@slavica999, лесно како песна да му испаднат сите запчиња, бели бисерчиња. Значи ме пресмеа со ова. Колку само е така
И ние заедно навелико го тераме скоков. Преку ден има постојана промена на расположение,се игра,па обрнува на плачка,па се смее,па вришти,па се лути,ништо не е погодено и ништо не му држи внимание,и се така во круг. Многу дооолг ми се гледа секој ден. Па да беше убаво времето,може со шетање полесно ќе беше,ама оние денови студено,па ветровито ептен,па сега дожд ,а синко ептен сака да е надвор,ако излеземе надвор нема влегување внатре,или ако излеземе во ходник вришти за надвор. Како ќе ја поминеме зимата уште сега се плашам ,некако не умеам на ладно за надвор соодветно да го облечам,се изгледа го преоблекувам .Ноќе исто се буди по 536432 пати,некогаш цица,некогаш само да го земам во раце и заспива. Пробав со методот на Лаки и Фри да не давам цице, веднаш спискува,нема прво кенкање,одма вришти Пробав и како Фри штом приметам дека се буди да го завртам на друга страна,и тоа не помага,исто вришти. И веќе неколку дена секое будење плаче сигурно погодувате што ќе кажам запче ќе излегува Така викав и во претходниот скок,а ни з од заб немаше,ама овојпат мислам дека ќе излезе горната единица има како мало испакнато топче кое сеуште не грепка А може и пак си барам оправдување за неспиењето,плачењето, нерасположението,а може единствена причина е скокот . Ќе видиме,ако е заб за неколку дена би требало да е излезен . Кога сме кај јадењето,сеуште не јаде,ептен по малку, 2 каши од по 120 гр ги јаде по цееел ден,а некогаш ни толку. Па дури и со цицање преку ден ми намали,ноќе си цицнува убаво по 2,3 пати,а преку ден малку цицне и после си се огра со брадавката или си ја грицка. Па и според ова, мислам дека го боли непцето и нестрпливо чекам запче. @Happyinlove те замислувам како му ја плескаш кошулата на мт од лице Мм сам си пегла,па нема на што маана да најде. Знае дека шиење и пеглање,посебно кошули,панталони и било што друго што сака ептен мазнење, ниту сакам,ниту пак умеам,па затоа уште откако се зедовме сам си пегла и шие. Уствари имав неколку обиди на почетокот да му испеглам,ама тој скришум препеглуваше по мене,го фатив на дело па му реков да не се мачам за џабе,таа обврска е целосно негова . А за муабетот на фамилијата на мм,целосно се сложувам . @FreeMind и мене ме потсети на едно убаво поглавје од животот уствари и многу напорно и долго,ама се кога ќе се собере и одземе,резултатот е најубаво човече Ќе си ги препрочитам мислењата од труднички,таман да се потсетам што и како било. Памтам дека до 3 месец ептен мачнини имав,од 4 до 6 и се тераше некако,ама од 7 до 10 се изнамачив,и киселини и ногата ме болеше кај препон,па потоа кичмата и последните 3 месеци ми поминаа во кривење. За да на крај се породам во 41 недела,бремена цееела вечност,за сите пари. И цела бременост единствено страв ми беше да не не ги препознаам породилните болки и кога дојде време,да не ми пукнеше водењакот,стварно немаше да знам дека се тие болки за породување,па најверојатно ќе си се породев дома . Толку од мене,се распишував ептен,ама на рати
@Milaa991 најсреќна да е лепотицата! ПРЕ-КРА-СНА!!! Преслатка, со шлапање во тортите. @FreeMind на рапорт, како сте со спиење, доење навечер? Истото важи и за @lackygirl и @happycow Уште нема запче, а нервозна. Трие се со непцата. Навечер станува цело време, си бара и да си игра дури. И правам финти, цуцла, вода, на страна заспивање. Џабе е. Млеко сака.
@slavica999, @FreeMind ја гриџе она Софи жирафата. Синоќа јас ја чешав со прст, уживаше И арно глупата јас, сакав да почнам да ја одвикнувам од ноќните подои Ке се разбуди, ја земам да ја презаспијам. Се разбуди два пати. И на крај дадов цицка, се најаде бебето и куфер. Мајка зомби Како да укинам ноќен подој
Ве читам, и си мислам како Антонија до 8 месеци си стануваше само еднаш максимум 2 пати ноќта. Преку ден не спиеше ама 3-4 пати по 15 минути ќе сврзеше и ве жалев Вас мајки, жени кралици како успевате по цела ноќ да станувате и да доите. И еве сега и сама си се жалам, веќе две недели станува по 10 пати, сака да цица макар и само да ја лижне цицката, како во 4-5 е расположена за играње, како преку ден не заспива т.е. јас ја успивам по пола саат со пеење и нишкање во раце а душата мајкина станува за 5 минути, наспана и после пола саат од станувањето е нервозна кенкава и се остало што иде со ненаспаност и без желба за да спие пак Ноќта не спиеше, дента исто и викам ај ќе спие ноќеска и НЕ па НЕ, што ќе и да спие. Во 36 часа вкупно дали има 10-11 часа спиено. И посебна прича со маж ми. Го отерав во 3 лепе. Не може да ја презаспие зошто дете корне од плачење и уште нервозен зошто не сака кај мене, епа колку пати си ја успивал или презаспивал ноќе од кога почна да разбира (од 5 месеци). Имаше среќа што беше ниедно време и да не ја дорасонувам Антонија иначе се што ми се собирало овие 8 месеци ќе си го добиеше вчера. Во сабота треба да излезе од скокот ама ова не се трпи веќе
Мм почесто ја успиваше ама сега за жива глава не сака кај никој освен кај мене. Кај други се тегне и рика во секунда кога ја зимам се смирува (ова за спање само) Вчера ја оставив успана и излегов, станала после 15мин и плачела па почнала да си игра, ама да спие никако, си дојдов, ме гушна и се комира.
