@thinkerbell сезона на вируси што повеќе прележи сега полесно во градинка ќе и биде. Ќе помине, тешко е за гледање. Колку им се дремките на вашите преку ден? Можно ли е бебе на девет месеци да преспива само еднаш еден саат и толку?
Мојата преспива 3 пати по 1ч. Така од по одамна е и не ги ни намали, ако пропушти една како друго дете да е, плаче, се траќа..
Рано е за само едно спиење, ама ми се десило неколку пати, место да спие два пати по 45мин-1ипол саат, спиела еднаш 2-3 саата. Мојава спие цела ноќ, па нема шанси да издржи со само една дремка од саат цел ден.
Баш добро, и јас едвај чекам ова да ме стаса. Тие три пати кога спиела само еднаш дневно супер ми било. Како спие навечер, колку вкупно и дали станува?
И од кај 4 почнува да кемка до 21ч? И се спие и паѓа глава и не заспива. Нормално ништо не и се прави таква. Станува во 06.30 наутро преспива во 12 до 13 и од 13 до 21 саат...
И мојов ист, 9 и пол најкасно е буден, дреме пола саат меѓу 13и 14, после кај 16-17 уште пола саат и после само кенкање имаш, еве сега за бањање го спремав он рикаше и рикајки заспа, и сеа нит да го остаиш нит да го будиш Мислам ќе спобудалам уште малку без сон, не се можам.
Шестиот ве гази уште? Од денес 41ва недела влегува свечено во седми. Ноќно пу пу се регулира али денското го расипа. Сега во седмиов очекувам ич да не спие ни ден ни ноќ. Ајде барем одморивме малку
Јас пишев дека ја осетив само првата недела, оно да ти биде уште 2 заба, сега е добра со спање да не ја подречам. Има промена во однесувањето, плаче, се смее, се лути, ама мене тоа ми е слатко иако некогаш ме вади од такт кога сака да е по нејзино, а не возможно. Ја почнуваме 43 недела, далеку сме од крајот, да не брзам
@FreeMind @Spidy Нормално на пладне ќе заспиеше и ќе спиеше околу два ипол часа,навечер во 21-21:30 заспиваше до кај 6 ( со едно будење). Е последниве 10 дена настинат нос му тече,не спие повеќе од еден час. Пред некој ден,само 40 мин спиеше,како претепана бев. Многу е малку навистина. И кога ќе ми речат измори го,подобро ќе спие или преку ден ако помалку спие навечер подобро ќе биде... Ништо не помага,ни прошетки,ни игротеки ни базени,пак исто. Кога ја прашав докторката ми рече нормално е,на некои деца не им треба многу сон.
Денес 9 полни, шести зад нас е одамна, чекаме на 7ми уствари 9 месеци сме во опасен скокникако ред не можам да му направам, што немајка ќе бев.
Незнам за деца како се ама јас пиев за возрасни во бременоста, за 1 месец ми го кренаа хгб. Задоволна сум. Мојов до 9 месеци по 3 пати спиеше дење по 1ч. Сега спие 2 пати од кои првиот пат е 2-3часа, а вториот 1-2ч, заспива сега покасно од 22 до 12 на полноќ. Помина настинката ама заб ќе ваѓа и тоа 4ка долу десно, мн му е набарена, сношти цела ноќ стануваше со плачење, уствари каква ноќ, заспа во 1 и пол по полноќ, стана во 2ч, па во 2 и пол, па во 3, па 4 и од 4 до 9 и пол спиеше, денес само 1 преспа од 13ч до 16ч, па во 21 заспа и еве сега го нишам в раце Веќе со овие забиве крај нема, многу се мачи, ништо не помага, вчера и парацетамол прв пат му дадов.
Ние втор ден со висока температура. Скренав. Само плаче, прстите ги пика да трие непце, става предмети за да си олесни, ама уште толку ќе растрие и ја боли. Никако не симнува. Утре од сабајле ќе и правам крвна слика, да видам како ќе е. Се изнамачи, неможам да ја гледам. А абер нема за пукање, само набабри малку.
На мојава кога и излегуваа 4 заби одеднаш исто имаше неколку дена висока т. Педијатарот ми рече дека веројатно и паднал имунитетот затоа што цела недела претходно слабо јадеше и спиеше. Откако и спадна по 1 ден излегоа 2 запчиња, а по некој ден и останатите 2. Уште не знам дали т беше резултат на вадење заби или вирусна инфекција како резултат на опаднат имунитет. На крвна слика не кажа нишш, т. Е леукоцитите и беа 4, што укажувало на вирус, зш кај деца обично биле 9-10.
Дури синоќа половина час по полноќ дете за првпат афебрилно во тек на 48часа. Сабајлето гледам 3ка и 4ка ќе излегуваат, а не само 3ка како што очекував(таа беше доле побелена). Денес, утре очекувам да пробијат веќе.