Штом сте почнале така,продолжете. Нека спие со татко му,за брзо ми се чини ќе се одвикне. Ако успееш ти, значи дека и Фри и јас ќе успееме да не губиме надеж. Искрено и јас би пробала,ама мојов не е многу по вода,ниту да го успива татко му,па ми е страв дека ќе се расони и освен што нема ништо да постигнам,ќе си останам и без спиење . Ама сигурно дека треба да се проба,поинаку не може да знаеме. Се се надевам дека сам ќе се одвикне,ако не и ние ќе правиме стратегии. Ајде Лаки вие можете
А да пробаш убаво да ги залепиш со оние траките што лепат од двете страни? Јас со такви си ги лепам теписите и не мрднуваат
35 недела ја тераме, ми се смени детето. Се чудам што е, кога гледам сликичето со скокови, беба е во 6 скок . Еве како почна, два дњна денаки не ми спие повеќе од 15 минути (а саат време ја успивам), ноќе ми спие немирно, кенка и само се буди. Де сака да цица, де не сака, де сака да јаде каша, па после на сила треба да и буташ лажичето. Ако не е нешто по нејзино, почнува да плаче, да гребе и да "мава". Си го трие лицето нон стоп од што и се спие, ама ете не сака да спие. Грев ми е да ја гледам таква нервозна па еве веќе пола саат ми спие во раце Што да очекувам друго? Може да пролази а, или да и излезе некој заб зошто почна теписони да јаде. Подлогата веќе не и вкусна па отползува надвор оо неа, и теписонот го јаде. А јаде и хартија, не дај Боже да оставиш некое ливче, од кутијата на Вигантолот го изеде капакот па ставав прсти во уста да го извади. Цуцла сакаше, сега ја става во уата, ја вади сама, си игра со неа и ја фрла па почнува да плаче по неа. Имам и такво синџирче за закачување, наместо цуцлата ги става во уста сите букви и тоа железното што стега,па ќе се изгребе на непцето и почнува концертот Инаку дали кажав дека ми е привезок, каде мама таму и бебе, не можам едно кафе да испијам на раат. Ама ај да бидам и позитивна малку, подава раче за здраво и да пукне. Вика мама, тата, даде, тете, деде, баба, аде (ајде), ало, чао учиме два месеци ама нејќе да крене рака, инат мал Инаку и ги дупнав ушињата, јас сакав, јас ја однесов, ама татко ја држеше, мама гушкаше после за побрзо да помине, и ја почастивме играчка за на хранилката.
И мојата исто прави, тегне влече, се удира, позајмивме монтажно платнено креветче, не се удира во него, ама па многу се поти. Иста мака имам...
Малата кога сме испаднати не бара да цица. Значи тоа може да биде и по 10 часа, дали е во ред тоа на оваа возраст или малку е? Пие околу 150/200гр течност. А кога сум дома ми е закачена за цицка.
Јас и ставив ќебе свиткано во ролна за кај решетките, и мојава на спиење се маваше дека се врти... Има и плетенки огради ама мене некако место ми зафаќаат многу
Имам и плетенка ама ја вади и ја напикува во еден ќош мнг е жива Добро е не сум единствената со такво дете да се живи и здрави само кога ќе прооди којзнае што ме чека
Ногу едноставно. Се биди си испадната не се прибирај дома. Се смеам. Педијатриско одделение се наполни. Опструкциите се во подем. За три дена фул. Си доаѓам дома, од врата на слушам хрчи и на нос и на гради. Што да слушнам, започнал веќе процесот. Директ инхалација,аспирација од носето. После некој час од инхалцијатс подобро беше и на слушалка. Заспа, се разбуди плачејќи пак со носе затнато. Го средивме пак, и конечно по долга борба презаспа. Во јуни неискусна мајка, првпат се соочив со тоа, детето се измачи. Се надевам ќе превенирам да не биде полошо и да се влечкаме по болници. Прво што ми падна пред очи беше сликата колку тешко дишеше тогаш. И што следно? Си се изнаплакав. За твое колку боли, а денеска само колку полоши опструкции слушнав,ама не реагираш на тој начин како на твое (не во смисла не е мое и не се замарам, туку доживувањето, тој мајчинскк инстинкт), да не се сватиме погрешно... Заспа, легнувам и јас. Добра ноќ.
