@anina можно е да е повраќањето да е од тоа, а плаче ли, ја боли ли стомачето? Се надевам го искакала до сега, или ако е вирус ќе помине за три дена. @donna.17 јас сум ги ставала во машина ама на 40 степени, а претходно малку на рака ги перев со четка ( искапаното од храна) и на програмата за рачно перење и ок биче навлаките. @Super-Mama многу рано сте почнале со глутен, ако си дала пченичен гриз. Палента и др.безглутенски житарки можеш после 6 месеци- киноа, амарант. Зелена тиквица, црвена тиква варени, компирче, брокула, понатаму карфиол- потежок е, ориз, пашканат.
Воопшто не плаче, нема т, нема ништо друго освен одбивање на храна и повраќање под млаз. До сега 4 пати. Постојано и давам течности и електролити. Ако ја однесам кај дежурен педијатар не би имало корист, доколку е вирус. Антибиотици не се даваат на стомачен вирус. Единствено би уклучиле физиолошки за да не дехидрира, а јас давам доволно течности. Ме буни тоа со стиропорот. Не беше многу големо парче а и време помина. Вчера во 12 го голтна
Е па вирус е. Мислев дека ако ја боли стомакот може стиропорот да прави проблеми...ама прашај некој др.макар телефонски, ете на ало докторе јави се, мислам дека бр.беше 15123.
Се јавив кај матичната и ми рече само многу течности да давам и дека мора да трае три - четтири дена.
Колку е жално денешно мени за бебенца и едвај чекаат мама по цел ден да е дома за да си цицаат, им се ускратува тоа задоволство повеќе е потреба од топлина на мама и цице колку само е сурова денешницава ми се плаче кога ќе ми текне дека треба да се остави толку мало без мама. Ќе чека празник за да дојде до цице а тоа му е храна потребна најпотребна а што правиме ние им кратиме живот со тоа ахх кога би можело да останат мајките подолго дома.
Мајки, слабо сум на интернет во последно време. Сега дури и кога дојам не можам оти ѕверко цица и не ми ја пушта раката, сал ми ја мафта на сите страни. Еве скоро 7 месеци ќе направиме, а овошје никако не сакаме да пробаме, во никаква димензија ни комбинација. Зеленчук сакаме, кога-како. Интерес за јадење имаме кога друг јаде ама не се лажеме лесно, не палат овошните финти кај нас. А пусто млеко не стигнува иако го има во големи количини. За 5 минути си го шмокнува до капка и после се буни. Се изгубив веќе во (не)редов на јадење. Извинете, морав да си се искажам што ме мачи...
@leona83 Му дадов гриз од Хумана на кој исто ја има ознаката за 4+,му го дадов по препорака на педијатарот,мислам дека е во ред бидејќи е без глутен.
Мамичке и да се радуваш, тоа е огромно задоволство за секој родител, неописливо чувство. Јас исто така се радувам на секоја ситница околу мојата ќерка. Сега веќе сум загрижена како ќе ја оставам сама со тато затоа што почнувам на работа. Цел свет сега се врти околу неа и среќна сум што тоа е така. Ви посакувам многу среќни моменти.
Мајки веќе извесно време син ми има како вруќанички на мешето десно од папчето. Понекогаш се побледи, понекогаш поизразени. Ниту се шират ниту се повлекуваат. Не се многу, ама веќе извесно време ги гледам. Од што може да се?
Мајки, јас повторно прашувам... Имавте ли проблем со какањето кога почнавте со дохрана? Да ми кажете што да правам кога детето неможе да се искака? Мојава кака преку еден ден и многу долго се напиња. Но тоа што не ми се свиѓа е што гледам дека ја боли стомачето и се мачи.
Оди и прашај го педијатарот, има гранули кои се даваат на детето, доколку не може да се олесни. Јас пред некој ден разбрав, ама уште не знам за што станува збор. Можеби некоја мајка може да ти даде конкретен одговор какви се тие гранули. Знам дека се ставале во каша и немале никаков негативен ефект врз организмот. Сепак распрашај се.
Преку еден ден не е страшно но штом има болки разбирам дека се грижиш.Што јадете деновиве?Избегнувај морков и ориз во поголема количина а давај слива и круша.Можеш и како сок или каша.Они ја омекнуват столицата.Мојата е 4 месеци и јас и давам инфакол.Секогаш од нив кака меко .Они се со пробиотик внатре .Моето уште цица и вода давам и пак по 3-4 дена немаше столица.Затоа и ми дадоа инфакол.
И ние бевме така кога почнавме со дохрана какаше преку еден ден и се мачеше ама не бев приметила дека го боли стомачето.Ама тоа беше на почетокот додека да се прилагоди организмот па еве сега кака и до 5 пати на ден по помалку и само пелени менувам
Јадеме и слива и крушка, ориз уште не јадеме, а ја избегнувам и бананата деновиве. Купив суви сливи па тие ги варам и ставам во каша, а водичката во која се сварени и давам да пие како чајче...и пак се напиња! Ништо, ќе земам и јас од тој пробиотикот тогаш...А во каква форма доаѓа? Сируп или некој прашак ша се раствара?
Мамички дали користите навлажнувач на воздух посебно тие што се грејат на парно?Ние планираме да купуваме па ме интересира искуство.Дали некоја го има овој од Бреви навлажнувач со јонизатор е: http://bebesupermarket.mk/?p=17445
Последниве месц дена ми се разбудува ноќе скоро на сат_сат ипол.. инаку си спиеше прекрасно... Еднаш до два пати ќе си цицаше и ќе продолжи... Ова веќе не знам што е.... Скок во развој има ли на 12 месеци? Сите до сега ги минуваме со неколку дена мала оромена... Заби да се ќе излезеа си викам до сега...