Уште го имам истиот проблем Едноставно не пие вода, едвај некогаш да се напие 10-20мл ама мнооогу ретко. Сок некогаш ќе се напие 100мл ама и тоа ретко. Јас сум на работа од 08:30-17ч. Бебо цица околу 6-7 сабајле, па после дури кога ќе си дојдам јас околу 18ч, и последното доење му е пред спиење навечер околу 22ч. Жената дома цело време му нуди вода, некогаш и сок и не сака ништо да пие. Таман се израдував два дена по ред пиеше сок, ама тогаш за тогаш само беше
И како внесува течности? Јогурт, кисело млеко, или ад му даваш? Жими се во фрка сум скроз. Имам нешто замрзнато млеко, ама тоа ни за една недела не е доволно. Јас на смени одам, по 6 часа, ама секоја втора сабота ме кине по 10 часа.
АД не сум му давала, матичната ми рече дека нема потреба на 10м да воведувам допрва АД. Јогурт не сака, кисело млеко јаде 3 пати неделно ама за вечера тоа. Преку ден не прима течности, освен преку овошјето која појадува, а јаде околу 300гр наутро.
По препорака на Др, заради настинка затнато,носе шлајмови ,мрсули, да питреба бебето да пие сируп Вентолин, искуства? Реакции?
Имам пишувано,но да потсетам само.И мојата на пиеше до 8 месеци и после почна по малку.Цуцла никаква не сакаше, па нудев со чаша со клунче.И така е и ден денес.Многу сакаше јогурт,па и ставив во чашката и тргна 2-3пати.Потоа менував вода/јогурт неколку пати и така се научи.Не пие многу ама веќе знае и сака да пие. Се си мислам дека од 8 месеци и беше таман да почне.Се пред тоа беше само молење.
Фала @BabyT* се надевам ќе ја бендиса малата Ве читнав за крцкањето, чувствувам и јас кога ја подигнувам, прво ми беше страв, потоа се навикнав, ваљда е нормално
Веќе е време да почнам во оваа тема, бебе ќе ми направи 6+ за една недела. Веќе некои 10 дена е со затнато носе, го прскам, аспирирам ама тоа трае. Веќе не можам, грев ми е да го слушам како плаче на секое аспирирање. Што да правам друго?
Исти сме. Секој ден по 4 пати секако аспирирам. Леплив секрет, не сака да се оддели. Ставам физиолошки и аспирирам. Ја ставам на перница подисправена да спие кога е ептен уморна, така нема да се лути. Незнам кога ли ќе помине ова. @Ѕвездички ви рече само сируп вентолин? Дома правиш аспирации, физиолошки или инхалации? Јас по би вентолинот за во инхалација него ли сируп ако има мака само со секрет и спуштање. Нека пишат и членките кои имаат повеќе искуство и знаење.
Само сируп Вентолин, друго ништо не правам, вадам мрсули со тоа едно гумено што се вшмукува и капки аква Марис и ставам. Што се тоа аспирации? Немам инхалатор...
Јас инхалирам до дексаметазон ампула и физиолошки и антибиотик пие. Три недели детето ми се измачи со антибиотикот одма е подобар.
Зошто на затнат нос аспирираш ако не тече? За затнато носе инхалации обично се даваат, со физиолошки, ама тоа лекар да ви каже. Кога е затнато, само физиолошки сум прскала повеќе пати во денот, над 6 месеци и спреј од диво оригано. Ако препорача матичен педијатар, ефедрин капки.
Станав сабајлево сама пијам кафе веќе 1 час,убаво ми дојде.. Отварам форумов и некако се растревожив се присетив како ја поминав темата труднички муабети,па искуства за бебе од 0 до 6,и сега оваа тема 6 до 12...и гледам дека и оваа тема ќе се потроши уште месец ипол 1 годинка ќе праиме...просто не ми се верува како ми летна се..и убаво и неубаво ми е..моето бебе веќе не личи на бебе него на човече... Време летииииии Да си напраиме уште по едно бебе
син ми е 8 ипол месеци и му нудам вода од шишенце но ке се напие една голтка и потоа ја гризе цуцлата а јогурт и млеко обожава. Со тек на време ке научат зашто течности надоместуваат од мајчиното млеко така беше со керќа ми па денес од вода не можам да ја отргнам а за сокови пие ретко само кога ке сме излезени и тоа ноне со сласт освен ако не и направам или порачам цеден портокал
Исто размислував и оп..по првиот роденден на керќа ми останав труднамала разлика ми се децата но ќе се издржи
Леле што убаво И јас сакам така искрено па ќе видиме Добро ееее,ја мислев ќе ме потепаат тука Дај боже да е се како со првово најсреќна ќе бидам
Вие правите јас и @FreeMind ке ве читаме во труднички...која повраќа,која паничи каде е нема мрднато цел ден,која го носи 43 недели....D Шала на страна,жааално е како овие бебенца наши растат од ден на ден. Мене ми летнаа месециве ама навистина. А син ми е бсш захтевно бебе и оп како ми летна времево чудо... Друго ми е муабетот,некако спокојна сум од ко е до мене.... Незнам дали би преживеала период бременост.... толку депресивен за мене беше .... А многу сакам да имам 3 Ама ако ги носи мм
Јас од секогаш сум викала дека помеѓу децата сакам да има што помала разлика. Додека мењаш пелени, си мењаш, после двете заедно во градинка и школо. Цел живот ќе си имаат друшка.