Хаха да, се сеќавам на муабетот Мила Баш така, оди се кајшто не треба. Паѓа и моето и плаче после нормално, ама после не го прави тоа. Вчера лазејќи се занесе нанапред и удри со челото во ногарката од хранилката, денес е со џумка. Ама така растат
Оо среќо, предтоа ќе а фанам и нема кај да мрдне, сега вриска, мава, гребе, апе... Ќе осетиш за некој месец
И јас така си викав пред месец ипол. Дури се свестив сега сама искача на тераса. Среќа залади, па затвараме врата сега
Како стоите со подои кога јадат нормално? Почна да јаде нормален појадок од 90-100 гр, а од денес и ручек изеде 60 гр. Обично станува во 7, цица, околу 9 цица пак и заспива. Подојот во 9 го заменив со појадок(иако после тоа мора да цицне, ама тоа не е воопшто количински), ама после тоа до 1 не сака воопшто да цица. Во 1 спие пак, па тогаш ќе поцица. Околу 3 и дадов ручек, и сега верувам дека до 6 сигурно нема да цица. Вода пие 50 мл вкупно, а и тоа е со маки. Прашањето ми е дали е нормлно ова? Малку да не и е млеко? Мене градиве ми се преполни, ама тоа ќе се среди.
Не е малку, на почеток цица од навика, потоа ќе си почни да не цица после оброк, лактацијата ќе се среди сама според потребите на бебе, сега има 10 месеци, па цица 2 до 3 пати дневно, а ноќе цела ноќ е сега ноќе не цица количински туку си ја држи како цуцла. Ко почнав на работа не цицаше 6 саати, одма му давам да цица кога се враќам и одвај ме чека првите неколку дена ми се полнеше градата и ми се правеа грутки, сега веќе не. Ако имаш мака малку одмолзувај.
уживај. За кратко ќе си го бараш мирното бебе назад. Ја мислев дека го имам најмрзливото бебе на свет. До толку што дури ортопедот ме караше да го ставам почесто на меше. Ја не го ставав дека жал ми беше што плаче. Престанав да си правам психички тортури и го оставив. Си велев ако сака и на година нека почне да седи, мислев до 2 нема да прооди. И во рок од еден месец (околу 8ми) почна да се врти на меше, па несака на грб, да лази, да седи, да се исправа, да се качува, да пушта чекор и еве го сега на 10 месеци се прави и оди додека го држиш за едно раче. Значи не ми се верува буквално преку ноќ. Како од бебе да се претвори во дете. Абе до 8ми незнаеше да седи... Така да уживај додека е мирно. Сеа незнам главата кај ми е
Ми качи во 1 часот дадов чепче и не ја симна качи 39 дадов Блокмакс сега и заспа. Што може да е ова незнам од памет сум извадена.
Ние сме тука некаде, стануваме околу 8-9 цица па во 11 има еден цел оброк од 120-150 грама каша, потоа цица тек во 15 часот. Измеѓу може да понудам вода и знае да испие 40-50 мл. Потоа цица на 2 и пол 3 часа. Овие денови во план ми е да имаме уште еден оброк само се чудам кај да го вметнам . Дали одма кога станува или некаде околу 17 часот. Незнам утрото дали ќе ме дочека да и спремам. Затоа што ако почне да плаче не се смирува со каша, мора да цица. Градите ми се средија за една недела од кога почна да го прескокнува тој подој во 11.
Јас знам дека појадок најдоцна до 9 се дава, па така и се водам. Таман и доаѓа затоа што во 7, 7:30 станува. Педијатарот ми рече дека може да почнуваме со ручек, па денес и дадов во 3. И распоредот да е млеко, појадок, млеко, ручек па млеко до крај. Не знам дали е касно заради вечерата понатаму, ама ќе видам деновиве. Некако малку цицање ми доаѓа, а навечер еднаш, максимум два пати цица. Многу ми е страв од мастит пак, иако градиве само ми се потешки, не ми жежат, нема грутчиња.
Кај мене со една ужина некогаш вечерата ја одбива. Наутро појадок околу 7, заспива на цицка 9-10ч. Овошје во 12, заспива во 13ч на цицка. Ручек у 15, заспива или не во 17ч и во кревет е 20/21ч заспана. Од 15 ч додека заспие цица два пати. Некогаш вечера, некогаш не. Вечерата е од 18-19ч послужена. Три цели оброци немала еден го одбива секогаш, зависи каков и е денот, може и се да одбие нели
Многу пати го спомна зборот, мирна, мноооогу е мирна. Ме скрена од што е мирна. Неможам да се измочам од што е мирна. Нон стоп е со баба и и не е учена сама да седи па штом некој и избега од видик врескање на ниво.
Ниту моето. И ме фаќа паника. Да лази не знае, го дига газот и се врти настрана. Само со дубакот трча по дома.
@paleska3 Браво за вас сте стасале до втор оброк,ние уште почетници.Сепак јас почнав точно од 6 месеци за малиот,некаде пред две недели ,вие мислам порано,малку сте понапред ,ќе делите совети/рецепти . Малиот од овошје и зеленчук ги има пробано сите ,оние првичните мислам,сега ќе почнам комбинации од нив.Јаде се ,обожава авокадо (и јас) и пашканат.За мое изненадување не сакаше вода никако од шише а мислев ќе пие зашто до 2ри месец пиеше од шише измолзено, изгледа заборавил,си игра со цуцлата но од чашка со клунче се долева, пие и плаче ако му ја земам ,незнам колку е препорачливо на почеток? Некако сето ова со дохранава ми е ко шпанско село, каша попара,мислам и @***Bony*** имаше прашувано ,ние тука некаде сме,еве денеска касна повеќе и два пати ми прескокна подој а таман ми се среди лактацијата, сега пак ми се преполнија, навечер цица почесто,дали тоа значи дега е гладенили да го препуштам на скоков. Овој 5ти скок многу плачко ми стана,во авион на враќање сите не слушнаа. Заби нема уште ама многу е нервозен и се ќе изеди пред него,Софи партал ја прави. Кај тебе како е малата? Хаха од дохрана отидов до скокови ,да си кажам јас ,подолго немав пишано.Ве читам поздрав
Испитавте ли кр.слика после 24ч од тт? Кај мојата беше црп покачено па примаше и антибиотик. Едит: Сега те прочитав во другата група, кај мојата после 24ч од тт покажа високо црп и исто црвено грло ама мислев дека е од многу плачење значи се откорна детето. Пиеше цефалексин, али тт траеше 2 дена после беше со 37.4 уште една ден.
Одма испитав и добро беше,ако ми качи денес пак ќе испитаме. Вчера дадов блокмакс па пак ми качи дадов чепче и еве од ноќеска е со 36 со 5. Се надевам толку беше,се секирам за после дека сум на работа да не ми качи пак. Ама како е размазен лелее само приплакува.
Ако има пак тт сигурно ќе ти се јават, да ти кажам да не се грижиш, неможам и јас бев иста. Ама би рекла дека е вирусот и дека толку трае, па денес ќе биде мирно. Како и да е нека следи тој што ќе го чува.
Не ми се верува уште два заба испаднати утринава доле кец и двојка и втората двојка доле има врв искача. Седум заби досега и еден во очекување за само месец дена. Немогуќе.