Добро утро @Spidy баш ме радува да иде како подмачкано. Родендени да честитаме запишете кој кога е или пофалете се слободно. Да не ве барам кој кога се породи. Само Лаки и хепи беа на 10ти Декември ако не се лажам. Во Декември има бајаги во Јануари јас завршувам па после идат 'маливе'
Денешниот ден за мене нсјреќен, на моето цицалче роденден.Најубавата година со сите нејзини предизвици, плачки, смешки, хормонски испади, први запчиња, први насмевки, први гушки и уште мноогу први работи.Да ни се живи и здрави и уште многу години да ни го збогатуваат животот со незаборавни мигови кои ќе ги паметиме цел живот. Уште се опоравуваме од вирусов ама до славењето во сабота ќе се оправиме. Ве гушкам и сакам.Тортата денес е од мене.
Среќен родендееен Уште многу,многу години да ве радува. Да е само живо и здраво Еве од нас Добар ден на сите,станати сме од вчера,само неможев да пишам со него во раце,а така ми се спие ми се плаче. Одам да го победам денов Ова неспиење ке каже нешто може забче,кој знае како и да е не спие ич. И тоа што го спие немирно го спие. Јас јануар ке се вратам на работа после 21,после празниците. Да заличам на човек се само со овие три влакна во ластиче фатени,хеланки,тренерки . Сакам што сум 24/7 со него , но навистина ми фали време за мене,ми фали да му се посветам на мм. Се надевам празнициве т.е на 8 месеци менуваат на подобро и ке бидеме во кристмас спирит @FreeMind не издавај што ме чека,остави ме да се изненадам
@babydust Најсреќен роденден на твојата крофна. Да е жива, здрава, најсреќна! @Spidy среќен нов репочеток! Многу повеќе нерви и полесна работа Навечер поголема мака за спиење. Плаче од сон станува и презаспивање за некој час. Фри мислам дека нашите беа една недела разлика.
@babydust среќен нека е! Како да знаев дека денес има некоја бебушка роденден. @Happyinlove твоето е исто како на @hello-kitty.90 ти сестро имаш долг пат гледам на филџанов. Да. И Вагата е тука негде.
Среќен роденден на бебка @Spidy среќен почеток на работа, мило ми е што се чувствуваш по убаво и даваш инспирација на нас што до прва не следува тоа Јас денеска сум наспана, го ситниме 10тиот месец, каде летна времето луѓе
@babydust Среќен роденден на малата кукличка, голема да расти, само среќни денови да има @FreeMind на 10.12 е синко мој и од Хепи исто, на 09.12 беше на @Vennera.aa ама неа ја нема во скоро уште малку и година, не ми се верува @Spidy среќен почеток, и мене не ме бараше и уште не ме бара синко дури сум на работа, поќе се радува со татко му со сите си стои, кај да го оставиш мирен е. Ноќеска само 1 стана во 4ч, дадов прво вода ама не опали па и цице мораше и си стана наспаб во 8ч.
@babydust нека и е најсреќен роденденот! @Spidy лесно враќање на работа Мене искрено паника ме фаќа кога ќе треба да почнам на работа, како ли ќе седи во градинка ова дете што е толку врзано за мене (или јас за него повеќе) , ама ми фали и мене време за себе, маж ми го жалам, вика не сум го сакала веќе, само син ми сум си го сакала Инаку @FreeMind ние сме на 10ти фебруари стварно не ми се верува како лета време.. Сакав да прашам цртани им пуштате ли? Мојов ги обожава, а и за да завршам нешто по дома морам да му пуштам, ама имам грижа на совест
Почни уште од сега да го оставаш, саат два полека зголемувај. Јас од скоро и по цел ден ја оставав со мајка ми, од 9 сабајле до 8 вечер. Да си знам дека нема да ме бараат од работа. А цртани повеќе пуштав кога нејќеше да јаде, на скоро секој оброк. Сега последниве 2 недели дали 2 пати сум пуштила, кога нешто многу викала од нигде никаде, па да и одвлечам вниманир. Значи кога како. Генерално повеќе сака играчки или некој да ја занимава отколку да гледа во телевизорот.
Среќен роденден @babydust. Живо и здраво бебче. И ние сме тука, како сега се сеќавам колкава фама се крена кога ме снема. А јас лежал ли лежам во болница... И мене не ме бара бебе, ја учев со месеци претходно да се прилагодува без мене. Среќа!
Немам на кого да го оставам, тоа е лошото, во германија живеам и лепенка жива за мене е едино за празнициве кога ќе одам накај мк малку да здивнам да поседи со некој Мојов па со играчки мн малку се заигрува, само до него да си и да го анимираш.
@babydust среќен роденден!!! Само радости да ви носи Моето, на @lackygirl и на уште една феминка ми се чини се родени на 10.12.2018. Ама не ми текнува која беше третата. Се сеќавам како вчера да беше кога пишавме во исто време со Лаки дека сме примени во болница за пораѓај Бебо синоќа заспа околу 23ч, стана сабајле во 5:30, цицаше заспа во 6:20 со нишање. Сабајлево станал во 9:30, и еве сега тера дремка после појадокот. Моето иако 10м беше нон стоп со мене и мм, оти нема баба сервис, сепак не е залепено за нас. Без проблем се навикна со жената што го чува да си седи. Без проблем седи со сите всушност, и со бабите кога (ретко) се чуваат, и онака е дружељубив оди во сите луѓе кои го задеваат.
