@AlicaInWonderland денес бил среќен нека е И кај мене тенџерето си го мава од глава, а лажиците во грло.
@simona_baby леле за љубомората боже мој ај што не поминува туку и се повеќе расте, ама и малава почна да покажува заби, па сега комотно сум судија во UFC борби. Јас градинката ја прекинав од таа причина, секако сум до март дома па барем да ја турнеме зимава без посериозни настинки. Лесни чекорчиња @happygirl синко мој на година и четири месеци прооде, па можеш да замислиш какви коментари добивав, ама детето си беше такво мрзливо ниту па залази. Мој совет ти е да не обрнуваш внимание на коментарите зошто знам кога ќе ми збореа е моето на 7 прооде, а сте биле на ортопед демек проблем си има детево. Па кога ќе фатеа демек да го паткаат па тој збира нозе плаче сака да седне За разлика од него малава е чигра, рано залази, се исправа на се, оди со потпирање по кревети, а најсмешна е кога оди покрај ѕид така странично, оди фатена за едно раче а кога не сака да оди и да ја држам за две раце витка нозе да седне. Сеуште се нема пуштено. @AlicaInWonderland среќен роденден
@AlicaInWonderland најсреќен роденден на дечкото. Само убавини да го пратат. Инаку читањево книги ми е болна тема. Обожавам да читам, книги со пакети имам, ама откако се роди беба слабо. Првите месеци немав желба никаква, а сега немам време. Додека е будна гледам повеќе да сум со неа, евентуално бришам прашина или пеглам, кога спие што попрво. Јадење за неа, евентуално и за нас, садови, еве два дена кујната си ја бришам (а во еден ден порано ја средував) Купив од саем на книга две книги за мене и неколку сликовници за беба. Сликовниците веќе се скоро партал, а книгите не се чепнати. Стојат засрамено на полица.
Исто е кај мене, пробај пред да легнеш неколку минути читање - направи си обврска плус, ама ќе ти стане рутина а и инспирација да завршиш се побрзо за да дојдат твоите 15 мин релаксација.
Не се замарам со коментарите многу, важно сите ме прашуваат дали го паткам и зошто не. А бебо не сака да оди, веднаш си седнува и лази. Турбо е со лазењето ептен е забрзан. На кревет кога има играчки се крева на колена и си ги дофаќа. Затоа се мислам сега за роденденот фали да му купам вистински обувки за проодување, или фејк некои патичиња? Секако нема да гази на земјата. Не знам кога ќе се пушти да оди, да не му станат мали отпосле.
@AlicaInWonderland среќен роденден, нека е жив и здрав фраерот и да си го поминете најубаво денешниот ден. @simona_baby лесни чекорчиња. @happygirl мојата на 11 почна да лази ама во нејзин стил, со едната нога лазе,а со другата потстанува по малку.Се исправа на колена и стои неколку минути потпрена, ама нестабилно.Не се пушта да оди по креветот.Ич не се секирај ќе биде се наеднаш,ќе видиш.А коментарите ги игнорирам колку можам. Кај нас добредојде скок бр.9.Од еднаш станување ноќеска, пак почна по 5-6 пати.Значи скок и заби е најлоша комбинација.Еве го и осмото запче ѕирна сабајлево. Гушки до скокачите,а другите нека спијат и за нас- заслужиле.
За читачите, вчера поминав 100стр од книгата на работа ама интересна е не се остава. Трилери најмногу сакам. Дома нема шанса да читам, не се можи.
Земи му чорапчиња со силиконски точки да не му лизгаат а за проодување најдобро е босо. Штом си лази и веќе се крева на колена ќе почне да се крева ина нозе, можеш да го стимулираш со ставање на омилените играчки на кревет и како ќе се доближува да ги дофати ќе му ги оддалечуваш, мене физијатар ми кажа никаква принудна вертикализација меѓу другото и паткање по моја волја значи да оставам сама како ќе пројавува интерес. Не сака паткање кога сака да оди некаде ми подава раче и тоа секогаш десното и така е стабилна а кога ќе ја фатам за левото се спушта на газе не се осеќа сигурно. За двете ако ја држам по моја волја веднаш седнува на газе.
@AlicaInWonderland среќен роденден да сте живи и здрави @monik55 имаме опасен фриз Елвис Присли не ни е рамен @Bella* прооде на 10 ипол месеци а стоеше уште пред тоа.Многу ни беше интересен и нас не изненади дека рано прооде.Ќе седневме со мм го гледавме и се смеевме,толкава минијатура од бебе стои на комодата,како џуџе.Има право Фри он се гледа од брат му,на пр се бркаат големиот и внука ми и мали сака да учествува.Сега се брка со брат му трча па кога ќе падне продолжува да бега со лазење.Несака ни паткање ниту пак да го држиш за раче. @Vennera.aa стварно се плашиме од тие настинки,дури и 3 недели паузираше зошто спуштија на плуќа.Ама пак кај него од градинката имаме големи придобивки кои не би сакала да му ги скратам.Имавме мака со развој и говор,за еден месец магично се се смени стана друго дете,сето она што јас не успеав да го научам таму го научи.Така да две добра нема,се надевам мали ќе се ојача па он кога ќе почне во градинка ќе нема мака.Околу тепачките-причај ми о томе Исто и малово ојача па почна да се брани.Големиов штипни бутни,малиов гризни,фрли му се врз него.Ги браниш цел ден за на крај да сфатиш дека на нив им е забавно,па тебе џабе ти биле нервозите. @babydust фала ти
@AlicaInWonderland Среќен,најсреќен да му биде. Да биде жив и здрав. Да ве гордее и од форумов колегијално поклонче само во плик има @simona_baby лесни чекорчиња,и да чекори по прав пат
Штом е така нека си оди, со големопт 2 пати по 10 дена инфузии, а малата два пати панцеф во месец и половина, некако многу ми се виде, плус мојов никако не се помири со таа градинка, па и дома стана за никаде нервозен, инаетлив и тантрумите секојдневие ни станаа. Сега од кога не оди се враќа на старо ама како и да е од пролет пак го пуштам.
Честитки на сите славеници,големи и умни да растат На тема проодување,синко се фаќа буквално за се да се исправа, по кревет сам се држи и си шета стабилно. Кога ќе дојде до крај јас застанувам пред него и ако сум му блиску,се пушта,а ако види дека сум му малку подалеку си седнува. Повеќе е исправен и сака да шета или да се држи на нешто,отколку да седи. Така да,очекувам дека уште малку ќе ги направи првите чекорчиња. Кога и да биде,ќе не израдува.
МамаЈана и Верба се со тебе. На крај аце ми е страв е последна ако не се лажам. На Ацика 9 месеци почетна реченица и беше мене ми е страв. Од кога се породи се оправи
@paleska3 колку ме боли крстот тоа е чудо едно. Па и раката, т. е зглобот левиот пошто со таа рака ја држам Се успива брзо, во раце, ама да гледа напред сака лепотицата
Мене десната рака и зглоб премногу ме болат, кај мене некогаш заспива брзо но некогаш јас си знам. Синоќа се напив магнезиум па за нијанса ми е подобро денес. Изгледа треба да си ги вратам кесичките на мени.