Добро дали јас и мм се единствените на кои не ни смрдат бебешките каки и не ни се гадни? Инаку најново звере мое почна да се пушта по 3-4 чекори. Па колку се мисли дека е сигурна, кога ќе тресне некој ден на глава не знам кој ќе ја слуша. Ама така се расте.
Почна и кај мене затоа го учи не што значи. Прва дилема од родителство ми е ова од денес. Не знам што е правилно. Смрдат корнат.
Јас мислам дека треба да им се укаже дека не е во ред да удараат кога не и давам нешто да земе/направи, а тоа за бранење си во право дека треба да се одбрани, но тоа би а учела наму 2-3 години да разбира и да праве разлика. Не сакам пак да ќуте и секогаш да страда, таква бев јас и уште сум си таква само сега во потешки проблематики.
Ама ако и викам Не од пелени ќе сфати дека другите треба да ја маваат, а она да плаче. Тоа го манифестираше денес. Не бе какво ќутење, нема од кого да го научи тоа. Никакво повлекување и ќутење. Учи ја спротивно од тебе да прави.
Не знам во каква средина сте биле, каков карактер била мајката, ама во вистинска градинка не ги оставаат за се корнат/маваат/апат. Или поточно би било ќе се случи, че апне, но веднаш му викаат не и му укажуваат дека е погрешно а потоа му споделуваат и на родителот за и он дома да работи на случајот. Средната тргна на година во градинка. Два пати апна деца. Веднаш ни кажаа да ја учиме на не и они дека истото го прават. Фаза од 2-3 недели беше. Помина. И она често идела апната од други деца, најчесто помали, во таа почетна фаза на адаптација или заби вадење. И јас ни беше кажано и пренесено дека родителите на другото дете се информирани. Јас лично учев на не и беше ефективно. Среќа и другите родители беа совесни па иако скоро секое од помалите дечиња ја имаше апечката фаза без драми и поплаки ја надминувавме во групата. Мислам дека повеќето родители би реагирале со не во случајот кој го опиша ти. Таа мајка ете не рекла ништо. Ама детето кога ќе си го остави таму воспитувачите секако ќе му дадат до знаење дека е погрешно.
Ми олесна со солзи размислувам дали негде погрешив денес. Ми требаше токму од тебе објаснување, фала ти.
Си викам Не, и ич мува не ме лази. Ќе дојде ден кога ќе разбира доволно да и објаснам што е правилно, и да знае дека смее да се брани. До тогаш, подобро да биде мирна. Јас сум тип што си сакам социјални правила, да си има ред во се, и без разлика колку тие околу мене со финти се снаоѓале, јас си останав чесно дете . Како мала сум била премирна за да некој ме закача, ама на 13 години имав рчка со соученичка која кулминираше со тоа што таа ми удри шамар. Не и викав, не се степавме, не ја вреѓав, само се инаетев за нешто што не и се свиѓаше и според неа беше во ред физички да се пресмета со мене. Денес на речиси 30 години сум си горда на себе што се однесував толку зрело на таа возраст. Навлегов во раскажување. Нејсе, сакав да речам дека пре би да имам премирно отколку пребесно дете. Мора да знае дека има граници кои мора да ги почитува. Логиката е ако некој претрчува на булевар не значи дека и ти треба да претрчаш, семафори постојат со причина (вака најпроста аналогија). Најмногу од се ми било битно да можам да воспитувам дете со збор. Подобро да викам Не по 70 пати на ден, отколку еднаш да ја удрам. Малата веќе разбира, тестира граници, ама ако свикам се повлекува. Дури и знае да направи Не со главата (два дена на се прави Не). За мене тоа е првиот чекор во воспитувањето. Мило ми е што функционира.
@FreeMind Истиот проблем,не знам што би ти кажала. И јас исто како ти пазам да не удри некого или не давам да му ја земе играчката ако некој си игра со неа. А него го буткаат од количките,му земаат играчки од рака,јас го учам да дели,нели и нас така не учеа.. Ама овие малку подруг менталитет се. Веројатно и вие на крај песнички во круг седнати пеете..Минатиот пат на синко му се здосади и почна баш да кенка и јас пошто си го знам каков е кога му се спие,тргнав да си одам. Воспитувачката буквално од врата ме врати сум морала да седам до крај,они пееа,бебуш врескаше. Не знам искрено,јас мислев да одам малку да си игра,да се навикне со деца,ама изгледа прво јас ќе морам да се привикнам.
И јас викам ,, не,, на нешто што сака да фати а не смее ама ова моево инат тера кога ќе запне за нешто не се разбира од,, не,, Мислам дека се уште се мали ама мора уште сега да се учат што треба а што не треба да прават
Разбираат НЕ. Уште од многу мали. Денес ме искуба, имаше една кратка фаза коа кубеше како помала, брзо и помина, ама денес некако другчие, како да се посегна баш со намера. Свикав, НЕ! Кога напраи тажна фаза, луѓе мои, мислиш сите бродови и потонаа. Кога ја земав во раце ме погали и се буткаше во мене да се гушка. Некогаш, па и кога разбира што е НЕ, продолжува. Ме гледа и продолжува, да види што ќе направам. Тогаш сум поупорна со НЕ, па почнува да се кара. Ако не се предаде, смислувам нешто да и одвлечам внимание.
Без песнички завршивме овде уште тоа ми фалеше. Посебни се со правилата нивни и оној лабав однос. Едно бебе лази и речиси му седна на три неделно бебе родено 2,7кг на глава и мајката на новороденово онака лабаво вика не се секирј бебево има одбранбен механизам за агресија Јас станав се препотив во секунда. Дома ако и земеш нешто плаче, а ваму и земаат и си ќути. Тоа ме израдува дека не е скржава како што мислев. Други бебиња буквално ништо не даваа од раце. Децава ќе се навикнат туку ние тешко богами. Инаку НЕ го разбира. И во овие 8-10 месеци учат што е не, а што е да.
