А оти мене не ми текнало да и дадам формула од чаша досега. Вода пие исклучиво од чаша за жал бебево мое не се научи на цуцла никако и точка со шишиња. Утре ќе и дадам од чаша формула ако ми успее те частам.
Воспалението на бронхиите во најголем број случаи го предизвикуваат вирусните инфекции но можат и бактерии. Бактерии знаеме како се пренесуваат а кој вирус ви е закачен по дома и колку дена му е инкубација кој може да знае, освен ако точно е испитано за кој вирус станува збор. Ти сепак изолирај си бебе.
Значи секоја година ова време фаќа бронхит, за што станува збор. Се плашам за беба а мм вели не се пренесува.
Ваљда е некоја последица од алергиска реакција на нешто, што го има во овој период од годината (претпоставувам некој полен или сл.) и во тој случај не е заразен
Kas cel zivot stradam od hronicen bronhit mene mi se ponovuva sekoka 2/3 godina ama donsega nikoj go nema prefateno od mene
Исто брат ми од бебе има бронхит, а да го видиш маж голем, расен па и вежба ете фаќа, 3 год сме разлика, еве јас 30 год не сум фатила бронхит, сега пред 2 месеци имаше мајками и идеше кај нас и ние одевме, никој ништо не фати. @BabyT* ако ти е страв, изолирај ја бебка за мирна глава.
Незнам што се случува последните неколку дена (вечери). Со Фримајнд изгледа ќе се натпреваруваме. 10тина пати стана, де давсм града ќе шмукни малку ќе се развреска морам да правам ад. Синоќа незнам колку пати стана и неможев со ништо друго да ја смирам освен млеко да и направам. Неможам да издржам преку ден. Ај, викенд сега дома сум ама преку недела не сум. Ми се смачи, и пцуев се со ред цела вечер. А и разлошена, ако не е по нејзино само вреска. Вчера не сакаше ни да ми јаде. Касна малку гибаница од сабајлето. Ќе си умрУм. @monik55 прекрасни колачиња, нека се здрави запчињата, да се нижат како бисери.
Свекор ми колку ја чува никако деде да каже се нервира Кажува Мама,Тата,Баба,Тете Прави браво,Чао,да Пукне,игра на песни,вика ајде и ало ало И прави не со главата ако несака нешто,играме Ѕе се крие,се чешла сама кога ќе си го види чешелот Мислам се ме разбира кога и зборам само незнае да врати и никако нејќе да лази само се исправа сама и стои ако се држи за нешто Што прават друго вашите на 9+ ?
Значи капа ви симнувам на тие што ви стануваат бебињата по 10 пати во текот на ноќта па и повеќе . И уште се трудите да доите, стварно сте за восхит. Синоќа малата ми стана 6 пати, со врескање, само на града се смируваше, не верувам да беше толку гладна, но цицаше и по пола час, муцето како првосмукалка, штом сакам да ја тргнам, таа усисава. Пре пре напорно. Дефинитивно е полесно во текот на ноќта да има период кога е будна 2 часа и да си играме, одколку вака станување често и врескање. Мислам дека се ближиме кон громчето во 5 скок, па затоа овие промени. @monik55 Алал да ти е за колачињата , бели, бисери нека му се редат на малиот.
Мајки со бебиња 10+, 11....ве фаќа еуфорија за роденденот што следи или јас сум отишла со паметот? Веќе размислувам, по малку организирам и едвај чекам. А имаме уште месец ипол
@LoveHope Мене така ми правеше,два пати ке цицне и почнува да вреска...Или немаш доволно млеко или па не го заситува..Јас затоа се откажав од доење и преминав на АД..Дете само врескаше и два саати сон не сврзуваше. Откога е на Ад и помирен е и подобро спие.
Бебо мој има уште еден заб, излезе втората долна единица. Можеби затоа стануваше две ноќи по ред да си игра во 5 сабајле Синоќа заспа околу 23:30, стана околу 8ч да цица, и спиеше дури до 11ч сабајле. А и јас со него се наспав искрено. Како што сум настината, грло ме дере, нос тече, само да не го префати него. Инаку и јас гледам декорации за роденденот.
6+ и веќе имам нарачано еден дел. Не планирам слатки маси, се заљубив во декорациите @AngelOfArh што ги постираше еднаш, па планирав да и пишам ако е тогаш слободна да ми смучка нешто слично . Облека не знам што ќе се носи, само знам дека нема да бидеме усогласени мајка и ќерка. Кејк смеш исто договорено. Ние и крштевка ќе правиме во ист ден, па тука ќе има уште организирање.
Вие сте понапред со месеците на бебушките па да ве прашам. Знам дека со тек на време пелените со каки се намалуваат, а со урина? Или исто мочкаат многу и понатака? Ме интересира дали има разлика колку пелени користите дневно во просек сега, споредено со првите месеци?