Најверојатно е 4ка, не петка. Така е редоследот на никнување, единици-двојки-четворки-тројки-петки. Рано е, ама кога и првото запче рано никнало, очекувано е. За проодување, имам слушнато дека детето треба да направи 7-8 самостојни чекори за да се смета за проодено. Јас лично би рекла ако се пушта само, проодено е, дали 5 или 8 чекора не е битно. Чим сакаш да правиш постапалки, напрај си.
Жестоко денес скоков во полн ек. Плачење од нигде никаде, вриска као да ја боли нешто. Сто пати ја проверивме нема ништо. Плука, вика, се обидува да се крене, се врти, на ѕид се држи за да се крене паѓа плач оти не успеала и се така во круг. Синоќа броев колку пати станува ноќно време изброив 14 пати од 20 ч до 6 наутро. Ако некој прави статистика нека ја вметне мојава во врвот. И капак на се си ја повредив половината утринава при лошо движење и не смеам да ја држам. Среќа продолжен викенд е овде иначе така ќе лежеше на едно место до 16ч. А имав планови за шетање. И така.
Go imame i prvoto zapce denes 9 meseci vo 10 prvi zapce presrekna ama placese mn kenkava nikogas dosega ne olacela vaka i ima temperqtura 38 i dadov sirup
Сабајле забележав ново забче ноќеска спиеше од 11ч до 3ч без да се разбуди, цицаше без плачење, одма презаспа и стана во 6 па конечно станавме во 7 од кревет изгледа забчето го мачеше. Денеска 100 пати отворив на форумов @FreeMind побрзо оздравување. @Watermelon96 знам ма едно детенце до 1 година и пол, сите заби до 5ки му се излезени, значи нема правило
И кај нас скокот пуштен на најјако ко саат точно чим пишува на апликацијата и детево одма ми се мења, мислиш друго дете е. Спиење 30-40мин максимум небитно дали е ден или ноќ, почна и да не јаде како претходно. Ме плаши што млеко нејке преку ден ич само навечер накај 3 и накај 6 сабајле што ќе испие. А највеќе што ме нервира се коментарите од типот ред нема детето, јас касно сум го легнувала затоа не спиел а тоа што се трудам од 21:30 до 2 да го успијам не се рачуна, пак јас крива Некако без сили сум веќе и преморот си го прави своето...
Бебињата што се одбиваат сами најчесто тоа го прават од 8ми до 10ти месец. Јас таа среќа ја немам Кај мене скроз обратно од цицка не се трга. И онака плаче како во 4от скок фати пушти. Заби ќе ти вади ако не јаде. Малава ги има кецови и двојки горе и доле еден кец. Гледам тројката горе набабрува уште месец дена диета во најава.
Ние на ад сме уште од 4ти месец, до тогаш се одмолзував зашто за жал не успеавме да цица, така да нема вистина дека ако е на ад дете ќе спие повеќе Сумњам и јас на заби ама ќе видиме на крај што ќе излезе ние уште сме на двата кеца доле.
Како што вика @Vaga~ дете што е на АД, не значи дека спие. Моево цицалче, спанка е од многу мала. Од 6 месеци се будеше макс 2 пати, некогаш ич. И тоа никогаш не се расонуваше, секогаш презаспиваше. Уште не сме скроз одбиени ама ноќе не се буди. Ни заби ја буделе, ни топ.
Леле и мојава е како швајцарски саат со апликацијава. Сега е точно на средина во тој период кога мисли дека мама ќе ја напушти, па буквално не смеам да одам вода да се напијам. Ќе си лежи она и ќе си игра, ама ако и јас сум легната до неа. Па така вчера имавме неистресена спална, неистресено креветче, кујна во хаос од еден fucking компир и кромид (јер нели готвиме здраво на пареа), пижами џитнати, ама мајка и ќерка си седеа на под и си чукаа со мерици. И после маж ми ми пишува, цитирам "Што правите"? Па кога сум го подбрала што правам додека тој си лабави на предавање со шведска маса, го изеде ни крив ни должен. Ете така, денес е подобро малку. Туку како почнаа да лазат вашите? Мојава го крева газот, ама не може на раце да се крене. Па се лизга се превртува за да докачи нешто. А ја гледам се труди. Ова знак е дека ќе почне наскоро?
Во следниот месец е поизразено ова со плачењето ако те нема. Значи сега вриска ако не те има во видеокруг. Да, има неколку фази лазењето ќе тргне наскоро кога ќе ојача раменици и нервен систем кога ќе се докомплементира.
Леле прв пат во 9,5 месеци син ми заспа во 10 саат просто не можам да верувам колку е убаво чувството да ти заспие дете рано и да знаеш дека ке си спие и да одмориш мозок и да фатиш нешто низ дома, мада јас сум на штрек ако мрдне одма трчам у спална за да не се расони а плус ова може да значи и да стане сред нок и да се расони па ке видиме како ке е. Позз мајки имајте убава вечер и на тие што ви спијат малите да знаете дека ви завидувам
До сега четвртиот скок го имав осетено, заедно со регресијата во спиење тогаш. Не беше ни нешто посебно, брзо се среди. Епа еве два дена како го осеќам шестиот скок. Ужас. Имав симнато слика од скоковите од форумов, од вчера сме баш на громчето. Да не веруваш колку до ден е погодено. И лепенка невидена, само мама па мама. Спиена е еднаш денеска. Не знам ни од кај и е силава да вика. И тоа не плаче, вика, вришти, не сака ни да цица, ни да си игра, само до мене да е. Едвај се истуширав денес. Скоро 11 саат е, покасно од 9ипол не седела никогаш. Да не и избегам. Ужас. Немам друг збор да опишам.
Секој ден заспива околу 12 и спие докај 9 сабајле со често ама ептен често будење за цицање па се врти па некои акробации па нишкање за да не се ококори. Кога слушам некои им легнуваат 8-9 и спијат до сабајле до 8 просто не можам да поверувам Добра нок Едит прво будење и презаспивање на цицка барем саат да поспиеше без да се разбуди
Одма да се пријавам, станати сме од 7ч, ноќеска броев и јас стана 7 пати, цицаше и презаспиваше аман веќе, една вечер ќе поспија, друга дупло ми станува ваква сум. @aceee99 да ви се редат бели како бисерчиња
Eve uste sioe cela noka bese so temoeratura niskanje nz da stane sega i na lekar i vakcina imame za beleg na raceto ama neverivam dek ke ja primame
Мојот спанко го 'урочив' изгледа јас Таман почна да заспива околу 23ч (@Dina911 те разбирам многу убаво како е), еве неколку вечери по ред заспива и после полноќ. Синоќа конечно заспа во 15 до 1. И сабајле се разбуди свеж во 5:30 па до 7:30 сакаше да си игра со нас. И вчера така ми направи Јас како исфрлена од поплава доаѓам на работа.