Ај добро утро, на работа сум можам да пишам 2,3 збора. Имав напад на желудник пред 2 дена и бев на итна, па со инфузии се среди, сношти пак исто, само не отидов на итна поиздржливо беше, со спазмекс помина некако, имав вакви 2 напади лани во 5ти и во 6ти месец бремена, исто скорз ми беше само што лани си прележав 1 ноќ на патолошка, страв ме фаќа, сигурно од стрес е, на работа турбо со нерви, дома турбо, ноќе неспиење, хаос, утре одам да испитам крв и ехо ќе барам на абдомен, ова во скратени црти. Му велам НЕ на синко, некогаш плачи, некогаш за инает намерно оди пак кај што не треба инајџија ќе биди голем така ми личи. Многу е разборуван во последно, кажува нешто по негово, ново зборче му е еден, един само го повторува цело време. Нејќи в дубак, сака да патка, не лази а мислам дека нема ни да лази, дирекно на одење ќе биди изгледа се гушка, се гали, љубов покажува тоа ми текнува сега. Ве поздравувам
Нека поминува побрзо @lackygirl, веројатнотака ќе биде додека не се навикнеш на новата ситуација. Кога си игра мојата јас и викам дај ми и одма ми дава, кога јаде сама парче исто ми дава да си апнам доста е груба со мавање и кубење, но знае и да де гали. Праве браво, петка, чао, дојди, играе на песнички, си зборува некој нејзин јазик, стое и се исправа сама,чекори ретко но не е уште спремна, во главно е на земја и лазе, седе. Јас ќе поуживам уште малку додека не изразила желба да патка , да си го поштедам грбот
Штеди грб оти после тешко е игра и синко на песнички, многу се возбудува и мн е смешен, викаа ООоОо, прави чао и тн секој ден нешто ново, само спиењето по старо
Добар ден и од мене, Бебе ми сврза еве веќе еден час преку ден, треба да славам, ова не се случило 3 недели. Успеав да појадам, да се измијам коса, да подсредам низ дома, па имам време и тука да пишам. Што убаво да сврзува вака барем еднаш во ден. Пола час е многу малку. Од пред некој ден почнав и со втор оброк, но малата не прекинува да јаде додека јас не прекинам ако и се бендиса јадењето и потоа ми повраќа. Ако не и е вкусно затвара уста, почнува да плаче и толку, тогаш мора на цицка. Но кога и е убаво незнае за доста. Вчера два пати ми поврати пообилно . Инаку се труди да лазе,го прче газето и се поместува по некој сантим колку да си ги дофати играчките . Многу е смешна. Друго што и да дофати оде правец во уста, ако и се бендиса ќе го поглода малку ако не одма се фрла и се бара ново нешто. Дали вашите се кубат, гребат по лице? Мојата многу е нервна кога почнува да и се спие. Се купи за коса, си ги тегне ушињата, си кубе коса крвнички .
Ај и јас да најдам време да пишам. Од 6 скок ми се чини дека излеговме пред 3-4 дена,а 7 скок треба да ни почне од петок Буквално како скокот да траеше до пред неколку дена,проследен со неспиење,плачење,често будење,висење на цицка.... Неколку дена веќе се буди по 6-7 пати,отприлика на саат или саат ипол,ама цицнува малку и си продолжува со спиење. Претходно се будеше на пола саат и уште толку не заспиваше. Баш броев завчера,колку пати станувал претходно не ми се ни мисли И навечер заспива полесно,за 20-30 мин со нишкање и цицка. Ама како беше,добро е. Дефинитивно,6 скок ми беше тежок колку и 4 скок и буквално по 6 недели ми траеја,за разлика од 5 каде она ударното пиштење траеше 2-3 дена. Ќе видиме сега 7 скок што ќе донесе во исчекување сум . За " не " и јас му свикувам и разбира,и одма ги обесува усните и се спрема да плаче. Ама треба да знае што смее,а што не? Мене ми е дилема,од сега ли треба да се внимава да не биде разгалено дете и на кој начин да се постигне тоа. Отсекогаш сум била против размазени деца кои се сакаат по нивно,ама и моево ако не добие нешто плаче,вришти и не попушта ако не е по негово. Да објаснувам,не вреди,не ме ни регистрира тогаш,само вика,па морам да му одвлекувам внимание со нешто друго,ама да не е погрешно вака? На моменти си мислам дека ќе го имам најпоаленото дете,ама со ништо не допринесувам да е таков,не давам она што не е за него,ама ваквото вриштење ако не е по негово,ме плаши. Или пак може само некоја фаза таква има?
Секое дете си има свој карактер, и тоа не се менува. Твое е да го воспитуваш. Колку порано почнеш, толку подобро. Замисли за некоја година да почнеш наеднаш да му браниш некои работи, бидејќи еве тогаш ќе разбира. Цел негов живот се му било дозволено, а сега му викаш не може. Па и јас би се нервирала во таква ситација. Некаде имав читано дека детето треба да научи дека е во ред да има чувства, ама тоа не значи дека целиот свет ќе се прилагоди на него. Само затоа што сакаш да фаќаш во штекерот и плачеш кога не ти даваат, не значи дека не треба да научиш дека не смееш да буричкаш таму (просто кажано). Кога се бебиња, мора да им дадеш некоја друга занимација, нема друг начин, па кога ќе биде поголем ќе објаснуваш зошто некои работи не се дозволени. Мпже ќе плаче, може ќе се лути, ама ако не му попушташ кога тогаш ќе сфати дека нема друг избор.