Среќен роденден на нашето девојче кое ни се роди прво во нашето трудничко друштво. Да е жива и здрава да биде гордост на Мама и Тато и другата година со бато да си слави. Мила неможам да те тагнам
Вода ќе почне да пие тек кога ќе почне да јаде. И тоа два до три оброци на ден. Природно им иде и така и треба. Секако ќе нудиш вода од почеток почни со лажичка настрана свртена не од напред.
Моето одамна јаде три оброци на ден, и уште никако да почне да пие вода Мислам дека никогаш нема да пие вода.
Мораш со три оброци да нудиш секој ден и да се обидуваш било како да му дадеш вода. Со цефка проба? И цица доволно нели? Кај мене на инат ме фаќа со водата. Нон стоп да и даваш нон стоп ќе пие. Ај кога ќе јаде да разберам али гладна и вода? Не јаде со недели како што јадеше. Од три се сведе на два оброка појадок и вечера и не форсирам веќе веројатно толку и се јаде. И тоа порциите што да ви раскажувам знаете.
Од 5 месец навака нудам секако после оброк, меѓу оброци и од ништо не пие. Цица само 3 пати на ден. Свашта пробувам и од ништо да фати да пие.
Добро е да не жалам сега, за разлика од пред 1 месец, 1 или 2 пати станува воглавно, секој ден различно, сношти ниту еднаш не цицаше а стана 3 пати и гледам да не му давам да цица ноќе, пие вода, се лажи со неа малку почнува сам да се одбива, не сака да цица како порано, јас уште ќе нудам дури сака нека цица бидејќи не пие друго млеко благо, а јогурт го научи да пие мајка ми Да ти ја откријам "тајната" за никот на Мила мене Фри ми кажа средната А во 3те ааа е со македонска поддршка
Се врти Лаки се врти! Али мушки издржавме. Тоа и пишав во книгата ќерко ми еба матер ми еба со неспиење.
сега кога заспива прво цица и после се трга од цицка, си мукаа самиот мммммм ммммм и си заспива Многу ме мачи пред заспивање од 20ч до 22ч абе ни се води ни се тера, како збеснат е, се трија во очите, тука плачи, тука се смеј, крај не му се наоѓа... Др проблем е што ништо нејќи на нозе, абе се слекува, дури и чорапите, патики нема шанса, во секундата ги слекува, а сака да патка, дома ок е ама ако сме некаде излезени сака да слези долу и неможам по чорапи да го паткам, а плачи ако не го слезиш. Незнам како да го навикнам, некој слично искуство?
Јас чорапите ги решив со хулахопки, а чизмите за сега ми се енигма па надвор искача со дупли зимски чорапи. И тие може да ги соблече мафтајќи во кенгур. Сеуште не оди али да ја паткам ни во најлудиот сон. Ако може сама бујрум ако не ќе си полежиме уште малку. Не можам наведната да одам така па што сака нека биде.
Моево исто не сакаше да пие вода до година и пропи од малите шишенцата со клунче што се. Јас од зегин му купував со ликови од дизни. Пробај со нив ако не си пробала до сега.
Ако креваш полутки пак сум појака Се шалам, голема сум 1.70 со 70 кила и претходно спортував доста така да имам сила али ми се намали времето за кое можам да ја носам. Сега 13 кг саат време макс можам да ги издржам. А и кенгурот е навистина добар. Мислам кога морам јас да ја носам кога сме сами, иначе не си ја заебавам половината до толку.
Ај совет дајте. Вчера малото во какушката имаше лигав дел кој што имаше као кончиња со крв. Се потресов ептен. Се и сешто прочитав. Мм паметен вика од што ја имам добиено ама каква врска има тоа. Читам алергија на кравјо млеко преку мајка
А зошто читаш и се паничиш повеќе? Прашај си педијатар. Следи ги наредните каки какви ќе бидат. Мојата е алергична на кравјо па до сега кога и да сум конзумирала немала такво нешто ама ете да не ти е во мисла избегавај го.