1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Незнам, јас не успеав да приметам. И уште не можам да си простам како го оставив до 6 месеци без крвна слика.
    Ај што јас не приметив, него педијатарот, го носев на контроли буквално секои две недели во приватна клиника. И на крај јас случајно да видам дека е анемичен и тоа на ужасно долна граница. Па на крај ми се правдаше како немал знаци, тенот не бил блед, немал жолти зеници...
    Незнам, најверојатно е моја грешка. Сигурно имало знаци што можам да ги приметам. Ама ете...среќа што не прифатив трансфузија веднаш.
    Сега правам крва слика секој месец за да не се потпирам на моето, очигледно лошо расудување


    Па реално не ми изгледаат скапи. Како што гледав таа е цената. Пример зара, хм и слични се и поскапи. Адидас исто се поскапи. По обични бебешки бутици ретко и да има бебешки обувки.
    Како поскапи и поквалитети кај нас се цицибан како што гледав. Тие се над 3.000 ден ама има самп за веќе проодени деца. Не за процесот на проодување.


    Ох, е ај сега :( мене баш ми ги нагласи со патент долу. Овие што ги земав се свитливо од еден до друг крај се допираат како што ми кажа. Ама имаат патент...
     
    На hello-kitty.90 и FreeMind им се допаѓа ова.
  2. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Се е пробано. Носи во уста леб и смоки. Друго ќе проба што е и само го мачка и си игра. Не рани нас и куклите, а таа не јаде.
     
  3. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Дали те советуваа да даваш нешто за апетит, некој сируп? Како е со тежината, намалува ли или стагнира? Забите ги има ли извадено?
     
  4. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    И давав бекутан ама сега нема жива сила што може да и го даде. Ја немам мерени скоро 2 м. Кокку што ја мерам јас дома има ставено околу 500нг за тоа време. Заби има само 6. Веројатно и тиа ја мачат, ама она скоро никогаш не јаде.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Тоа не е лошо 500гр за два месеци, сега секако и по толку напредуваат.
    Јас би пробала било и на сила да го пие тоа за апетит, ама затоа треба време да делува. Се надевам дека е само фаза и дека ќе почне да јаде.
     
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Уште ја доиш? Може и тоа влијае, ја држи сита.
    Јас те разбирам дека си на крај со нервите, ти верувам дека ич не ти е лесно. Ама ќе пројаде, верувај. Кога тогаш.
     
    На happygirl и paleska3 им се допаѓа ова.
  8. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    3.155
    @bella.s , секое дете е различно, само паники си правиме со споредувањето. Еве на пример малата кај мене до 4 месеци не сакаше да смисле да леже на меше. Баш тука прашував како да ја стимулирам. Почнав на перница прво со цртани и играчки, па полека зголемивме на 10 мин. Потоа сама почна да се врти на едната страна околу 5 месеци. Па на 6 на двете страни, па цело време беше на меше, сама се вртеше. Сега овие денови почна да лазе и да пробува да седе, но само до пола се подигнува. Седум и пол сме. На 4 месеци мислев никогаш нема да сака на меше, сега неможам да ја облечам од што само така сака.

    @Milaаа991 ова твоето е навистина напорно, и јас би те советувала некако да подметнеш сирупот за апетит подолго време да го даваш па да видеш дали ќе има ефект. Јас сум била дете што ништо не јадело, само млеко и чат пат некое овошје и тоа до 3 години. Потоа се пројадов. И се восхитувам на мајка ми како издржала.
     
    На bella.s му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Кај нас ортопедот на вакви објаснуваше
    406976_435_ss_01.jpeg
    Овие се лесни, се виткаат напред.
    А оние зимските се претерано тешки, крути, дури и за поголемо дете.
     
    На Bupalu и FreeMind им се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    @Milaаа991 гледам клацкалка си земала ја користи? Трицикл и ние ќе купуваме за роденден, а она за низ дома возење не е опасно да се плесне во ѕид? Го користи?
     
  11. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    @AlicaInWonderland ортопесот како што ми кажа за проодување најдобро босо без патичиња ама зошто било ладно ете доволни се тие чорапчиња со гумено одоздола што се. Откако ќе прооди тогаш кондурчиња што се виткаат кај прстињата бидејќи прво бебињата одат на прсти и тоа било нормален развој на стапалото. Јас баш го прашав за тие со патент на Кеги што се дека биле ортопедски препорачани од ортопед. И ми кажа кога ќе ти речат така да ги прашаш кој ортопед со име и презиме да ми го кажете, демек така викале за да им се продаваат.
     
    На Bupalu и BabyT* им се допаѓа ова.
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    За адидас ми кажа овој модел дека може
    D794A4C8-F5AB-46E3-8B78-BC3675B6F8FC.jpeg

    Бебо на прегледот баш носеше високи старки. И тие се меки долу ама ми рече тие не биле добри бидејќи и горе кај глуждот биле меки и платнени и таму се искривувала ногата. Требало долу меки а горе кај глуждот поцврсти, најдобро кожа, не платнени...

