Добро утро мамички не сум пишала одамна тука Сите бебки што имаат нови запчиња да ги редат ко бисери На моето му излезе и вториот долен кец за сега имаме 2 запчиња на скоро 9 месеци Синојка поврза 5 саати спиење за чудо и стана само еднаш за цицање дури јас се будев да проверам дали дише ви се случило вам такво нешто дај боже секој ноќ да спие така убаво да бидам и јас наспана и одморена Имајте убав ден Едит:за една недела тргам на работа како ќе биде незз со маж ми ќе се чуваат а се чуваа и вчера јас бев малку на шопинг кога дојдов ни дете нарането боди наопаку облечено леле мори мајче
Еве да ти биде за утеха, еднаш дадов на маж ми шпикозни и му викам облечи ги на бебето, да се спрема за спиење. Он и ги облака над алиштата што ги носи Требало да објаснам поубаво дека треба да ја соблече пред да и облече нови алишта. Не знаев дали да се смеам или да плачам. Ќе научат, не се секирај. За една недела ќе фати ред.
Ме изнасмеа жено.Мојов е да бетер.Во почеток пелените се нели со индикатор за влажност,и така знаеше мојов дека е помочкана. И земавме за проба дајперс.Кој ги користел знае дека внатре се со огромна виолетова облога.И зема ми вика "АИИИИ КОЛКУ Е МОЧКАНА" кога гледам сува.Абре му викам,како проверуваш ти? Па по линијава ми вика
Богами треба. Абе,мојов нема фат т.е не му е вродено и џабе.Ќути се наога некогсш на минута да ја причува Али коса ми се крева кога ке ми рече ,кога ке имаме второ ја ке ја чувам малава.Таман ке знае и да збори. Абе ај,многу паметен бил
@srekice @Spidy @mama*rose мојов само неколку пати го имаше преслечено и тоа мочан само за какан несакаше, прва сабота на работа бев тпј го чуваше и одма од сабајлето какан синко и тоа многу јас си се смеев на работа, не ќе менуваш, море ќе смениш и 5 ќе речиш, ми помага мене мн неможам да се жалам
И маж ми исто вака вика. Баш да видам, ќе паднам на газ од неверување. Значи многу ја сака малата, сите кејфови ќе и ги тера, сигурна сум, ама најадена и пресоблечена дали ќе биде ќе видиме Пази да не му кренам. Работно време ми е 7 саата, ако мочам за тоа време среќна сум. Нема шанси да му изигравам повикај пријател. Ама па ќе се јави кај мајка му, и одма имаш дојде пријател да ти помогне
Немам јас проблеми со менување пелени, облекување и хранење. И покакана да е ќе ја среди и ќе ја одмие баш како што треба. Само бидејќи е паничар на векот се тоа го прави полека полека, да не ја повреди, да не ја скрши мислиш порцелан родив. Така да едни хулахопки додека и ги облече ќе смрзне бебе. Како трапав во рацете да е. Исто и со храната полека, по малку на паузи. Не требало така наеднаш ќе стекнела лоша навика. Јас само што гледам се нервирам. Али пак он почна со дохрана бидејќи јас немав гз и така се поклапаме. Он става чепчиња во гз, он мери температура, прави инхалации, аспирира нос.
Исто и мојов се прави, ама со јадењево и хулахопкиве се поклапме скроз. Му викам прееска да и даде да јаде, јас да се спремам, бидејќи требаше да излегуваме. Ја седна во хранилка и почнаа. Ајде татино, отвори уста аааам. Па ја брише после секое лажиче и ми се врти и ми вика "види детево колку педантно јаде, цело е на мене". И така пола саат се ранеа и на крај беше жива вода. Вчера исто почна да и облекува хулахопки, јас бев до тоалет, се нашминкав и кога дојдов само што завршуваше со облекувањето и почнуваше фустанче да и облака. И мртов ладен ми вика слободно исфенирај си коса додека да завршам. Ама срцка ми е кога го гледам. Се топам.
Дали давате кисело млеко со овошје? За доручек јадеше ориз со круша, ручек ќе јаде месна каша со компир, а бидејќи денес измеѓу тие оброци нема како да цица, сакав да му дадат кисело млеко со малку банана или јаболко, да го држи до ручек? 8+ сме, обично ми го носи сопругот на пауза да цица ама денес излегуваме од шема
@Nalla Јас давам павлака со банана и си јаде. Кај нас помина температурата ама сега има осип. Туку сакам да ве прашам кај вас како сте со килажата? Јас за многу краток период ја вратив мојата килажа 59 кг но па за многу крсток период за два месеци ослабнав 8 кила. Дали е нермално после доење бременост или оболев нешто. Буквално се виси на мене како на закачалка.