Среќен нека е роденденот @babydust, живи и здрави Леле луѓе кога летна времево, ни растат бебушите. @Spidy среќно враќање на работа, цело време така да си се чувствуваш
@Happyinlove @LoveHope @Milaаа991 @BabyT* @lackygirl @Vaga~ @@Verba@happygirl @paleska3 ви благодарам многу на честитките, сите да се здрави и живи и да растат среќни со мама и тато. @FreeMind јака интуиција имаш Благодарам од срце
Изгуглај имаш во општината krabbelgruppe два саати неделно до 14 месеци.Тоа е за да се социјализира со други деца и да не му падне тешко во градинка. Многу позитивна ствар за детето, многу досадно за нас кои мора да слушаме други таму како си лечат комплекси али за свое дете и тоа ќе го правиш. Ако немаш кај што си во близина за со бус 5 минути сигурно имаш. Не знаеш која радост и е кога оди. Така да ќе одам додека не почне во градинка па има таму месец дена прилагодување али мислам се ќе биде во ред. И онака сме им досадни. Нема дете кое само си игра, мора да се анимира. Сама си игра кај мене наутро кога станува некаде саат време. И после преспивање веројатно кога има енергија, потоа мора да ја играш. Цртани пуштам од кога е родена. Сега и пуштам кога треба да направам ручек, а морам да ја фиксирам на едно место. Ми помагаат многу кокомелонци. Али зараза и се невидена. Така да во денови кога не готвам не и ни пуштам, а такви се повеќе дена во неделата. Сендвич ти е главен оброк. Цртани пуштам и во кола кога е подолг пат за да седи во седиште. Пуштам и кога сама ја возам за да не плаче назад. Телевизорот дома не ни е изгасен нон стоп е пуштен. Најчесто е јутјуб па не го ни забележува. Веќе ги знае песните на Дејвид Боуви на памет и знае да ги распознава. Пуштам и златно славејче од нашите Никола Никола. Докажано е штетното дејство од цртаните врз развојот. Докажано е дека и јазик се учи преку цртани. Е тука сум на средина во придобивки и загуби во размислување. Докажано е и за телефоните дека носат штета, али новите истражувања покажаа дека претходните истражувања не ги земале параметрите правилно односно не го ставле интернетот како маст ту ноу. На тој начин доаѓам до заклучок деа во следни десет години ако детето го ограничуваме од телефони тоа ќе заостане во однос на другите деца и ќе го ставиме на пиедестал за булинг кој е огромен насекаде, особено на социјални мрежи за деца. Широка тема е оваа може да ја разглабаме следна година. Сега се сеуште бебушки табула раса. @happygirl мислам дека @PeachGirl беше со вас во ист ден. Сите наеднаш се породивте.
Ми повратија вчера,еднара 3 пати,другата еднаш... им дадов за ручек батат,морков,карфиол и компир... ама бевме надвор спиеја и кога се вративме 2 саата беа поминати,кенкаа ,мислев се гладни и одма шишињата со млеко ...таа едната претходно голема количина изеде од ручекот...педијатаров вика вода требало да им дадам а не млеко, и јадење ма 2 саата веќе забрането бидејќи не се веќе новороденчиња.. е ама водава тешко ја примаат...има ли некое чаре вода да се пропие? И да, се упрпав вчера ептен...денес ми се на палента и јаболко...и сеа мислам хип инстант каша од микс житарици плус круша...и толку за денес...до спиење уште млекце 2 пати и толку...
Добро само мојава не ја интересираат цртани подолго од 10 секунди и тоа во тие секунди кога се менува една песничка со друга? Мене мислена именка ми е да ја седнам во хранилка или порано во релаксатор, да пуштам цртани и да и успеам до вц да појдам, а не да сработам нешто. Значи не знам како успева, веднаш низ каиши дека ситна се измолкнува и станува. Вчера додека ја ранев стана, и тоа не ми е нишш ново, најчесто станата јади, но сакаше да скокне од неа, среќа бев веднаш до неа и ја фатив. Што значи досега со цртами и во хранилка ни еден оброк нема изедено до крај, па се префрламе и на маса, па во скут и шлакаме низ цела куќа. Повеќе сака да си игра со играчки, ама и јас да сум до неа. Па ми носи кукли да ги раниме и заспиваме, книги да гледаме, па покажува како ав ав правело кучето. Па да играме ринге раја, тапшини, пекк а бу и слично. Сака песнички и да игра како децата или да ја држам јас во раце а таа мавта со рачиња и се радува. Така да јас не сум од тие среќнички чии деца ги анимираат цртани. Премногу е хиперактивна да застане 5 мин на едно место и да гледа тв.
Ве читам со успивањево на малите. Е да ви каже дада што направи вчера. Ај ќе ја учам сама да заспива во креветче, ја легнав и се сокрив Која будала значи еј Кога рече плаче, рика. И ја земав. кога рече ме кубе и тепа, ауууникад више