Форсирај на меше за да може да ги зацврсте мускулите. Зборувам форсирај и да плаче ако тоа е најдобра вежба. За седење и не е толку касно ама треба да е стабилна во вратчето.
Интересни ми се овие прашања во множина Јас не пијам ништо оддамна сум затворена, а за малава ако мислиш на Д витамин и земав капки сега 5 на ден. Д со флуор е една таблета на ден.
Леле мислам дека не ме разбравте убаво, извинете. Таа си го држи вратот ама на моменти како камбана и се треси, баш ќе видам што ќе кажат на прегледот. И јас сум била иста како неа На моменти страшни филмови ми се вртаат низ главата, недај Боже да има нешто А почна да ги фаќа работите, до пред 2 недели ни тоа не го правеше нон стоп со нозете мрда. @FreeMind мислев на д капките ние примаме само по 1 апче на ден, и на последен преглед ни кажаа да продолжиме само со 1 апче дневно.
можи имам 2,3 пати пишано во множина, ама и 2,3 пати дали се, иначе не зборувам никогаш во множина искрено глупо ми е мене лично, јас сум едно, бебе е друго лице, а и пред да имам бебе кога ќе слушнев некој така да вели Ние сме... Ние имаме... ептен ми звучеше неубо, смешно извинете ако навредам некој. Баш сакав да пишам пред некој ден на темава за ова НИЕ. Синко заспа рано денес, кој знај што не чека допрва се плашам од ноќва.
И мене не ми е убаво и ми е глупо ама знам да 'излетам' некоја фраза. Мојата вчера заспа во 8ч стана во 10 и до 12 око не склопи, еве сега пак се успа во 8 неможам да ја држам будна никако, плаче се тегне, очекувам пак да стане.
Какви заебанции имаше за оваа множина што никогаш не ми текнало да ја користам. Паркерче не за џабе на име ја пишува гарант имало и таму заебанции)
Кога почнавте да давате обична вода од чешма на бебињата? Не оти моето пие многу, ама дали уште да превривам? Скоро 10м е.
Одамна не превривам. Давам роса флаширана. Не ми се исплаќа за 2 капки да превривам. Башка мн грозен вкус има. А и шо логика вода превриена кога се од земја во уста става. Под маса трошки наојѓа и ги јаде. Јас до 4 г пиев превриена и поболежликав човек од мене немаше. Од 365 дена јас 367 дена бев болна. А
Почнав да добивам прашања Како сте, јадевте ли, спиевте ли, и јас почнав да одговарам добра сум Ви благодарам, не сум гладна/јадев веќе Ви благодарам, ама нема потреба за персирање блиски сме си и видоа не видоа сега и они ја викаат Антонија или бебушот што прави Инаку кога веќе земав да пишам нешто, и да прашам нешто Што давате за вечера? И дали дадовте млеко како замена за мајчино за некои подои и какво млеко, какво млеко користите за подготовка на каши, јас ги правам со вода житните на хип, кексолиното, оризот и палентата. Досега реакција на ништо не ми покажа, дај Боже така да биде и понатаму. Омилено и е праска со банана од овошје, а од зеленчукот се што содржи морков и батат. Утре планирам за доручек во бананата да и уфрлам 1/8 жолчка, ваљда ќе биде доволно за да видам дали ќе има реакција. Друго абер нема од заби, ама колку и се тврди непцата, си крши бисквитки и си рупка и си грицка (не шмока) смоки на лино што се флипсот.
Мене ми е шубе од чешма да и дадам вода. Ни јас самата доле не пијам покрај толку прекини на вода па кога ќе протече кафена, па азбесни цефки каде сменети каде не, контрола на квалитет, оддржување под знак прашање, итн. Флаширана најубаво да му даваш иако овде докажаа дека водата во пластиката е со полош квалитет од чешмовача. Јас од дм и купувам за бебе флаширана од 0,2. @S.J.Parker млека сите ги имам во мали шишенца и ниедно не го сака. И ги ставам во каши и пире кои не ги јаде. Досега ниту еден оброк не и заменив со формула. За вечера давам исто што и појадок млечна. Житарица со овошје не мине. Овошје за ужина јаде со сласт свежо. Убаво си ги одвикнала од множината Ако некој има користено мали млекца за веднаш употреба да ми слика каква цуцла се става на шишето зошто веројатно сум глупа и не сфаќам кој модел на цуцла да го барам. Овие дома од шишиња стаклени и пластични се големи и не пасуваат на тоа шишенце.
Сега скоро почнав да заменувам еден подој со АД, земав НАН 2. Сега на 8ипол месеца редовно има едно шише на ден, и веќе ми се изрегулира лактацијата, не ми пречи што го прерипувам тој подој, па планирам од 9 месеца и втор да заменам. Така кога ќе тргнам на работа веќе ќе биде само на цицање сабајле и навечер, денски да нема проблеми. Со истото млеко ги правам и инстант кашите што бараат млеко во подготовката. Житариците насабајле ги правам со вода и овошје, а навечер со АД.
Фри јас таква цуцла видов само во болница кога му дадоа млекце на моево, не сум видела до сега во дм или росман некоја таква, едино во аптека да прашаш. На тие од аптамилот пишува вака: Classic-Sauger mit Schraubaufsatz Durchmesser von 4cm.
Бебо мој изгледа настина Пред малку се разбуди со мрсули во носот, едвај ги извлеков со аспираторот оти плачеше. Киваше вчера цел ден, а еве и сега. По малку и кашла суво. Ќе го носам после на преглед кај матичната да види дали има црвено грло. Што правите во вакви ситуации? Прв пат ми е вакво бебето, се плашам.
Обавезно прво к. Слика, па според тоа ќе видите што терапија треба. Уствари матичната и ќе ве упати што како. Еве и мојава некако шмрчка и кива. Вчера три пати мерев т од страв, нема уште кренато. Пред 3 дена ја носев кај матичната изгледа таму закачи нешш. Се надевам ќе поминеме само со кивање овој пат. Инаку за т над 38 со 5 ќе му даваш сирупче какво што користите за т, капи го и разладува го,а ма пази да не го донастиниш сега е ладно времево. Со лесно да му врви.