Денес и даваме кравјо млеко. Без проблем го пие. Ќе пратам како ќе биде со него. Ад-во како водичка си го пиеше, нон стоп. Денес некако ред има некој. Ви кварам тема, сори
Ne sum spremna ni jas ama nemam mleko i ne ni mi ide sekoj den pomalku i pomalku i da cica posle toa place pak zatoa sto e gladen ne se najaduva......ubavo posa samo celicni nervi
Како се снаоѓате со вашите бебушки кога почнуваат да капираат дека јадете и сакаат и тие? Моето веќе почнува да разбира, посегнува по храна додека го држам а јадам нешто. Ептен ми е грев што не можам да му дадам и размислувам дека најверојатно ќе биде се потешко да се јаде и грицнува во негово присуство.
Секогаш гледам да јадиме заедно, измеѓу ужинираме заедно, јаболка, банана или слично. Во случај да не јадиме заедно зимам да речам краставичка, овошје или лино смоки и и давам да грицка да не ме гледа.
Обавезно ни ги брое залците и кога е најдена, и и даваме обавезно грев ми е така да гледа жално. Баш некни бевме во мекдоналдс до нас седеа едни леле оваа мојата кога им се заврте јас и викам ја тресам да не гледе натаму, дури кога престанаа да јадат она се заврте накај нас.
Гледам да јадам нешто што можам и неа да и дадам. На пример јадењето да го направам без сол, настрана да му додавам за да каснува од моето. Или ставам ситно сецкано овошје до мене и давам од тоа. Во краен случај и давам леб. Една корка пола саат ќе ја џвака. Таа секако јаде оброк посебно, најчесто пред јас да јадам, и не дека е гладна, туку сака да проба. После 5-6 залчиња не и веќе интересно.
Да направам и јас Check-in во групава некој ден порано ако Ве читав за мавање по лице, е мали се удира неколку дена по ред и се кубе, и чеша непцата Ке искачаат ли заби, или втф???? Што да и мачкам, освен што ми ги здроби прстиве од гризење
И се мава, се кубе, се гребе по лицето. Си ја тегни маичката налутено, цело време нешто прави. Незнам како не ја боли. Сигурно непцата нервоза и прават.
Мене најсмешен ми е е кога се мава по стомак. Легнат и зема замав со раката кога ке се удри клокоти стомакот. Многу е жив деновиве,ништо не го интересира повејќе од 3 мин. Нервозен е и само во уста пика работи. Вака мачкам со гел заб во најава очекувам. Спиење на рати. Ноќе многу често ми станува,дел од времето игра дел цица... па што има научено да писка мислам дека комшиите над нас го имаат огласено станот за продажба. Уште 6 дена имаме до крај на 5ти скок. Па се надевам ке се стабилизираме со спиење.
Дали кубат вашите бебиња? Мојата не се ни тепа ни ништо, ама како штипка со тие прстите.. Сакав да прашам од кога почнавте да давате цело јајце?
Да и тоа квалитетно кубење Осанит како најфален но го нема кај нас,ако може некој да ти го донесе од некаде. Што дека го имам кога мислам дека нема врска, а и по нашите аптеки има некои такви чуда за мачкање но мислам дека се тоа нема врска. Додека не си пораснат забите така ќе си биде Денес незнам што бутур му беше ама цееел ден ме гризеше за брадавица и не сакаше да цица. Правев некои егзебиции за да цица. Не му е прват, но ќе му кажам ,,НЕ,, и престанува али денес мамино мајче ми се расплака
И синко почна да ме грицнува по малку,ама не силно,и веднаш ме погледнува со очињата да види како ќе реагирам Му викам отсечно НЕ, и веднаш се спрема за плачење илј почнува да шмрцка,слично ваква фацка А некогаш ми е ептен смешен,ама ако ме види дека му се смеам,ќе почне да гризе убаво,ќе мисли дека се играме така.
Јас не мачкам ништо. Ја имав на трет мсец намачкано неколку пати и еднаш осанит и дадов и сфатив дека се е тоа гола вода. Така да само глодалици ладни на почеток, а сега обични не ги сака ладни. Како денес со забиве досега не било. Нон стоп е раката во уста како од трети до петти месец, лигава и вришти на 15 минути се гледа дека е од болка. Многу се измачи денес, многу. Сигурно се местат забите или тројките како најтешки ќе се појават. Нормално јадење 10г. Дадов пармезан денес и три пати поврати онака како од гадење. Внимавајте на внес. Многу тешка рака има и мава, корне, каса, штипе. Се гледам сега на градава толкава модрица ми направила. А за јадење јадеме и пред неа али не е заинтересирана мојата по храна. Дури некако и забегува со главата да не случајно и дадеш и неа да јаде.
Да пишам и јас 2,3 збора. Скокот сега за сега го контролираме уште на исто ниво. Станување навечер со врискање 5,6пати и уште толку за цицање. Јадењето, првите 4 лажички и се интересни, потоа мора нешто занимација за да изеде цел оброк. Лутка невидена, за се плачи ама и кога ќе се заигра знае 1ч да не ме замара Колку чистам толку ме прави недомаќинка ќе види една ронка, конче и дирктно на него да го јади А и мене многу ме јади, што вика Хело Кити интересни и се фацките кои ги правам додека ме боле Инаку е голема брборка, расправа, објаснува и се кара(на таткои ) Да се редактирам. Пак и се појави пеленски оспи. Немам веќе нерви...
Ако има претерано многу болки дај и од сирупов,ептен помага. Се дава само по потреба,во денови кога нон стоп плаче од болки,спас ни е.
И јас да се пожалам, една недела мака мачиме со вриштење, срипување во сон,за 3 дена дали 10 саати има врзано асален сон...мислам дека се забите, вака преку ден е премн кенкав, ништо не му се погодува ни да го заиграш, ништо.. дури помислив и на лекар да го носам да го зирнат ама мрдната ќе ме направат пошо овс претежно навечер се дешава. При крај сум со сили, неспиењево ме прави мн нервозна, само се карам, се ми смета не се сакам таква ни за бебе мм лабав, навечер ни топ не го буди а не бебе, нели он на раб оди а јас демек спијам дома Забегав со темава, морав да се искажам
Мојата кога ваде заби само навечер има епизоди, преку ден си е весела, кога плачеше неутешно и ставав гел и се смируваше.
Имаш уште за тенчење од нервите чим го оставаш да спие оти е на работа. Ако ништо друго нервозата од неспиење нека ја сподели испадни од соба ќе стане за две секунди. Мене ми е полесно кога е споделена нервозата. Секако забите болат период е.