Лупено, оти грозјето го прскаат, и без семки, слободно дај. Само не претерувај со количината, оти има многу шеќер.
Тешко ти е многу, на работа и по цела ноќ неспиена,многу е тешко.Сепак мислам дека многу му доаѓа наеднаш промената на бебето, и ти на работа и не те гледа долго време, па и навечер не може да цица кога сака.Мислам да му оставиш некој ден да се привикне на променава со работата, па после да се одвикнувате. Јас кога тргнав на работа на почетокот, бев по 2-3 саати и мојава стана екстра кенкава.И требаше недела-две да се навикне на промената.Многу се осетливи. Друго, за одбивањето сакав да пишам.Слушав педијатар на тв велеше дека подобро би било после годинката да е одбивањето, затоа што психолошки детето до годинка мисли дека тоа и мајката се иста личност,па дури после годинката се одвојува и разбира дека тоа е посебна личност.
На 10.10 сега прави 10 месеци, роден е 40+1 незнам кога е скокот незнам дали се нови заби, незнам ништо повеќе. @babydust можи да е со поврзано со моето отсуство, од ко почнав на раб е вака со плачење, пред тоа стануваше лапаше цицка и презаспиваше одма. Ќе почекам уште некое време, па ќе видиме за одбивање, ако не се "среди" ситуацијава, ќе мора, неиздржливо е. Фала ви на сите @Milaаа991
Дааа во 8ми скок сте и баш во иритирачка недела сега видов на апликацијата, уште една недела па ќе ти заврши скокот ако сте 44-45та недела отприлика (зошто ова по недели покажува) од 42 до 46та недела е овој скок
Незнам по недели колку е фала бела Иначе до 6 м знаев кога се скоковите и секогаш најјако беа кај нас, изразени баш како во апликацијата. Јас ја немам ама гледав тука слики од неа.
Лаки да не ти е налутен? Може му иде многу промена, тргна на работа и сега за кратко сакаш да го одбиеш од ноќни подои. Знам мачно е ама јас би почекала барем уште некоа ден.
Пак цица какво одбивање, за да се смири се пробувам а можи и лут да ми е. Хаха ко ќе појдам да го земам плачи прво и не иди кај мене, па после иди и одма цица.
Ако спие така со цицка барем колку толку ќе отспиеш за разлика од одвикнувањето со плачки и нервози. Ќе помине само трпение, ќе сврте и он една ден
Јас па до 6ти месец не осеќав скокови Дури неверував на апликацијава После 6ти месец нагли промени се случуваа и ја симнав апл.И се ми е точно според тоа дури се чудам (родена е 39+5 и мислам до дата е погодено кога влегува во скок) Најтешко ми беше минатиот скок во 8ми месец ем минував низ тежок период со дешавката дома знаеш...и имав добиено баш таа недела во најјакото и немав помош сите беа нешто зафатени тогаш и мислам тогаш чим не се расцепив на два дела дека се ќе издржам Ајде стегни заби за 10 дена ќе се смири слушај ме
Море сите ги секававме ние ќе издржиме мора, нема друго чаре. Некогаш така се наеднаш иди се собира. Што направивте вие, ја најдовте колата? @BabyT* овие дена кога станува и не презаспива не сака ни да цица, се тегни, се турка од мене, се смирива само кога ќе му ги пуштиме песните на youtube, пиличи, cocomelon... и така си седи 2ч си игра, вози дубак....
Иста ситуација и кај нас. Менував 2 пелени од 8 до 7сабајле,еднаш во 12,еднаш во 4 и кога стана во 7 и таа преполна. Вода пие по 30-40 мл на ден,ама цела ноќ мези на цицка. А богами и преку ден неќе да јаде,повеќе цица. Едвај успеав сабајле да го наранам со овесни и слива. Па,како капак на се,има запек,денеска 3 ден како нема какано. А кашички малку јадеше,повеќе е на цицање и обично јаде житарици,круша,слива,јогурт. Му давав и компот од слива,и пробував со топломер и никако не се испразнува. Од што би било така,банана,ориз,морков,компир, одамна му немам дадено? Ставал ли некој чепчиња и дали е препорачливо? Кога сме кај скоковите и ние уште малку ќе влеземе во тој од 42 недела,ако е ваков без скок,неќам ни да замислам што не чека.
@Milaаа991 , @FreeMind и јас се приклучувам во клубот без менструација. 6 и пол месеци уште ја нема, не дека сакам да се замарам пак со неа, но осеќам дека хормоните ми лудуваат. Без потреба му се лутам на сопругот, повишувам тон, среќа он е многу смирен па не ми реагира никако, плус ме разбира дека сум дома цело време се едно исто па дека нервите попуштаат. Чекам да дојде, малку да издишам . Јас не смеам да се жалам за ноќното спиење, малата ми станува еднаш до два пати за цицање со тоа што сега смени па едниот пат не презаспива туку си играме два часа. Но обавезно на едно сврзива 4-5 часа сон, па мене и тоа ми е повеќе од доволно. Сакав да прашам до кога повраќаат бебињата? Значи многу ретко после подој да не бљуцне. Некогаш е малку, но некогаш знае и многу исто како кога беше новороденче. Цело време сме со лигавчиња. Незнам веќе дали е нормално?
Иста бев додека да ми дојде. Сега сум друг човек. За бљуцкањето мојата обавезно повраќа бидејќи лазе, прета, се стиска и малку си повраќа.
Имам ставено чепче само еднаш. Имаше запек 3 дена и по препорака од педијатар ставив чепче и одма се искака како што треба
Јас уште немам добиено, на 12.10 ке прави 10 месеци малиот. Мене ми е ок, ама маж ми е во паника да одам пак на контрола да видиме зошто уште немам добиено. Инаку @hello-kitty.90 јас мојов кога ке приметам дека цел ден се нема какано, го ставам на нокшир и многу му е полесно да се искака
Здраво мајки. Конечно може да пишам. Вчера играјќи се со синко приметив дека му излегла петка горе, не целосно, кога точно не знам вчера случајно загледав. Зарем не е рано? Инаку ги има 1 и 2ки и горе и долу, прво забче на 3ипол месеци. Изгледа нема правила. Сакав да прашам кога е најдобро време за правење постапалки. За рака го водиме си оди убаво, вака сам почна да се пушта по малку. Некогаш прави по 5-6 чекори некогаш повеќе некогаш помалку ама уште не е многу стабилен. На два ума сум дали да правам или не