Јас пробав и кравјо и АД ништо не сака, сега пие чај од нане домашен дури сум на работа, ова ново од пред 1 недела. Мислам дека кога ќе се одбие од цицање нема да пие млеко воопшто ама ќе видиме
Ние сме веќе на адаптирано. А имам шанси да наоѓам домашно кравјо, па во дилема сум дали да преминам на тоа. До сега немало никаква реакција на храна а и домашната тарана и кори се со домашно кравјо млеко..
Кај нас се препорачува до 1г да не се дава кравјо млеко, е сега Фри пишеше за кај нив дека по ново се дава имаше и статија пуштено ама неможам да ја најдам.
Знам, на педијатрија предавањата како оче наш да ни биде до прва година кравјо млеко не, а до 5год.обесмастено млеко не. Ако се секава @FreeMind на статијата нека ја пушта.
Не се дава ни кај нас за пиење. Со кравјо млеко можеш само оброците кои ги подготвуваш да ги мешаш тоа се неколку милитри. Има во прирачникот од германското здравство имам сликано ако треба и поново да сликам. Пиење кравјо млеко од шише е после првата година. И тогаш е дискутабилен квалитетот на млекото.
Сајковскп во една пд емисиите на телма зборуваше дека е идеално до 2 год да е на ад. А кравјо после 2 год дури. Е сега прашање е колку од финансиски аспект кај нас може ова да се практикува. Всушност, незнам дали е од финанскиски аспект или па недоволна информираност ама јас ретко гледам бебе/дете над една година да е на ад
Според мене и она што јас сум го учела не би дала во скоро кравско пресно, а можеби и никогаш освен во оброк. Иако имам домашно и сигурно додека цица ќе ја дојам, да давав АД ќе придолжев со такво. Едноставно кравското млеко е создадено да задоволи питреби на теле кое се раѓа 60 кг и расте со огромна брзина, а не за дете од 10 кг и помалку. Затоа нели и се меша и разредува со вода за бебиња да не му е јако. И АД по состав е кравско, но адаптирано за потребите на новороденче, бебе или дете т. Е според возраста и потребите. Ако би давала некакво млеко тоа би било козјо, затоа шти е најблиско до мајчиното, затоа што нели и јарињата се со мн помала килажа од телињата. Но сепак додека цица, барем до 2 години не нудам млеко во шише. Сега давам понекогаш Нестле десерт кога сме надвор или не сум дома ама се надевам дека млекото е адаптирано за возраста штом пишува 6+. И да не е мн мала количина и 2 пати неделно, па не е проблем. Додека киселото млеко е сосем друга приказна и давам уште од 8 месеци.
Мене ме прават будала кога кажувам дека не и давам кравјо млеко, а и нема ни да дадам во скоро време. Па како така, ете јадела, ете на работа ќе сум почнела уште малку. Кога кажав дека откако ќе се потрошат ќесичките со мое млеко ќе пие или ад или јогурт/кисело млеко, ме погледнаа како да сум најголема немајка на светов. И демек многу модерна се правам. Абе никако не можам да го сварам нашиов менталитет. Како се собравме вакво купче народ не ми е јасно. Инаку беба има уште два нови заби. За месец и неколку дена 4 вкупно. Гревче колку ја болеше деновиве.
Имаме паткалче. Се охрабри мала и почна да оди. Не многу по 7-8 чекори, ама така се почнува. Исто почна и да станува без придржување сама од земја. Да порачувам постапалки или рано е? Мене не ми личи уште на проодена, кумовите ми викаат ете оди, како сакаш ти маратони да трча. Кога се рачуна за проодено?
Истиот проблем го имам дома. Како мене ме ранеле од 4 месечна возраст со кравјо млеко па ништо не ми било. Поздраво било од хемијата (ад). Ме прават немајка бидејќи инсистирам за ад а не кравјо...
Мене ме прават ненормална дека уште ја цицам. Ете на мм од 6 м кравско тетрапак и што му фалело. Сега немала веќе потебра, голема била, ќе сум си имала беља, ќе барала во јавност, ќе не сум можела да ја одбојам... И така во недоглдед. А бебе не пие ни вода, како да ја одбијам, ни па имам идеја како би одел тој процес. Ма додека сака нека цица, секако сега па да не е до 3 години. Само да се мрчело... Јас не можам да раберам, ако не цицаш немајка, ако доиш страмота, ако даваш АД, го труеш, ако даваш кравско ете штедиш на бебе..... Прави како што мислиш дека е исправно ти, ти си мајка, твое бебе, твоја одлука.
Му матела во млекото живо јајце па не се разболувал мм. Кажав:на мое дете тоа не. Уште првата недела откако се роди и дале мед без да знам. Бев гневна.
Мене да ми направат вака, бебе со прст нема да пипнат, а не па да ја чуваат без мое присуство. Мајка ми така убаво ја имам исплашено од алергиска реакција, што се плаши првпат да даде било што. Иначе исто вака пробуваше да направи, ќе требаше очи да си извадиме. Не сфаќам како може на туѓо бебе да му правиш нешто што мајката не дозволува. Па макар и баба/тетка/било каква роднина да си на бебето.
Уф колку ме нервираат со тоа. Па и упорно ме гледаат во очи и му даваат тоа што сум рекла не. “Ајде бе ништо нема да му биде”. не е работава дали нешто ќе му биде. Јас како мајка сум одлучила дали може или не и да не им е гајле заштп, што и како. Среќа си го чувам 24/7. Инаку без мене кој знае што се ќе прават
Што да правам? Морав да ја оставам на свеки за да одам на стажирање. Супер ја чува малата, повеќе е со неа, но како новороденче на мм му ставила мед за да се исчисти устата внатре и на малата и дале. Живееме во заедница, неможам поинаку. Не се жалам, бидејќи гледам колку е тешко некои што се сами. Али ете, некои работи ми сметаат....
Нели и објаснуваш што е салмонела, како е лесно преку живо јајце да и направиш огромна беља на малата и дека живо јајце ни во бременост не се користи ниту никако поинаку. Можеби ќе сфати ако и најдеш видео со салмонела. Иако старите се многу тврдоглави и сета ја разбираат, само нерви ви требаат и ќе биде добро.
Што ти разбираш? Што ти си учела микро кога на детето ќе му биде добро, како пеачи пијат живо јајце, поздраво ќе биде. За јајце нема да дозволам.