@Milaаа991 знам дека утре и е роденден, но денес имам време за честитки. Нека ти е жива и здрава и нека те радува цел живот. Да ви биде гордост! Spoiler Некои личности ми се многу драги, некои не нели. Ти си ми една од најдрагите Немој да плачеш Ќе го испринташ ова и ќе и го ставиш во радосницата. Можеш да ги вметнеш и моментите од 0-12 месеци кои тебе ти се доста интересни. Нека чита малечка како се тоа изгледаше од твои очи без неа и со неа. Јас би ти направила и повеќе но беба ми се буди, толку од времето. 10.05.2018 07.06.2018 23.07.2018 25.08.2018 14.09.2018 24.09.2018
Мора во два поста предолго е Spoiler 26.09.2018 11.10.2018 12.10.2018 21.10.2018 06.11.2018 08.11.2018 08.11.2018 08.11.2018 10.11.2018 28.11.2018 04.11.2019
Исклучи малку од исхрана свежо овошје, давај варено или печено. Кај првото дете ова ми палеше, од премногу вит. Ц го правеше газето како на мајмунче
Секогаш употребувам ефералган или панадол, а еве не ми текнало на ова сирупче. Душа си ми ти, речиси ме расплака да знаеш. Ме врати во еден од најубавите, најстресните, највозбудливите и најнепредвидливите периоди од животот. Ти благодарам! Значи навистина си неверојатна личност. Го знаеш тоа така... И да ќе си го испринтам и вметнам во радосницата која веќе скоро ја пополнивме. А мене колку ме фаќаат насталгии кога гледам како моето девејоче расте со брзина на светлината не можам да опишам.... И да време е да се збогувам со темава, ама редовно ќе ве посетувам додека не ни се придружите сите во другата категорија ДЕЦА. И за крај.... Добродојде тодлерство, те молам биди фино со нас...
Жено нестварна си. Алал секоја чест. И јас се расплакав..... како бе вака некој нека го запре времево. Ок,само во бременост не поминува.
. Стварно бе како лета времево еве го и синко на 10ти ќе прави 11 месеци, пораснааа не ми се верува. @FreeMind секоја чест за честиткава @Milaаа991 ги читам мислењава и јас се вратив назад 1 година, се сеќавам на се ќе честитаме и утре, нека е здрава и жива малата лепотица
Благодарам. Баш вчера зборевме со гинекологот и ми вика како бе година, мислам пред неколку месеци ти се породи... Лета, затоа треба да уживаме во секој миг и секоја фаза од животот.
Толку се соживувам со секоја од вас, секоја си ја замислувам на свој начин, но ве чувствувам толку блиски. Многу работи си ги споделуваме, заедно се радуваме, се жалиме. @FreeMind и мене ме разнежни со постот, навистина прекрасно направено.
Од секое овошје? Пример јас дури не јадам цитрусно и домат и пак еве. А инаку свежо давам јаболка, банана и круша. @FreeMind @Milaаа991 Среќен роденден на малата принцеза Во случај утре да заборавиме Моментот кога останав бремена и сега кога ја имам, сваќам колку брзо лета времето. 9месеци пробувавме да ја добиеме 9месеци ја чекавме И еве ја до нас, 9 месеци, така совршена и прекрасна
Јаболката ја вари, таа има највеќе вит Ц а крушата нема толку многу па немора, банана нормално немора
Да,на синко многу му помага. Неколку пати му имам дадено,обично навечер пред спиење се смирува и спие помирно. Ама му давам она баш кога е нервозен и плаче многу од болки.
Не сум знаела, ќе ја варам тогаш. Мислам дека има врска и витаминскиот сируп што го пие ама како да го прекинам сега баш во период на настинки...
Честиткии,бели како бисери да бидат. И нека излегуваат безболно следните И мојов не се трпи кутричок кој знае каква нервоза е. Само станува нејќе да спие. Фала богу не плачи како што плачеше со грчевите,него онака си кемка повејќе од мака. Вчера па се утепа од плачење дали дека цел ден не бевме дома кај мајка ми бевме и му се виде досадно кој го знае. Крвтта ми е супер,и тироидна и железо 11ка ми е што значи дека косата си паѓа затоа што и се паѓа,што есенски што после ппраѓај. Како и да е ке се шетам ваква. И нервозна сум уште. Тоа дека сон немам,станувам на 2 саати од кој во 5 сум више со кафе во рака. И после маж ке ти преречи нешто и ти иде да земеш тоа кошулата и ја му ја вртиш као боздоганот од крали марко и да му ја треснеш па убаво да му се види дека е пеглана. И цел негов род на нерви ми иде. Не дека мојот е злато ама бар на мојот род можам да му кажам не така,а на неговиот им ќутам како подмочана глумам култура и си трпам нервози. Него родат дај боже деца останатите во наша фамилија па да ме оставаат раат и мене и детево. Амин. Него да не депримирам тука доста е со времево депресија. Да ни се множат вакви убави моменти. Фала што постои форумов. Ке немав време секако на паихијатар да одам