За крвна слика секогаш консултирај педијатар.Не секои покачени леукоцити значат болест.А за сестрите, и они треба да ти кажат да посетиш педијатар,а не да толкуваат резултати.
Јас засега сум на прва позиција и најдолго ја носев и најтешко минев низ бременост и сега не спие и проблем со јадење. Никогаш во живот не сум кукала, али овие две години наплатив за се претходно. Среќа со водата не ме закачи и мене. И сама на себе сум си досадна али немам каде да ја канализирам оваа енергија мора форум да трпи. Ама ќе сврти ќе видиш ќе ја дадам крунава некому да ја поноси.
Мојата од голем јадач, спиач, овој скок ја смени целосно само се надевам дека ќе се врате на старо. И што викате 1 месец ли трае скокот? 1 ипол?
Бевме на педијатар денес.. И нели баба ја чува, качило килажа детево за месец 700-800гр а треба помалце.. Како ве читам мака мачите со јадење јас не смеам да се жалам, сеа за сеа јаде, само навечер ми станув сеа почесто и ние со цице се успиваме а ни рекоа треба да намалиме
И Антонија ја мереше др денес. 7300 добро е, напреднала. Има доручек и ручек и некогаш вечера, некогаш цица тој период заш спиела или слично. Инаку до пред три дена си се жалев дека послабо ми цица дење, само ноќе асално ама пусти скок ми смени. Јаде па по пола саат бара да цица, кенка ми ја тегне маицата и додека не и дадам не се смирува. Преку ноќ ми се будеше два-три пати од кои само два пати или еднаш и давав да цица а другиот пат ја презаспивав со цуцла. Сега не, сака да цица па и по 4 пати станува. И немирно спие, само кенка само се превртува. Докторот кажа од заби абер нема ама многу почна да ми се лигави и кога е кенкава ако ја намачкам со дентинокс се смирува. Не сум ни јас паметна да кажам што и е. Сака да лежи и да се превртува ама кога ќе намисли да стане се потпира на една рака доаѓа во полулежечка состојба и вришти вика додека не ја седнеш. Ќе и помогнам и седи сама неколку секунди и пак си легнува на меше директно. Инаку докторот ми кажа дека можам да и намалам ноќни подои, секако ако успеам.
Досега,како сме во 7 скок,ова со вриштењето му е најизразено.Ако не е нешто по негово,не му дадам што сака,или ако сака надвор,а не излеземе ВРИШТИ и вика неееее,неееее,солзи крокодилски, да може би се издигнал од земја од бес во моментот како поголеми деца што прават. Друго што е сменето,е цицањето преку ден,многу послабо цица и не ни бара да цица,ама па и неќе да јаде,дали е до скок или заби не знам. Во понеделник ќе го водам за кс,да видиме до каде е хмг и железо,многу ми е страв,со вакво нејадење Ноќе си се буди,ама разлика од претходно нема,Фри немај гајле,колку често стануваше пред скок толку станува и сега,засега во тој поглед не станало полошо. Два дена по ред ми се будеше во ниедно време,ќе се поиграше 1 сат и продолжуваше да спие. Друга промена нема сеуште,ама јас чекам. Дури и денски можам да му се скријам и да не плаче по мене,ама не секој ден,си има бебето добри моменти. Ама дефинитивно во овој скок покажуваат дека сакаат се да е по нивно.
Колективно во скокови сме значи. Почна шестиот скок кај нас (мразам да зборам во множина, ама нели и јас сум засегната). Почнаа вриштења пред заспивање, нецицање навечер пред спиење, а преку ден се однесува како новороденче. Денес 100 пати цицаше. Ќе си пукнам веќе начисто. Почна да си сврзува спиење до 5 сабајле, цицнува тогаш и спие до 7:30. Синоќа може и ќе споеше целосно, ама јас ја земав да цица. Глупава сум може, ама нешто шубе ми дојде цела вечер не претна. И сега ако ми се удри по глава се ќе се сликам. Почнав коректор да ставам на сивилава околу очи. Ете до тоа дојдов. Она можеби спие, ама јас цело време се штрекам и се будам.
@lackygirl заспа во 20 и стана во 02.31 за цицање Потоа во 4 и еве ја сега кај и да е ќе се буди.Може има ефект ова што го правевме деновиве. 9 месеци денес.
Ми се спие, ми се плаче. Синоќа бебо заспа во 22:30, стана во 01:30, па во 02:30. До 05:30 не сакаше да заспие никако. Па стана во 06:30. Како зомби сум. Дали се враќаат на старо после овој скок?
Хахаха Последниве две недели ве сфаќам како ви е цело време со Лаки, и алал да ви е, не знам што друго да кажам. Сабајле откако презаспа во 06:30, се разбуди скроз во 08ч, пред да одам на работа. Сега во 9ч ми кажа дадилката дека заспал пак. Нема никаков ред веќе на спиење. Да редактирам додека има време уште. Уште после пораѓај си кажав дека на второ дете нема да одам, и во последно време само ми се потврдува тоа искрено. Дури почнаа да ме нервираат муабетите од страна за второ. Не сакам и не можам пак низ истото да минувам, па нека звучам лигава колку сака.
Има сигурно ние со синко во 10 ипол заспавме стана во 11ч со плачење и мм го зеде в дневна, спиел до 3 станал го презаспал со вода и после во 5ч пак исто пак со вода и конечно во 7ч стана е тогаш цицаше, мене градата камен јака, полна со рам во 8ч кај мама го оставив и јас на работа, денес свежа наспана Ме изнасмеа недај Боже @happygirl ќе се среди и кај вас, ќе си спие пак
Тотално секој ден ни е различен, секој ден во различно време заспива, на различно време се буди и со тоа во различно време ни се оброците. Никаков ред. Кога ќе ми рече некој треба ред да и направиш мислам коса ми се крева. Е ајде како да и речам сега оваа дремка ќе ти биде еден саат или два саата затоа што во 9h треба да доручкуваш?? За ноќно станување не се жалам, станува два пати за цицање, тоа доаѓа некаде на 3 часа. Измеѓу се превртува, па заглавува во некоја шкљ положба во креветче, па станувам да ја поместам, но не се жалам, во глобала се наспивам.
Па знам, затоа ми немаше логика, и викам дека не е можно нема знаци за заби. А се гледаше дека нема појма, затоа кога ќе слушнеме ние мајките нешто ново сакаме дополнително да се информираме зошто повеќето од нас немаат верба ни во доктор тука, па не во некојсија сестра. Никако неможев да поврзам леукоцити со заби.
Немаме ни ред ни ништо. Ни нерви немам и само се расправам со сите околу мене,се ми смета... моментално плачам зошто оќелавив и навистина ми е лошо што уште коса ми паѓа а нова ни за лек. Ке одам на бајачка. Не нормално 3 месеци нон стоп да паѓа. Помош
Мене 9м ми паѓа Не сакам дајс коментирам косата, каква ми беше каква ми е сега Не плачи ајде играј таму со беба и уживај во безредието