Ќе се самоцитирам. Вторник - во 12ч заспа, прв пат стана во 6:30ч цицаше и еве уште спие, ближи 8ч. Спиевме в спална, синко в креветче, до креветчето мм јас потака на лежајот план ни беше ако стани да го презаспива мм јас да не го земам освен ако стани ептен лошо, во смисла силно плачење.. Се надевам дека среќава подолго ќе трае дека конечно и јас после 10 и пол месеци ќе врзам некој сат ноќе Морав едит заборавив да пишам, јас си станував пак на 2 сати, навика је*и га @LoveHope со помин да ви е, да оздрави побрзо бебка
Нека поминува побрзо. Ме лазат морници кога ќе помислам на болницата, со едно влеваш, а во меѓувреме уште сто дијагнози закачени од таму.
Исто сум и јас, ама буквално на моменти мислам ќе се шизнам. Чекав да помине 5 скок, мислев ќе се подобри. Но не, бара цело време да сум до неа, се чувствувам како да сум заробена во нешто од кое нема излез. Мм си го добива. Ова не сум јас, постојано му повишувам тон и пререкувам за се и сешто. Плус најверојатно забите ја мачат, не сака од ништо да пие течност, само цица. Убаво си јадеше, овие денови само овошје со житарки сака и тоа со сила го јаде. . Подобрено е само тоа што не ми прави паузи за играње во сред ноќ, туку цица и презаспива.
Подобра е. Ја следам нон стоп. Се надевам ќе поминиме дома.. Фала ви Да искористам постот, како чистите дома и кога? Значи неможам наеднаш цел спрат да го исчистам и се нервирам. Сега спие малата успеав само да сметам. А каде е џогирање, прашина, вц? тековно кујна, раскревање низ дома...
Од некој што чистеше секој ден ( прашина,правосмукалка,џогирање,тоалети) спаднав на пола од тоа Од сабајле да раскренам садови и кревети да наместам,кога ќе заспие да зготвам и машини да пуштам,за правосмукалка го ставам во дубак и врти околу мене додека чистам,останатото маж ми од работа кога ќе дојде.. Сега не стигам се баш секој ден,ама подови и правосмукалка обавезно,дека многу време поминува доле,лази,лежи,а и кога ќе види некоја трошка се обидува одма во уста да ја пикне,така да тоа ми е битно да е чисто.
jaс затоа уште од мнг помала ја учев да седи со бабите,за да не ми се случи ова.И ми успеа,сега тргнав на работа (замисли да беше врзана за мене и да плачеше со денови да неможам да отидам на работа) сега е многу полабаво кенка кога ќе излезам од дома ама после се смирува по цел ден си викала мама мама ама не е да вришти да плаче. Почнете ако сте во можност да ја оставате со бабите зошто после ќе ви биде уште потешко.. нас 6тиот скок ни беше хорор филм едвај го пребродевме не јадеше,многу плачеше навечер лудница беше среќа па со забите немаме големи проблеми. А сега е во 7ми скок на средина ама полесно е каде каде од предходно а кога сме кај чистење кај сите е истово мислам
Џогирам и бришам прашина кога спие, садеви мм кога ќе си дојде, а за јадење да и направам ја ставам во џампер.
@Bella* скоро секој ден ги гледа бабите, седе со нив, но кога ќе дојде време за спиење само со мене, заспива и со нив но со плачење. Проблемот е што преку ден е само со мене, бабите се на работа и попладне неможам многу да ја оставам со нив, само цица тоа време, ограничена сум со време. Знам дека ќе помине, кога ќе почнам со работа, сака неќе ќе се навикне, но како што рече фри се чувствувам заробена од домаќинлукот. Досадно е се едно исто. И нас мајките ни треба време за себе, едноставно да се наполнат батериите. @LoveHope со помин нека и е на малата, добро е кога има медицинско лице дома