Ти пишаа веќе ама и јас да пишам, само Судокрем, ќе се излупе па ќе се обнове кожата, биди упорна. После миење убаво суши а кожата и смени пелени.
Немој камилица мајка.Миј со вода само. Ти пишаа судокрем или евентуално ако имаш некој да ти даде мелем од кантарион.Стариве го прават,тоа прави чуда.
Na moevo isto taka mu se vcrveni rani se napravi cel se probav nisto ne pomogna samo edna krema cikaplast bukvalno za 2 dena nisto nemase poveke
Девојки дали вашиве на 10 месеци си ја трескаат главата ако не добијат нешто?Пред малку одвај го смирив.Плачката почна зошто сакав пелена да му сменам.Почна хистерично да плаче да ја треска главата од земја.Несакаше ни да го земам во раце.После тоа приметив дека доле непцето е напукнато кај двојките.Незнам што беше ова или сум заборавила к8га почна вака првото дете или ова порано го прави тоа.Искрено ме исплаши тоа хистерично плачење.
Иста е и мојава, на 10 месеци почна да си треска главата од земја и плаче. И јас сакав тоа да прашам дали е нормално тоа.
Мајки, беба до сега еве 8м си имаше многу мазно лице, освен дерматитот кој го имаше една недела изразен. Сега цела е по лице ситни брунчиња незнам од што е. Дали може после користење кортико вака да и се прави? Може е глупо прашање ама само тоа го има 'ново' примано/користено.
9 месеца има, и не се треска, ама вришти. Ако нешто и речам не или и земам од раце, мора да повика 1 минута, глуми плачење, и кога ја игнорирам си прекинува. Најлошо е за мењање пелена зошто не и давам да стане, и додека да ја облечам се дере. Сметам дека е нормално да учат дека не може се да добијат, и бидејќи генерално до сега било се бебе А и мама НА, се соочува со реалноста. Само конзистентност и ќе се навикнат дека џабе драматизираат.
јас почнав денес на работа,едвај се разделивме со беба сабајле некако ептен ми беше тешко уште сум на работа еве едвај чекам да се вратам уште пола саат имам барем знам дека е во сигурни раце мајка ми ја чува На работа ок брзо летна денов додека се видиш со сите па и работа имаше и добро е,ама во памет цело време ми е дома да сум ни почнува скокот сега,ќе си биде тешкичко
Мојот качи 39 темп,дадов одма чепче парацетамол,се симна на 37,го однесов одма на лекар и правевме крвна слика. Крвната слика е добра само грлцето малце црвено. Вечерва ќе дежурам и ќе видиме како ќе биде.Со маж ќе се испоколеме,ме земаа од работа а бебе облечено во едми предебели тренерки со елече и термо чорапи и гореше од температура
На моето еве 4 дена му течи носето,матичната ни даде септаназал, дали некој го има користено? Нема ништо на грлото, нема тт ама носот течи ли течи сега скоро цела ноќ на цицка спие, неможи да диши и само цицка бара. Денес 10 месеци со синко од @happygirl
Мамички. Не знаев кај да прашам. Со што го чистите подот. Моето бебе е малечко, ама сега размислував нешто кога ќе почне да лази. Јас користам пронто (зелено) за плочки, и пронто (жолто) за паркет (мојот паркет е мат и секој ден го пребришувам бидејќи капка се познава.) Генерално употребувам средства, но сега гледам да намалам.
Можно е, исто вака во јули 3 недели му течеше носето па ги извади горните единици, ама сега малку како задебелени и лепливи му се. @drugarka исто за паркетот пронто жолто користам.
Чисти си како и досега , нека се свикнува детето на се , нема потреба од чување во стаклено звоно , како ќе биде утре кога ќе протрча надвор , нормал нема да користиш доместос или такви глупи јаки чуда, ама Пронто и сл користи си во нормална количина , јас или со пронто или со ајакс чистам од секогаш , малата е 2ипол год , со јаки средства строго навечер кога ќе се успие чистам се др нормал си терам ..