Да пишам и јас Појдов на работа еве два дена среќа денес празник па одмарам Од прв ден се разочарав од се на работа освен од моите колеги ептен добро се сложуваме ама газдиве катастрофа и уште ми пререче дека ме чекал 2 години да се вратам ко демек јас бев крива што морав на патолошка па и на трудничко мислам да се окозиш од работа пак нема да се задоволни никогаш Инаку малиот го чува маж ми и не верував ама супер се сложувале пиел вода и сок го научил за 2 дена а јас 9 месеци се обидувам ама џабе.Не барал да цица каши јадел му менувал пелена а не сакаше да чуе за такво нешто ама сега се прави за чудо Инаку сакав да ве прашам дали почнавте да давате чоколино или рано е ние сме 9+
Немој, полно е со шеќери Навечер, среќа што заспива во 19.30. Додека чистам (правосмукалка, џогер, садови буткам во машина...) големото раскажува лекции а јас демек слушам . Полнам перална со алишта а пеглам кога спие денски. Играчки, глодалки и хранилица секоја вечер мијам, пребришувам. За подетално чистење ми доаѓа жена на 2-3 недели која чисти се, од прозорци, завеси до кујна.
. Јас од 8+. Најдетален е у5 имаш преглед на вид, слух, глава, стомак, говор, па ќе ја сврти на моторика дали се врти, дали стои на раце, дали лази, исхрана ќе те праша, висина, тежина... тоа ми текнува сега. Имам подетално на темава пишано сигурно. Едит: Да ве прашам, им читате ли приказни? Само што ќе почнам да и читам или раскажувам се нервира и ме нашлакува. Не знам дали е рано или мојот глас ја иритира Од новини после скокот сама си ги става рацете во блуза кога ја облекуваш. Почна да кемка и во кенгур, госпоџа сака само меѓу народ прошетки во природа и се здосади. Денските две минутни дремки настојува да ги сведе на две или една. Одлично, наскоро нема ни две минути да преспива. Омилени играчки и се кабли, штекови, и под маса што има. Навечер нема промени статус кво.
Мојава многу сака да и читам. Особено ако и ја покажувам и книгата во тек на читањето. Имаме книга со 3д елементи, кога вртиш страници мрдаат, таа и е фаворит. И кога пеам се радува, ме гледа и се смее. Не е до гласот, јас како гавран пеам, а и многу гласно зборувам, нема кој не ме опоменал да не се дерам. Мислам дека навикната е дека не се заќутувам цел ден, сега ако се загледам во нешто и ќутам некое време, почнува она да зборува, да-да-да, та-та-та. Нема тишина веќе дома, или јас или она. Книгите мислам дека само се визуелни помагала за неа, и без нив сака да и зборувам.
И мојот сака да му читам. Ќе му дадам една книга кај него во раце оти сака да врти страни сам, за јас од друга да можам да читам. Инаку ако сме со една ми ја тегле, ја бута, ја врти и ништо... И најчесто читаме прилазни со животни и успат му ги кажувам како прават животните (ав ав, мјау...) и се смее на тоа. Понекогаш знае да ме загледа и не трепнува мислиш ја разбира приказната Наутро читаме обавезно. Сеа пробувам и пред спиење да му вметнам барем по 10тина мин и здравје коа ќе е поголем така да се научи да заспива
И јас читам приказни (раскажувам). Ужива и кога пеам. А пеам екстремно лошо. Маж ме заебава дека заспива за да не ме слуша.
Jas ja zaspivam vo race za 5 min 10 e gotova ama.ke pocnam ma rabota uste 2 meseci nz kako da ja odvikna vo krevetce da zaspiva so pienje mleko probav ama lumpuva se vrti se smee me zastanuva ja zemam vrace si se mesti kako polozba za doenje i zaspiva
Јас кога пеам сите искачаат од соба и уште кога се роди малата ме замолија да не и пеам. Знам да и запеам некогаш али трае многу кратко и се смеам потоа. Немам слух никаков само рикам. Од оние бебешките сликовници и ги давам ги врти, ги разгледува и и читам од нив ( тие се со една реченица). Јас сакам од оние на Грим да и читам али не сака. Сега ќе пробам да и дадам во раце една, а јас од друга да читам.
Ние ја најдовме пастата што ја препорача @FreeMind и со напрсток четкичка, четкаме веќе два дена, отвара уста не прави проблем, а воедно и чистам и цела уста. Е сега колку ставаш количински? Јас колку едно зрно на калинка, да не е многу? Во контекст на темата, мојата сака да а јади книгата така да најчесто завршува со неуспех, ама за муабет е изгорена.
Здраво женски, како сте? Откако тргнав на работа немам толку време за форумот, ама ве читам кога можам по темиве. Бебо е добар, со жената супер се прилагоди, убаво го гледа и чува, сега засега сум задоволна. 10+ е сега, лази насекаде и цело време сака да е на земја, никако не седи веќе на кревет и да си игра. Не сум му купила уште дубак, нема ни да купувам, нека се исправи сам на нозе кога ќе му е време. Цица насабајле околу 6ч, па продолжува да спие до 10ч. Жената му дава појадок, ужина и ручек, јас кога се враќам од работа цица околу 18ч, и последниот подој му е пред спиење околу 22:30. Уште заспива доцна, 22:30/23/23:30. Му купив паста за заби Лакалут од 0+м, уште напрсток да земам и ќе му ги мијам забите. За читање приказни моето нема секогаш трпение, зависи како е расположен. А ја имам Бајките од браќа Грим, ептен убава книга со прекрасни илустрации, но ќе ја читаме веројатно во иднина повеќе
Менува, многу менува. Вчера сакаше да си јади. Па и ужинки... И направив со пасаторот праска, круша, јаболко, боровинка и аронија. И се допадна многу. Ќе има и за денес од тоа. За спиењето-вчера преку ден 3 дремки, од кои две беа по 2часа секако. Вечерта заспа кај 11,стана во 4 и нешто за млеко, па еве сега пред малку во 7:15. А само со свеки кога спие во 2 часот и бара да си играт По колку пати какаат? Вчера ме изненади 5 или 6 пати. А заплаче, одма гледам какана е.
Сосем мала точка на врв на нокт. Помалку од тоа што си ставила. Толку флуроид им е потребен да внесат.
Добро утро мајки. Си играат ли вашите бебуши со играчки? Синко е 10+ и ништо не го интетесира од играчки. Си игра со картони и шишиња. Играчките 2 минути о фрла одма. Иначе деновиве е хиперактивен. Тоа само гледа з што да се фати да се исправи,да се пикне кај што не треба,фиоки тегне да отвара...
Си игра и со играчки ама ако виде нешто, ташна, кеса, блуза го зима тоа Јас и ставав работи на кревет, натказна што знам дека ќе и привлечат внимание и се исправа да ги земе, еве сега веќе си шета фаната за мебелот.
Да не и се досадени играчките? Јас ги поделив во 3 кутии. Ќе извадам една и си игра со играчките, 3 дена и се интересни, четвртиот ден веќе гледам дека не го баш интересираат и почнува да фаќа се друго. И петиот ден ја дигам таа и вадам нова кутија. И пак му се интересни новите и така додека дојде истата кутија на ред поминале 10 дена и ги заборавил. Него колку спијат вашите на 10/11 месеци? Мене ми е чудно што уште има 3 дремки преку ден. Со саати е океј. Коа ќе се соберат како што читав си е у просек. Ама незнам дали да му скратам дремка или да го чекам сам да си покаже?