Среќен роденден на Јана @Milaаа991 .Да ти биде најсреќна снегулката твоја, да биде здрава и жива и да ве радува. Прва ни е во се, па и во родендените. Браво за организацијата за роденденот.Прекрасно ви било украсено.
@srekice ти како мајка ми. Детево скоро 7 месеци ке ти наполни уште стануваш да го цицаш,редно е да не му даваш ноќе,ке земеш вода ке му даваш,му мирисаш на млеко....он ни да вкуси вода не па да го излажам и да си продолжи. Ние оброк немаме воведено она да сум исклучела ноќни подои. Мислам да беше така лесно до година и пол маки не ке мачеа. А мене баш ми се станува на 1 саат. И ми се дреме. Сакам. А ова се е за да почнел да спие со нив да сум го оставала да спие,мислиш две години има,не неполни 7 месеци. Напаст што да ви пишувам. А јас мудро ке читам како да намалам/исклучам ноќни бидејќи сакам да спијам. Ми се спие
Јас не ја дојам ноќе од 4 месеца, па пак се будеше ноќе кога ќе ме сетеше. Она заспива во 9, јас во 12-1 одам да легнам, она станува во рок од 15 секунди. Жими се жени се колнам дека ме мирисаше. Па почнав во дневна да спијам. После некое време почна да станува маж ми кога ќе си легнеше. Па тој спиеше во дневна некој месец. Теоријата ми е дека он ја зимаше во раце ако стане навечер, ама сигурно и него можеше да го намириса. Сега пред 2 недели почнавме да спиеме сите во спална без будење. Она и претходно спие цела ноќ, и ако влезеш да земеш нешто од шкаф, не станува. Ама само што ја ставиш главата на перница, ете ја се исправа во креветчето. Па и за јорган ме тегнеше, демек знам дека не спиеш Мора да се селам во поголем стан за следното бебе, што порано во своја соба да си биде. Едит: да знаете дека постои теорија дека бебињата имаат некаков проблем со спиењето на секои 4-6 недели (болест, заби, скок, патување, што и да е), нешто што ќе им го растури редот. Ноќните подои само ја прават полоша целата таа работа, и ја сум скроз за тоа да се скратат порано.
Хаха, ја прочитав на нет па да пробам, али се зезнав опасно. Иначе вода и давам со онаа пипета од нистин капки ама не е заинтересирана Шоише никако несака
@Milaаа991 среќен роденден на малата принцеза Вчера од се што сакав да кажам,половина сум заборавила Сакав @BabyT* да ја прашам кој витамински сируп и даваш на малата да пие и педијатар ли ви го препорача и зошто? Заради имунитет ли,бидејќи за апетит знам дека малата ти јаде? И ти има ли спомнато Сајковски за капките од семка од грејфрут,знам дека после годинка се даваат? На нас матичната ми рече вит ц да му давам и тоа откако јас и побарав нешто бидејќи за 1 месец 2 пати ми се разболе. Ве читам за глодалките,синко па не ги сака ич, на Софи одамна и откажа љубов,првиот месец,два ја грицкаше,сега ако му ја дадам ја фрла,како и останатите глодалки,а сите останати играчки и предмети од дома ги става во уста и грицка. Па така далинското,шишето со вода,некое пластично од крем,чашката од јогурт,па дури и неговите алишта му се омилени глодалки. За мм што да кажам. Кога беше синко помал,некако помалку го чуваше,ем беше до касно на работа,по цел ден,ем бебе грчеви па постојано плачеше,ем мм се вадеше страв му било да не го повреди, па постојано бебе беше во мене. Сега кога е поголем кога ќе дојде од работа обавезно се игра со него,ама тоа е 2-3 саати. Не го успива,не менува пелена,не му дава да јаде ,не станува ноќе,освен ептен кога плаче,или ме слушне дека сум накострешена . За ова и сама сум си виновна,требаше од одма да се учи,ама побрзо ми е јас да го успијам,наранам,сменам пелена,зошто кога тој го прави тоа,бебе не заспива,на крај пак јас морам да го земам,пелена менува 15 мин,а за јадењето нема потреба да коментирам .Инаку околу домот се работи и не се жали. Пак ќе кажам,сама сум крива и ако имаме уште едно дете,од почеток ќе прави се,за да не му е страв после. За вода,што да кажам ,пие од 15-20 мл на ден,од шише само се игра,ќе го наполни муцето со вода и си прави брррррр и се мокри,а од чаша пие,ама обавезно мора да се лигави и плука. Значи,водата му служи за игра,а како и да не кога постојано цица. Штознам дали кажав се што сакав ,и сега пишувам на рати,почнав од сабајле. А ми текна,бебе има многу тврда столица и не кака по 3-4 дена, а колку толку внесува цврста храна? Му давам кашичка од слива,круша,компот од сува слива,во зеленчуковите ставам маслиново,ама нема ефект. Нешто друго да пробаме?
Флорадикс сируп ни препорача. Си има мојата апетит туку за имунитетот малку да го поткрени. Да ги спомна капките но уште сме мали за тие да ги прима, па и како сме со пеленски осип уште тоа ни фали. Зимото е пред нас ќе видиме колку ќе ја заштити сирупот. Инаку не ти кака бидејќи пие малку течности. Пробај со некое чајче поретко направено, со шише со клунче или чашка.