно.
Имам такво што се пика внатре овошје и зеленчук па ќе пикнам да го цуца Еве слика Секако во ова пикав само лимон Ќе пробам и грозје
Можеш да. На мојава ептен и се допадна и можи по 1 грозд цел јадеше, ама без да го џвака. Само лапни голтни, дека лупени и сечкани, без семки и лизгале во меше. Хехех
Јас дадов 7+ мислам беше, го сакаше мн. Продолжуваме ние по старо. Од 1 до 3 седеше в дневна со татко му, пред тоа стана со пиштење, вриштење, никако не се смирува, веќе незнам што да речам од 3 стана во 6 па во 8.
@Bella* да, јас пишував за бебо мој дека спие Еве и синоќа заспа во 23ч, станал сабајлево во 9ч. Не се разбуди за да цица, ниту јас го будев пред да одам на работа. Искрено, само 3от скок на почетокот кога го фати беше понервозен, кенкав. Другите скокови не ги осетив многу. Последните 2-3 месеци па ич.
Јас ноќеска решив да бројам колку пати ќе стане, само за да ја ставам на цице и да продолжи да спие. Стана точно 8 пати. Обично не обрнувам внимание и ме сум ни свесна за оваа бројка. Во полу сон и бутам цице и така заспиваме, некогаш мм ми ја трга, некогаш со неа во раце и со глава пробесена спијам, а кога сум потсвесна јас ја прелегнувам. И така во круг цела ноќ. Утрово утоп памперсот, а таа цела жива вода. Освен што цица вода по некоја капка едвај пие. И после се чудам зш сум само гладна, а јас слабејам.