По книга ако гледаш, на 8 месеца треба да намалат на 2 дремки по 1,5-2 часа. Мојава спиеше по 2 дремки од 1ч уште на 6 месеца, сега на 9 месеца знае чат пат да спие и само еднаш преку ден. Ама од секогаш спиела вкупно помалку од просекот во 24 часа. Нема правило, можеш и да го чекаш сам да си покаже.
Добро утро мамички Синоќа до касно листав во друга тема ама не успеав да најдам одговор за мојата дилема. Проблемот е за користење на шишето, сеуште незнае да влече од него, па се мислев да и земам шишенце/чашка со клунче Како се вие во овој дел? Како да ја навикнам? За месец дена ке треба да тргнам на работа морам да ја научам а и од лажиче мислам дека не прима доволно течност
@AlicaInWonderland И тоа е пробано,нови играчки да се вадат на неколку дена,ама ништо. Инаку мојот на 10+ има две дремки,од кои втората му е 30-40мин максимум. Сам си намали на две дремки.
Јас го имам на Нук, не е самотечачко, мора да влече за да тече. Исто ми фрли мерак и на томи типи . Со рачки се и може да си го држи сама и да пие. Е сега овие се околу 180мл ама поголемите ќе се тешки за дигање.
Леле луѓе сум се пресмеала од сабајле. Нели кај мене малата не лази сеуште, ама се пушта.. Со газот се помрднува, се нешто работи со телото ама не лази. Утрово седи на спална, се подава за да лази и во моментот вика,, ајде, ајде. се подава, не бива и пак си седна. Си реков така и излегле зборовите случајно. После 5минути пак исто, ајде ајде. А синоќа пред спиење ја слушам напиња да кака, се затресе само, ме погледна и ми вика,, етеее,,.
И на мојава омилени зборови и се ајде и ете и да прави ав ав како куче. Тие со деца околу 1 г, што знаат да ви кажат децата? Мојата вика и мама, баба, тата, деде, тете точно на секој. Ама не можам никако да ја научам да покажи со прсте дека ќе полни 1 година. Мм знаел според свеки и да каже едно и како се вика тој и родителите. Мојава е труп ко така. А имам и видена сама деца што си кажуваат дека ќе полнат 1 годинка со прсте.
Баш такво сакам да е најслично на чиче да мора да влече за да и тече. Ке појдам денес до аптека баш да видам што имаат се надевам ке изберам добро Фала ти, убав ден
Моето е 11 месеци и си вика мама, тата, баба, деде, ајде, дај, дада.. Се дере цело време. Не покажува ништо, ни кој е тато ни која е мама . Како ништо да не разбира само урла, е чао се научи да кажува а како ни јас не знам. И знае да игра, тресе газ само
И како што ветив ве частам постапалки. Бебка во меѓувреме трча од соба во соба и сега веќе е право мало девојче.
Како а погоди омилената торта Да се топи во уста и да паѓаш во несвест од благо. My fave Среќен роденден
Среќни родендени, лесни чекорчиња, само убави вести Прееска напипав долни двојки конечно боцкаат и со тоа заокружуваме 8 вкупно и малото прсте мое ги осети со последици, како гризе онака крвнички и се тресе дури За дремките 10 ипол е, некогаш спие два пати по 1 ипол 2, па третата пола саат или три пати по пола саат 20мин, различно кога како.. Завчера преку ден ич не спиеше и викам аа сеа вечер ќе спие поише ќе искористам како не си стана пак
Може да ми кажете каков чај од камилица да земам? Барав во зегин за бебе немаа само од бекутан мешавина чиста камилица не. А поради бактерија во грло треба да давам да пие. И незнам каков да земам...
Стрептокока pyogeneses...и утре да го носам кс и црп да испитаме...доколу е мирно да не даваме антибиотик само чај од камилица
Дали и некое друго бебче има пролив при вадење заби? Претходните пати секогаш имаше, еве денес пак и неколку дена слабо јаде и се живо каса. Си мислам забите се, ама да не си спијам на тоа уше, а да е нешто друго во прашање?