Моево заспа накај 23 и до 01:30 3 пати го нишкав, па ај заспа, па во 3 стана за млеко, па среќа до 6 поспавме и пак јадеше па со маки до кај 9 подремав некако.. Вие што сте на ад како ги одвикнувате од ноќно јадење ? Нит вода, нит чај, нити цуцла го лаже, бара млеко... Се си мислам дур не предтане да јаде навечер ќе се буди толку
Јас се замишљам бремена и одма ме има на една листа: -обвинета за семејно насилство -обвинета за насилство врз бебе -обвинета за насилство врз животни -обвинета за насилство врз комшии -обвинета за нарушување на јавен ред и мир -обвинета за кршење јавно добра -обвинета за касање случајни минувачи- -обвинета за дерење на јавни места -обвинета за буткање рафтови во продавница -обвинета за подметнување пожар и распрснувачки материјали на јавни места
Мамички, да не е мирен човек. Во носе Stafilococus aureus. Има секретче во носето и така ја откривме. Ни дадоа маст за носето. Полудев од грижа.... Она е дома, не оди во градинка, но има ли потреба да се изолира? Страшна ли е бактеријава?! Не сакам да читам за да не се пореметам...
И синко мој само в раце заспива, ако го заспивам јас в раце и на цицка ама седам јас, а сите други мора в раце и тоа станати да го нишаат, 14кг тешко нас е, ама поинаку нема шанса да заспие... @hello-kitty.90 една другарка така со првото така и со второто и тоа на АД се, вака ко нашиве и се исти јас пак се надевам дека второто ќе е мирно уствари нема да дозволам вака да е, незнаев за прв пат ни за цицање ред ни за ништо, сега нема поправка, ама здравје за второ како @Spidy уште од 2 месеци има ред да му направам
Може уште во болница да ја има фатено на порајѓај. Мрсата најчесто е во градинки и во операциони сали. Досадна е за лечење замо да се погоди терапијата. Испитајте сите дома брис од нос бидејќи пинг-понг ке си играте. Не е толку опасна кај деца не се плаши испери се што можеш да испереш од играчки и постелнини. Ова знам од блиска моја 3 месеци ја лечеа бактеријава досадна.
Колективно лудило ги дрма малишаниве очигледно. Трета ноќ станување во 3 со вриштење. Среќа заспа за пола саат. Не, ова не е моето бебе. Ви правеле ли вака во пикот на некој скок?
Не се плаши. Стафилокока имаме речиси 90% од населението. Само кога има проблеми како секрет, затнат нос, крварење се зема антибиотска терапија од десет дена и поминува. За да ја исчистите целосно направете си и вие по еден брис ја имате 100% и ќе си ја префрлате ако не ја “доведете под контрола”. Јас чекам да завршам со доење да ја решам мојата. Она во бременоста што не можев да дишам е токму од досадната стафилокока. Кога ќе падне имунитет она доаѓа и прави растур во носот. Сеуште имам крвав секрет.
Може да е од болница од таму се најчесто. Али мрса мислам дека е онаа која не одговара на антибиотик и тично е означена дека е она. Има милион видови на коки.
Ехеее,сум заборавила. Синко уште пред да се роди ме тренирал со неспиење,да се навикнам и да не се жалам. Значи,уште во стомак се познава какво ќе е
Редовно правеше вака кога беше во 6 скок. Се будеше често со вриштење,мислев дека од заби така прави,ама не му излегоа,дури сега му излегуваат,а на крај на 7 скок е.
Нееее! не е точно,ете јас сум ти кажувала дека не ме буди од спиење во бременост а сега мамето ми го е*а
Не е страшна. Син ми ја имаше со месеци во носе (и кога немаше и кога имаше мрсули). Матичниот тогаш ми рече дека не е страшна и што се вика на прашинка ја има. Прашај дали можеш хлорофеникол маст да и мачкаш во носето. Инаку не се излечи кај нас со антибиотик, долго време ја имаше.. повеќе од 8,9м сигурно. Но не одеше во градинка тогаш.
Нов момент и дури се уплашив. Кога ке се возбуди ако види нешто и неможе да го дофати или мене да ме види се тресе со главата. Дури како згрчување. Не е еднаш два пати си тера денес се така. Језиво и се уплашив. Се дешава на 7 месеци вака...?
Еве ме мене, се подреков вчера, будни сме од 2h . На сето тоа додајте и пола саат нишкање во раце, неуспешно . Сега цица пак, се надевам ќе заспие.
Луѓе, јас се осеќам преродена. Два дена на работа, како свој човек пак сум. Друго е со возрасни да се видиш, па и да правиш муабет неповрзан за бебе. Јас стално си шетав со другарки, ама врти сучи се околу децата е муабетот. Подруго е вака. Бебе цица само насабјле сега. Супер си проаѓа со баба и тато дури ме нема. И не е супер закачена за мене кога ќе си дојдам. Најлесно на свет го поминавме ова. Па и разјадена е нешто послесно време, синоќа за вечера изела цела тегла од големите од 190г. Првпат толку. Станала сабајле во 6:20 и се дере од креветчето "мамаааа" епа ете добро утро нека ми е