Иди во авицена тироидна провери ТСХ. Второ витамини дополнителни оние во бременоста што ги пиевме може да доведат до тоа паѓање. И трето детална крвна слика под итно. Оди исклучи ги овие па после на бајчка. Заебанции на страна степенов на паѓање кој го опишуваш насочува кон хормонски дисбаланс. На тоа одговара и нервозата.
Малата 2 дена упорно и е рачето во увото, го тегне и си бркнува внатре. Чистено и е редовно, ја претискам не поксжува дека ја боли, што може вака?
Нормално е од 4 месец после породување, до кај 9-10 месец. Ишишај се кратко и земи витамини за коса и нокти. Ама отвораат апетит да знаеш. И не се нервирај. Ќе порасне нова коса, само и треба време. @BabyT* може и заби да растат. Некои бебиња си ги тегнат ушите кога се во фаза на растење заби. А можеби му се само интересни и си ги чепка.
Провери тироидната. За Тсх барај упат,веднаш. Не сакам да те плашам но енормно паѓање коса кај мене беше единствениот симптом за намалена функција на тироидната,после породувањето.
Мора да има некое пореметување хормонално,да паѓа после бременост но 3 месеци со ваков интензитет и оќелавување. Ке испитам и хормонален статус и железо...
Кај мене и после 2ипол години сеуште паѓа Имаше периоди кога беше ок , па пак исто , исто и јас оќелавив на еден дел па се пострижив се обнови се добро .. Периоди се , ќе помине издржи Првата година е доста стресна со бебенце , па и тоа придонесува , плус и хормонално . Кај мене тероидната е ок и хормоните исто , пред недела ги проверив , посумњав и јас на нив поради обемно паѓање и нервоза се , ама испаднаа ок бар кај мене. Решение , да пробам самата да си се смирам и доведам у баланс , повеќе шеткање , социјализација , смени навики , ќе иде на боље а со косата издржи , ке помини , сите сме така , пробај и со некој шампон , серум , витамини
Мене ми пагаше точно 3 месеца, од 3от до 6от месец после пораѓај. Сега ми паѓа нормално како пред да останам бремена.
По колку подои имаат бебињата на седум месеци? Генерацијо?? Јас од кога и воведов втор оброк, заедно со ноќното станување е одприлика 5 подои. Незнам дали е доволно?
Читам пишувате за седмиот скок.Го помина и не знам веќе каде тераме.За чудо, првата недела ми беше најтежок, а потоа и така и така. Спиењето се поремети скроз.Од 2-3 пати почна да станува 5-6 пати од кои повеќето на саат ралика.Цела недела.Дизастер.И сега после скокот 2 ноќи спие нормално, после 5 ноќи како во скок.И ова до недоглед. Јадењето и беше нормално, само овошје одбиваше и доручекот ни беше цел саат.Ама еве сега по скокот почна да се лигави на се.Ни еден оброк не јаде саглам. Плус и еден заб излезе по скокот( мора секој скок со заб да сме) Не знам веќе што да кажам.Бебево ми се претвори во лигла.Се по нејзино да е, оти инаку цела зграда ечи од неа.А со сепарејшн енгзајати сме на најјако.Само за мене да е залепена и по можност во раце да ја шетам ко коала,а она се задева со другите.Таман некој да се пружи да ја земе,ќе ме грабне и вришти. За цицањето е ко новороденче.Само да потсетам 11+ е.
Мила и јас некни прашував мојата имаше само 2 подои преку ден, ама па пиеше вода, сок Секое бебе различно, мојата не цицаше многу сега со скокот само за цицка е закачена, а има деца па стално си се така. Ај да ти олеснам од прилика вака бевме тогаш :цицка, појадок, цицка, ручек, цицка, цицка и се успиваше и уште 2 пати цицаше навечер. Нуди и водичка постојано,обично после јадење си бараат.
@BabyT*, ист е распоредот и кај нас со тоа што не пие други течности. Едвај напреднавме оваа недела, знае 20-30мл вода да испие ама тоа за цел ден. Вчера после едниот подој многу бљуцкаше, па си велам значи доволно и е. Додека не порасне сама да си кажува само ќе си погодуваме
Има и мојата периоди кога не пие, па и варам овошје и и ја давам водичката. Или давам во чаша или во шише со клунче.
Нема ред кај нас.Цица кога сака може над 7 пати не сум броела, ама навечер 2,3 пати сигурно ,некогаш и после доручек сака ,некогаш на 2 часа некогаш на 4 часа. Само доручек воведен до сега,за недела дена сакам и ручек да воведам .Вода си пие, сабајле 60 мл ги испи без да трепне ,повеќе се радува на чашката отколку на тањирот ама битно јаде не пребира. Ти мислам воведи и ручек затоа и може помалку цица сметам дека 5 до 6 подои се нормални.
@paleska3 и мојава цица 5-6 пати. Има денови кога не сака воопшто да јаде па цица повеќе. Мене ми е страв дека месецов скоро ич нема качено. Минатиот месец нецели 300 грама, а овој изгледа ќе бидат 100тина само. Извишена е многу, 86ки и 92ки и облакам, а има 7 месеци, ама сепак малку ми се гледа 100тина грама. Наредна недела имам закажано контрола, па ќе видиме. Иако она си е весела, полни пелени со мочки (некогаш повеќе, некогаш помалку), и кака леле мајко. Се надевам доволно и е се, не можам ни грам со сила да и бутнам. Ни цицка, ни јадење, ни вода.
И мојата 1м нема качено воопшто килаж ама многу е извисочена, мислам дека нема простор за грижа. Минатот месец само 300гр.
И ич да не качи, нема зошто да се грижиш. Тешко на децава ако цела година после раѓање качуваат килажа со исто темпо како првите три месеци. Ако е детето здраво, весело, редовно јаде, полни пелени, си игра, нема што да му се секираш. Поактивно е, повеќе троши.
@thinkerbell @BabyT* исто со килажата, последните два месеци по 300 грама само,јас се грижев од бебе што качуваше по кило и сто да намали толку брзо,ама нормално е сега растат интензивно,на 6ипол месеци беше 8600 мислам дека е супер со килажа. Некогаш помалку јадат/цицат некогаш повеќе,кај него најмногу промени има во цицањето кога е во скок тогаш само висам над него со цицка ич не сака да цица преку ден по 2 мин маx ама навечер надокнадува не можам со сила кога сака давам кога не фино лепо се тргам,битно да се здрави и весели