    @S.J.Parker баш и јас си помислив што се оптеретувам коа иде зимо. Дома е бос, а за по надвор само за украс му облекувам. Не го оставам некаде да патка, да лази или да се исправа. Надвор во количка само.
    Додека дојде април, мај за да го пуштам сам надвор се надевам веќе ќе биде убаво прооден па ќе бараме обувки :)
     
    На happygirl и FreeMind им се допаѓа ова.
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    20.458
    @FreeMind тоа нели се патичиња за низ соба? И на нас за по дома ни рече ортопедот најдобро е бос ( по чорапчиња),евентуално ако е на ламинат/ плочки чорапчиња со гума за да не се лизга.
    @AlicaInWonderland нели со вакви патики не може да гази надвор? Далеку ми се чини сме до проодување,ама ако прооди до годинка и во пролет сака да гази надвор нели би му било ладно по вакви патики без ѓон одоздола.
    Стварно нз какви да изберам,а пак не ми текна да прашам за такви со патент,прашав само дали треба ортопедски,рече нема потреба,доволно е само лесно да се виткаат кај прстите! Ај па избери сега правилно.
    @Milaаа991 ако ти е за утеха и моето не јаде,ама ич. Има 10 мес и досега имал само еден период кога јадел малку повеќе,ама за жал кратко траеше. Дури ни со молби,залажувања,на сила,со играчки,цртани,не успевам да му бутнам. Само се тегне да цица и ако не му давам плаче. Пробав буквално се. И готови каши,и домашни,и секаква комбинација,и потопло и ладно,и кога е гладен,и кога е помалку гладен,и никако не јаде. Освен леб и јогурт,е за тоа отвара уста ама пак малку јаде. Една мала тегла од 120 гр ја нудам цеееел ден. Горните кецови ќе му излезат,ама па,пак цел месец протестира со храна,викаат и кога е поради заби нејадењето трае неколку дена. Ќе му проверам утре кс иако знам дека не би била сјајна :( На вакво нејадење и само цицање :x
    Моето не знае да става во уста,од пред некој ден дури почна залчињата да ги вади од уста и да ги фрла (facepalm)
    Пробав и блендирано,и пасирано,и парчиња,и сам да грицка 8-| никако неќе.
     
    На FreeMind и Milaаа991 им се допаѓа ова.
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    @hello-kitty.90 па да и јас така размислив и затоа ги обрав кеги. Овие адидас пример може да се измократ и не ми се и мене баш за по надвор. Премногу е тенок ѓонот. Ние сме веќе скоро годинка, денови бројам па и затоа веќе почнав да размислувам за обувки.
    До пролет би требало да укапирам што да купам :D
    Дома имаме подно и ќе биде буквално бос зимово по дома. Ама јас имам и друга мака што баш коа малиов ќе биде 13 месеци (најверојатно во цутот на проодување) ние ќе идеме на патување на плажа ма 25-30 степени и се чудам шо обувки за таму да му земам. Цело време ќе биде по надвор. Па затоа ги гледам овие адидас. Сега за сега тие само ми изгледаат прикладни. Гледам кеги имаат и сандалки ама сега ме предомислува ова што некои членки ортопедот ги советувал без патент
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    20.458
    Ќе пишам на нашиот ортопед,Талески,да видам што ќе каже.
     
  16. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    @Annath да уште ја дојам, иако гинекологот ме советуваше да ја одбијам зш уште не добивам. Додуша другиот ми рече да уживам додека не добивам и да си дојам до кога сакам.
    @hello-kitty.90 се тешам со тебе и со фрее, ама мојава е веќе 1 година и е мн активна и доста троши. И што е најстрашно не труплира родилна на 1 г, што веќе за мене е алармантнo.
    @FreeMind на клацкалката само еднаш во продавница седна 2 секунди и толку беше. Мн е темпераментна не седи ни 1 м на едно место. Можи во иднина ќе ја засака. Засега со точакот сака да ја возиме низ соби. Тоа проидувалката како количе ни е поклон. Ја побутка неколку пати, ги повозе куклите и толку беше.
     
    На Dina911, hello-kitty.90, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Е па затоа не јаде. Твоето млеко и е доволно. Не е алармантно што не триплирала родилна на година, ако е здраво и активно дете. Не мораш да ја одбиеш поради тоа што не добиваш, тоа настрана. Ама има поголеми шанси да јаде ако ја одбиеш. Макар што јас сум за доење до кога сакаш, во овој случај одбивањето може да помогне да пројаде. Иако ни тоа не е гаранција.
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    И јас не би ја одбила за тоа што не добивам, а најмалку ни заради муабетите од типот дека млекото веќе не е хранливо, дека е вода и слично. Се размислувам само со надеж дека ќе почне да јаде, зошто ни вода не пие згора на се. Но што ако одбива се и откако ќе ја одбијам. Само од тоа ми е страв. А вака стравувам да не постане анемична иако секој ден и шиткам боровинки, месо, жолчка, спанаќ и цвекло толку колку што каснува. Барем да е здраво и хранливо ако не е количински многу. Од др страна и ниту едно АД млеко не прифаќа, кисело чат пат и ноќни на хипп и нестле пудинзи ретко каснува. За млеко кравјо да не е рано?
     
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    ај баш сподели ако сакаш :)
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Се сомневам дека и кравјо ќе пие. Моиве не пијат никакво после доењето. Никој не може да гарантира дека ќе пројаде ако ја одбиеш, а да намалиш подои барем...
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.