Додека се дои може или многу килажа да симнеш, или да не можеш да симнеш ич додека не престанеш сосема со доење. И двете се нормални, зависи од метаболизамот. Ако сега симнуваш многу, најверојатно ќе си ги вратиш кога нема да доиш воопшто.
Му најдов лек на моето шпанско село си го купив прирачникот и сум многу хепи, а и по тоа што читам на добар пат сме. Немам веќе мислачки дали ова или она или кое со кое оди. Си купувам од вечер и нестрпливо чекам да станам за да и приготвам нешто За скоковите секогаш бев тапа неможев да се замарам и неможам, менува од ден на ден спие неспие ама на крај и тоа ке помине и ние сме биле исти па еве не пораснавме За подојот после оброк кај нас е обавезно ако не е на цице како да не јадела гледам бар еден час да има поминато после јадење а и навечер ми станува еднаш сигурно. Се учиме да легнуваме порано во 22ч а не во 2ч па обавезно станува да си го земе делот и заспива во 7/8 и толку денот почнува со пеење. Многу пишав користам додека можам пиши следи време за летање по дома да искористам додека сме сами да ја изгњавам многу не ми дава да ја летам Поздрав мамички и бебушки Убав ден
Моето е 10+, и давам кисело млеко/јогурт со овошје како ужина, најчесто со банана или праска. Истото плус житарка го давам некогаш и за вечера.
Мајки дали давате од хип кашичките кои содржат концентрат од лимонов сок. На пример од праска и банана има и некои други што имам зимано гледам содржат. Да давам или да баталам. Инаку од домашно припремена каша може да ја дадам на два пати ,мислам на непробана стоена во фрижидер и да ја претоплам?
Ние пак се затнавме, носето ко река интоа одеднаш од вчера, дали е од забчињата дека горните кецови се готови, стварно веќе памет немам. Почна на месец и пол до два да ми настинува таман некој ред ќе си направи и се паѓа во вода жален ми е за гледање, не дава да аспирирам заоѓа од плачење и мава. На лекар викаат грлце ок, само секрет му се слева... А толку ги пазиш и пак ете..
За вториов дел можеш на два пати да му ја даваш. Само еднаш се притоплува и притоплена потоа иде во ѓубре. @monik55 направи крвна слика. 8 кг за после породување е океј али после десет месеци ми е чудно. Со диета најмногу е 4кг месечно здраво слабеење. Кај тебе е без диета. @Minnie 1 денес прв пат ја однесов во групата за лазење. Има бебуши од три недели до 12 месеци. Сите доле заедно на земја. Прв пат гледа бебенца малава на едно место не сме биле во контакт до сега. Не плачеше убаво се вклопи веднаш по играчките тргна. Ја удрија по глава и мајката на бебето ниту не да рече ништо. Само му ја тргна раката на своето. Моево искорна едно бебе за коса јас свикав не и почна да плаче. И сега размислувам да не ја научам со моето Не да не се брани од други дечиња во градинка? Едноставно го спушти “гардот” и се расплака. Многу во мисла ме стави ситуацијава. Не сакам ниту да мава, да каса, да корне во градинка, но исто така не сакам да ја научам да се трга и да ја маваат. Мислам тоа никако не би сакала да ја научам во пасив форма да оди. Во овој свет фините наебуваат. Што мислите?
Ајде да влезам со десна нога тука За почеток Се лигавиме и во права смисла на зборот ама и за мамасе само се врти од грб на меше па се лигави,во раце после 3мин се лигави бара се само да седи во скут и да пипка се што има на маса,да дофати и правец во уста. Лижи се,буквално и тепих Сака само да цица. А кога сме кај маж,он бега кога ке стигне до пелената. Незнам како може да се грози од каките на бебе,друго почна горе доле да знае со бебе да се забавуваат.
Мојата почна многу да удара, мава, греби и тоа свесно и намерно кога ќе се налути и јас и викам знае да се расплаче, а знае и да продолже со инатот. Сметам дека не треба без потреба да удара ама да се одбране доколку ја ударат. За тоа мислам дека е рано да и објаснувам Добредојде, каките стануваат пресмрдливи со јадење дохрана Јас по држам а мм е затоа лигле и одма на повраќање го тера