Се удараат ли вашите бебки по глава? Моево се удира со рака по главче,или пак со некоја играчка и не престанува додека не го залажам со нешто,му викнам НЕ или му ја земам играчката. Исто знае и додека цица така да се треска. И силно се удира,не е дека не го боли.
Минатиот месец така се маваше. Зошто не ми беше јасно со отворена дланка по глава. Сега овој месец прекина знае некогаш да се шлакне али опраена е. Период е ќе помине. И јас ја заигрував многу крипи ми изгледаше ама помина. Додека не побара не планирам да и ставам. Тоа ќе биде околу 3. Баш убаво се спие без перница грбот како што ми е здрвен ми помага тоа. Иако имам ергономска за мене се мислам џабе се парите повеќе болки имам. А пак кога ќе ми текне на колкава лежев во бременоста Леле стварно лежев на китовска перница полуисправена за да можам да дишам од носот затнат. Уф колку не ми недостига тоа морници...
Мојата се мава така по глава и тегни уши, чекаме уште еден заб, ваљда е тоа и плус има премногу секрет. Инаку дали може крема со цинк да се става како превентива? И поминува пеленскиот осип и за некоја ден пак и се појавува еве 4,5 пати се така... Пробав и со пудра, мавнав и влажни, сменив пелени...
Ии моево се маваше, сега не, ама мн е нервозен 2 дена се пика в уста, цела рака, се лигави, се тегне за уши, носето му течи, се измачи кутрото, јас мислам дека заби пак се во прашање ќе видиме. Сакав да ти кажам, јас од ко почнав со пудра бебешка бекутан, косили не се има ич потпарено, а до тогаш се пробав и само црвен беше ова од 4 месеци навака, уште малку 11 ќе прави
Ами душо ставам бекутан пудра и пак исто... Да пробам друга пудра има ли разлика? До сега сме немале ама сега како не затера нема крај.
So kakva pudra? Pudra vo prav samo ja vlosuva gabicnata infekcija kaj pelenski dermatit ne se stava nikako i jas se izmaciv so dermatitisot i ova od iskustvo ti go kazuvam
По колку време излегуваат горните кецови? Ги имаме долу 2та изникнати... Но еве веќе три дена е кенкава, се лути, се нервира. Да напоменам дека ѝ ставија вакцина против PCV убаво помина, без реакција..
Добро утро, вчера стана само еднаш за цицање, а ноќва ниту еднаш Значи бројам во низа 4ри ноќи каде малена спие ко јагне. Можело и вака. Сега се моли седми скок да преџи на другога.
браво за Емили, ние таман фативме некој ред еве го сега настинат неможи да диши, нон стоп станува, нека оздрави пак почнувам со истото @BabyT* кај синко само тоа ми помогна, значи се испробав, има една во ДМ од бејбилав пудра нема мирис, пробај и со таква, ако е влошено почекај нека помини малку, откако ќе заздрави тогаш ставај пудра на секое преслекување, јас му ставам во ципите и на газето..
Најобична во прав бебешка, така ми даде совет Сајковски, ама ништо после неколку ставања пак се вцрвенува и пак ставам судокрема. Ако имаш нешто испробано за одржавање на кожата пиши да го пробаме. @lackygirl нека оздравува брзо баткото @FreeMind браво, од се срце ги посакувам да се изнаспиеш како човек
Опаааа некој спиел цела ноќ ај ти си ја нареди вака така. Ние уште сме на изволте ама ајде помали сме 3 месеци оптавдано е кај нас. Кај нас ново е што почна да голта две лажички плус од кашичката но далеку сме од 120гр за оброк. Давам и нудам и сабајле и попладне избегнувам навечер затоа што гледам дека мака си има додека се кака и тврда му станува столицата и плачки тука. Заби немаме иако се лигави и пика нервозно све и свашта од 2 месеци,го болат непцата се познава кај и да е ке правам колачи да бидам модерна и јас. А јас утре сабајле ке испитувам крв и хормони за косава,и ке земам алпецин шампон и лосион уште тоа немам пробано овие 3 и пол месеци,но немам што да изгубам можеше бар на друго место да оќелавувам,на некое помалце видно поле. Ве гушкам
Први две ноќи како Лаки што правеше. Јас во друга соба десет минути се обидува да ја заспие не бива плаче влегувам јас. Потоа ноќи по ред ја успивав во 20ч на цицка до 12 ч успевав да ја презаспијам без цицка. Чим ја сетам дека се буди ја вртам веднаш на другата страна на стомак и на газето ја нишкам. Некој пат ми успеваше некој пат не, па се будеше и си седеше со саати. И пред некоја вечер се разбуди во 2.30 сама прв пат за цицка не ја презаспав и потоа во 6.30 регуларно станување. Синоќа заспа кај 21.30 на цицка промрда околу 3.30 само го видов саатот али не и дадов да цица. Се вртеше лево десно и заспа до 7 утринава. Еве сега цицаше од 21 синоќа прв пат. Мајка ми вели со сестра ми исти сме биле и наеднаш на 11 месеци сами сме се одбиле преку ноќ. Од бебиња кои нон стоп цицале до никакво цицање. Се надевам дека ќе биде како мене. А и морам да кажам дека овие денови е одма подруго. И многу поубаво и порасположено дома.
Охохо подобро каде каде и ние сите весели бевме, па и баби, дедовци хихи ајде си велам и јас пак ќе се навикни синко мој
А кога ќе се разбуди за цицање,и мрда лево десно,не ли плаче? Мојот почнува да плаче и ако не го земам во раце,наддава уште толку. Ќе чекам да заврши скоков па ќе почнам и јас со техники. Штом успеавте вие,ќе успеам и јас,сигурна сум Таман има време,3 недели до излез од скок,ќе видиш дали долгорочно ќе е нестанувањето и дали е само период или е резултат на техника. Или ќе успеам или кај спијам со прекини и кратко,ќе останам и без неспиење. Ама ако не пробам нема да знам -Значи неколку дена,не давам одма цицка,освен кога ептен ќе е алармантно,а да го земам во раце? -после не го давам да цица,само го земам во раце за да презаспие? -после спиеме заедно без будење додека да родам второ дете