Секако дека се намалува бројот на пелени. На почетокот какаат почесто, затоа и повеќе трошиш, како растат, ќе се намалуваат столиците, ќе дојде на 1-3 столици дневно, а повеќе ќе бидат мочкани пелени. Нема да се зголеми количината на урина нешто посебно. Така што, од 8-10 пелени дневно во првите месеци, после паѓа на 4-5 пелени дневно. Можеби и повеќе. Ама се зависи од детето.
@Annath ај дур си тука да прашам уште нешто.. Претпоставувам уште лактацијата не ми е изрегулирана... Можно е после месец ипол да ми надоаѓа и повеќе млеко од претходно?! А не дека немав.. Ноќе повеќе спие, помалку цица па на утро градиве ми се преполнети и тврди. А дење си цица нормално. Лакома е, често цица. Полни пелени нормално, и пак деновиве и дење градиве ми се цело време полни... Нормално е?
Нормално е. Ќе има периоди кога градите ќе ги осеќаш преполни, но и периоди кога ќе мислиш дека немаш доволно млеко. Ќе се среди со тек на време.
Ги имам со клунче сите модели и меџик чаша али она сака од капачето да пие. Жена. Дај линк да видам што декорации се. Сакам да ве прашам што поклон ќе им купувате? И за Божиќ и за роденден.
Еве ме и мене да се пофалам со две забчиња долу конечно јеиииииии Али затоа синока кулминирираше и со неспиење и со будење и со цицање, ама срека мајка ми беше тука па заедно поминавме. Едно време таа ми вика легни јас ке седам со него, може веке 3 саат фати и додека она му пееше песнички во сон сум и рекла аман доста веке прекини аххахах. Позз мајки кисс
@FreeMind а да и дадеш од чоканче Леле се смеам,а моево е исто ја купи играчка,она маска за телефон глода.
Јас со страв пишувам будала да не испаднам, а оно најназад сум била си велам торта да си нарачам да не ми се смеат таму многу рано. Од утре и јас се пуштам во акција
Да,да,нарачувај Кажи таму,мајките од Фемина,сите до една многу порано се спремаат Ние сме 9+ и јас разгледував,само да нарачам останува.
Има и др тема за роденден, таму пишевме пред некој ден, моево е декември јас почнав да си порачувам од Алиекспрес тема Мики маус, а детево врска нема кој е ама тоа што сакав не најдов и сменив тема, па од година сам ќе си бира.
Kade vo SK mozam da kupam od tie dekoracii za rodenden? Vo jumbo nema golem izbor. Sakav od Aliexpress da poracam, ama se plasam deka nema da stigne do polovina na noemvri. Kasno se setiv...
Сигурно нема да ти стигнат. Има фирми организират во Скопје за родендени можеш и така ако имаш планирано финансии за декорација. На фб пребарај ги не знам колку чини ако знае некој нек ме дополни. Или (ама немаш време со близнаците) сама да си декорираш и направиш. Имаш туторијали на нет за се што сакаш.
Taka se i mislev, deka nema da stigne. Ne mislev na vreme, a i nikogas nemam naracano od tamu. Sakam da napravam sama nekoi raboti, ako ima vreme sekako, bidejki ni e zurka sekoj den i nok. Ama sakam i tie setovi (salvetki, slamki, casi) da najdam.
Одамна не сум читнала во групава заборавам дека бебето ми е веќе големо 9м Толку многу цитати ставив што на крај се откажав па ќе пишам вака што ми текне што сакав и јас да се надоврзам.. Тргнувам на работа за некој ден, оставав бебка да се навикне со баба и ја зимав во 4саат, лошо е што работата ми е во друг град и патувам зависам од превоз па нема да можам да си одам порано или покасно.. Имаме проблем не ми пие ад, ко помала пиеше хип 1сеа 2ката не ја сака со сила две три голтки и јас се мислев да сменам со 1или евентуално со холе некако од нив повеќе ми ги прифати кашичките и кутиите, само се мислам да не и биде голема промена па да си ја барам бељата Навечер станува два пати некогаш три некогаш на саат ипол зависи од денот каков е и ако ја боли нешто Гризот од хип јас го давам така навечер го правам со вода и го сака најмногу. За гризање само да ме начека на образ и брада партал ме прави, има 6 заби, раце прсти веќе вообичаено гризе, за гради два пати ме има закачено лошо и ја скарав и не и дадов да цица вечерта и заспа од умор сега ја осеќам некогаш боли ама ептен на крај на заспивање кога више нема што да јаде изгледа.. Прв пат после 9 месеци мм смени пелена и тоа какана му се погоди со се алишта мењање комплет јас отидов на фризер и козметичар, му ја оставив и ми вика само што излезе ти напуни пелена, викам тоа од среќа детето дека ќе ја чуваш И јас бев на свадба среќа па не платив шминка сама се средив зошто се вратив после саат ипол :/ се утепа од плачење не можеле да ја заспијат, навечер е навикната со цице, од шише неќе да пие ни измолзено За црвенило и осип само судокрем, највеќе цинк има, моево се нафрли доле нешто ама ептен мислам дека од кога сменив влажни марамици два дена и после пак се вративме на старите, еве сеа и се повлекува полека и ставам и газа одозгора од кога ќе ја намачкам поминува побрзо така Роденденот ни е во декември баш на св никола божиќ ми бил секогаш најубав празник и со душа сум го чекала и по термин малава требаше да се роди на 6-7 јануар амааа излезе друг божиќ да фати @FreeMind текстот преубав Иначе од рубриката жени без памет во бременост и со бебе, во 9ти месец со толкав стомак и препораки за одмарање, барав елка за нова година и бирав плочки за во купатило и кујна Цела недела ја носев кај мајка ми да ја чува и место да одмарам и да прошетам јас чистев дома се Како помош за брачни парови најдете нешто што сакате заедно, макар и гледање серии или пола филм зошто се знае дека пола се преспива не е се вечно и овие деца ќе пораснат па ќе има малце повеќе време
Дали вашите беби се лутат? Ако не и угодам она како сака - плаче. Ако и тргнам нешто од раце-плаче. Ако не и дозволам нешто да праве-плаче. И така натаму... Моето е разгалено или низ таква фаза минуваат сите?
Само да и допреш нешто што има во рацете плаче. Тоа се мислевме дома како бебиња воопшто не сме биле скржави баш напротив се делевме. Али бебево како да има некоја скржава жичка во неа сите играчки врз неа стојат ме плаши како ќе биде во градинка плус таа особина не ја сакам како човек стиснат скржав ми се дно дна. Може ќе смени, може и такви се во овие месеци само нафрлам. @Bupalu ај сликај ми го гризот од хип кутијата да ја видам. И со лесно на работа па и во друг град мора да си од Велес ) (се зезам) Имам голем проблем со чизмички на нозе за надвор оти е во кенгур. Прета и ги соблекува. Да не откривте финта како тоа да го спречам или кој модел на чизми да и купам? Оние што се како со волна надвор за пет секунди ги соблака во лет. Со налепници на глуждот исто. Патичиња со врвци исто.
А шо ќе и се обувки кога не оди. Обувките се само за личотија. Облечи и подебели чорапи и оние меки како калчуни, сега бар има какви ти душа сака од убави поубави, нема потреба од обувка кога дете не оди. Не се скржави, едноставно не се свесни уште дека целиот свет не се врти околу нив, тек ќе почнат да учат.