Со маж ми сакаме да почекаме 3-4 години за второ дете, ама баш и јас сабајлево мислев како ми порасна детево. Цело човече. Од гомце што заспиваше само на цицка со пеење, сега се трга и сака сама да заспива. Нема шанси да ја легнам во раце и да ја погалам. На моменти ми фалат тие први месеци, а како низ магла се сеќавам на нив. Јаде како човече, кака како човек . Расте со брзина на светлината. Буквално е веќе своја посебна личност, а наша работа е да и даваме потпора за еден ден сама да одлета. Не верував дека ваква љубов може да постои, и не верував дека ќе бидам вака мека кога зборувам за неа.
И јас сакам децата да ми бидат мала разлика ама барем 2,3г. Инаку дојдов само да кажам дека ме сотре скокот а уште сме на почеток. @FreeMind сега те разбирам како е да ти биде цел ноќ на цицка обесена, само што сега и преку ден. Кажите некој збор за овој скок или сликните од апликацијата да се утешам Се надевам пред скокот дека ќе а одвикнеш малата од ноќни подои
Ја читам @Bella* и си викам јас ова го мислев вчера. А нема ни 6 ама стом ќе видам фотче кога беше мрвица ми фалат тие денови кога спиеше цело време на мене со стомаче. И јас сакам уште едно бебе што поскоро, не знам ни дали ќе чекам да направи годинка. Да си бидам таман со двете дома што подолго..
30 дена до крај на 7ми скок. Оф оф оф. Почна да се осеќа веќе, преку ноќ се буди со плачење, потешко е да ја смириш, од како ќе се смири после лесно заспива. Сабајле не можев да се одалечам од неа да отидам да се спремам за работа, а направев чекор уклучуваше плачење. Не знам како ќе тераме сите овие 30 дена.
44 nedela terame od termin, noke non stop se budi i priplakuva i na cicka dreme, i toa ne da lezi na pernica da cica tuku vo race kaj mene.Preku den pocna slabo da spie i celo vreme vo mene da e.Skok li, zabi li se?
Ве читаМ сега и се сетив да отворам апликацијата. 44та недела е, 7ми скок на најјако, громчето вчера било, уште 17дена до крај на скокот. Тешко спие, се врти, се буди и кенка по цела ноќ, а не сака да цица. Само во раце да го земам и го нишкам па продолжува да спие. Ама се буди на секој саат, синоќа посебно тешка ноќ имавме. Стана сто пати а цицаше само еднаш, сабајлето. Нервозен е, ако не е по негово се лути многу и вришти.
Пред некое време се пофалив како бебе почна да преспива по цела ноќ и цицаше само еднаш сабајле накај 6. Епа, здраво скок 7. Синоќа се разбуди 6 пати А еве денски се осеќам како папочната врвца уште да е тука. Влегувам во апликацијата да видам што како и на старт ме пречекува: 34 days until the end of the leap. Супер
ние сме 14 дена до крАЈ на истиот скок,исто се буди на секој 2,3 саати,сака во раце и често преку ден се расплачува без причина,и нервозна е на моменти,вчера после работа цело време сакаше со мене до мене да е,и зема ме испогреба на лицето,ја карам викам не,не и за инает пак,цело лице гребаници ми е ме извади од такт за храна па среќа исто е,си јаде се,не одбива и вода пие уште поодамна и сокче и чајче сама бара и сама почна да пие од едното шишенце дека помало е па може да го надига ама навечер едно шише млеко на 200 пати го пие во секој случај пак ќе кажам дека минатиот скок ми беше многу потежок од овој,а може сега и дека тргнав на работа па затоа ми е полабаво што знам...ајде уште две недели ќе истераме некако
незнам дали ви кажав отприлика пред 1 месец почнав да користам нокшир кога ќе ја приметев дека се стиска одма вадев нокширот и ја ставав.. сега кога почнав на работа мајка ми и свекрва ми ја преземаа таа работа,и јас насабајле. сакам да ја научам со време да си знае,многу полесно и е се гледа,а ја ставиме одма си врши работа,насабајле прво станување после 15 мин ја ставам и си знам дека тогаш и е времето кога ќе го види нокширот веќе си знае,дури и интересно и е одма пробува да ги соблече долните тренерки ги тегне одсекогаш не ми се допаѓало кога некое дете кака,моча во пелени до големо..па затоа уште сега ред сакам си ставиме свекрва ми првин ми викаше многу е мала демек не треба вака така,ама сега и она смени мислење вика добро е вака нека се учи а и полесно и е на беба ја гледам
@Bella* како тргна очекувам следна недела во школо да кажеш си ја запишала прво одделение У вези нокшир купив и јас од 10 месеци ќе ја ставам. Да научи на рутина од причина проблем со пелени и пеленски осип иако сенсот за мокрење/какање тек од 18 месеци им се развива и научно е докажано дека бесмислено е ставање на нокшир претходно кога бебето не ни знае кога му се оди во тоалет. Сето погаѓање е на среќа претходно. У вези 7ми скок вратата на редослед се отвара. Период во кој треба да му се даде лажичка во раце или да проба само да се соблече/облече. Од 46та до 51та недела бебето ќе ја покаже својата персоналност и како планира да се покаже на светот. Од темперамент до свое видување на нештата. Потоа бебето во него ќе се поздрави и ќе ја отвори вратата на сознавање на светот. Се очекува и почеток на говор со некој збор два и почеток на разбирање на нештата. Затоа е битно во седмицата да се воведе доследност. Не значи не. Па со лесно девојки!
И јас да се "пофалам" за сношти пак по старо, стана со плачење и никако не се смируваше, нејкеше ни со цицка, мм го однесе в дневна и таму со песни се смирил па 1 саат си седеа, после пак стана кон 6 исто со плачење го зедов до мене и пак си плачеше и си станавме во 7 двајцата Нз која недела е немам апликација на 10ти прави 11 месеци, нз дали е уште во скок, оти не е излезен кутриот, од ко е роден е во скок
Сакав и јас помалку разлика, ама сум царски, мора да почекаме барем 2год, а и ко што ми се погоди синко лош малку се плашам за второ
епа 10+ сме бе фрее,значи исто и ти во школо ќе ја праќаш иначе да имавме пеленски осип и уште се мачам со тоа,и судокреми и се пробав,повлечено е ама сепак има.. имам термин на педијатар тек на 20 ноември ми закажаа
И ние тоа го разговаравме дека иде седми скок, а всушност нас тоа ни е секојдневие. Јас вчера успеав два пати да ја презаспијам без цицка од 20ч до 12 на полноќ. Е после тоа знаеш како беше на крај стана во 02 и си играше до 4 саат. Па заспа и во 5.20 на цицка повторно, па во 6.30. Храна пак ми одбива секаква оболев од нервози. Трет ден се молиме нејќе бебе да отвори уста и нејќе. Само вода се долева по едно шише пие на ден. Додуша млеко е пуна али не може вака. Раката нон стоп во уста, се лигави, нерва права. И вчера за прв пат во живот преспа два пати по два саати. Чудо невидено успеав цел стан да го светнам. И денес стара песна два пати по пет минути. И толку од радоста.
Сигурно забчиња пак ќе и излегуваат, незнам да ти кажам ај не спие ама барем јади мојов, тебе дупло нервоза вечер со мм в дневна ќе спие пак. @Happyinlove исто состојба бременост тешка и за мене, неможев да се поднесам само се жалев во труднички, тука со жалби и Фри беше.