И имаш капилар допрено од тоа е. Намали со аспираторот. Додека ја бањаш чисти го носето од топлата вода течат сами после пет минути само секни и го со прстите. И толку. Голема е за аспиратор. Исто ми се случи затоа знам.
Ај ке пробам сега така. И ке пратам. Иначе се е ок, столицата е таман со боја и со се. Инаку почна да се гади од пробиотикот, до кога се дава? Сакам да прекинам
Од втори почна да се чеша и испаднаа 7 комада во 8ми месец. Најчесто е после седми прв заб. На 5ти скроз нема да ја истава раката од уста. Се местат.
Здраво друштво, како сте? @Milaаа991 најсреќен роденден на Јана, нека е жива и здрава Извини за доцнењето, ама деновиве во гужва сум ептен. Патуваме накај мајка, малку да смениме викендот Бебо спие во транспортерот, таман одморен ќе биде кога ќе стасаме таму. Не се буди веќе на секок саат, фала му на Господ! Пак заспива доцна, околу 23ч, и не станува за доење, ама чат-пат кенка па се извртува скроз во креветчето и станувам да го преместам или покријам. Му купив вреќичка за спиење, мекана и топла, како ќебенце е, ама уште ми е топло за неа некако и не ми е пробана. Вчера му испитавме крвна слика, Хгб е подобрен 119, ама железото е уште слабо 9.5. Така да во вторник кога ќе го носиме да го мерат мислам дека ќе ни каже матичната уште една доза Малтофер да дадам, ќе видиме. Полека се спремаме за роденденот, тортата е нарачана, реквизитите за шеќерната маса ги купивме, уште нешто фали да доправиме со мм, и да бараме облека за сите тројца. После роденденот здравје ќе купуваме елка, лампиони и сијалички, едвај чекам. Лани не купивме, некако во гужва бевме околу бебо. Го обожавам периодов на празници што доаѓа. Да ве поздравам сите, имајте убав викенд
Вчера 9месеци полни. Кенкава вчера до немај каде. Само вода сака. Вчера одбиваше храна(претходниот ден си јадеше за мерак со појадок, ручек, вечера, ужина). Синоќа цело време се будеше кенкава. Денес седе и плаче. Топла ми беше, измерив 38темп. Ниту едно запче немаме извадено. Чепнав уше не е. Не кашла, нема носе затнато.. Ќе ја пратам, ќе видиме што ќе излезе. Како да не е тоа дете.
Исто бевме. Секој месец ја сликам, за 9тиот месец едвај шкрапнав нешто, температура 38 со нешто, и многу кенкава. Еве ја сега на неполни 10 месеца со 3 заба. Мора да е тоа.
Значи можам слободно да те носам во раце Не сум по полутките веќе ама пак испод 100 кила дневно не сум. Ама јас и мала сум ама јака
Провери ги жлебињата се познава ако е запче. Инаку уште вирее и вирусот со само температура, ссе надевам не е тоа
Ние скоро годинка и уште секој ден редовно давам пробиотик. По совет од педијатар само ги менуваме од време на време, дека организмот се презаситувал. Едвај го чекам и јсс периодот со празниците што следи оваа година нема да украсуваме, нема да сме дома. А и онака тешко дека ќе остане се на место а имам голема желба. За роденденот се е спремно. Дотерани сите. Се надевам супер ќе биде. Мојот е малечок, нема ни 10кг а никогаш не купив кенгур. Можда требаше. Ама кога и да го ставам во количка си седе па може затоа не ми притреба нешто друго. Педиодов сега многу сака да го пакткам и да се шета за раче. Боли многу половина ама не се жалам. Редно беше и јас да осетам мака Јадач, спијач, седи во количка, се шетаме и одиме каде сакам кога сакам, си игра на под коа го оставам....па сега ќе го паткам колку сака Ортопедот ми даде зелено светло за каишите за шетање при проодување па незнам дали да земам. Како сте вие по ова прашање, искуства?
@BabyT* качи до 38.9. Дадов парацетамол, за половина час премерив 37.2. Дете одма се развесели, инаку скрос малакса, халонирани очиња... Проверив непце, ќе видиме утре како ке биде..
Во понеделник ќе и направам. Недела каде? Ако пак каче ќе дадам пак парацетамол, ако не ќе ја носам кавадарци на одд.
Од никаде беба ми заврши на антибиотик. Всушност не е од никаде, цела недела демек малку поднастината, вчера од 5 не сакаше ни да спие, ни да јаде, ни да цица. Ама ај си викам скок. Ја средивме во 8:30,цицна малку и заспа. Скок нели. Два пати ја земав за цицање после тоа, никако не сака. Третиот пат, после 40 минути, ја земам, а таа гори. Нозе камен, главата гори. Мерам 39.1. Нозете ми се пресекоа, па ајде сируп, па не делува како што треба, па не можам да ја освестам, па правец на клиника. Преглед, крвна слика и цефалексин. Проклета да сум, проклета. Каде грешам не знам.
Не си ништо крива има вирус со температура, мојата крена 40 пред 1 месец, не трае многу 2 дена. Нека поминува