Прво за редот да ти кажам дека јас со список го оставам детето и на маж ми и на свекрва ми и на мајка ми. И ги испрашував кога ќе ја земам да видам дали ми го прателе списокот. Сега веќе фатија ред, ама 3 месеци секој пат со ливче ја праќав. Мене мајка ми ова со фермањево ми го рече денес, ама мене малово стварно ич ме ме фермаше кога влегов Не знам, јас ова не го сфаќам како нешто страшно, не дека била мајка ми наместо свекрвата, туку јас како успех го сметам тоа што детето е самостојно. И јас не сум некој емотивец да се гушкам, па некако и од малата не го очекувам тоа. А и свекрвата ја имам построено, не можам да ви се придружам во жалењето. Ништо да не им ќутите, само повеќе ќе ве нервираат. Ми напраивте муабет за елки, сега се мислам дали да китам деновиве. Елка имам од 20 см, немаме место за голема, ама затоа секој ќош дома го декорирам. Ќе морам нешто да скратам годинава, тие работи што се пониско и повеќе на дофат. Ја напраивме темава Мајчински муабети 2.0, ама убаво ми е вака да си пишам по некој ред
Што и се нервираш па и ти, чекај сега нека прооди детето и само таа да го чува не го носи кај мајка ти, па ќе видиш дали ќе се смее. Мојата за првото се перчеше а сега ја нема никаде жива да се појави а и рака на срце поумна е, изгледа созреа Елка ќе се кити но ќе видиме колку ќе преживее . Умен ќе биде тој и нема да ја дира. Вчера го оставив бебчо кај мајка ми а јас со поголемиот излегов да завршам некоја работа. Прв пат се случува да за пола саат ме бара да се вратам. Се враќам, ги гледам пред куќата стојат оваа мојата плаче а бебчо не. Она толку се потресла што се расплакала и незнаела како да го смири а овој многу жално плачел . И реков, бебето расне, разбира и се плаши да не го напуштам. А кога го зедов јас ме гушна толку силно и почна да гука као да ме кара што ме немало. Мочко!
Елка обавезно ќе красам, макар секоа ден да ми ја растура Уживам во тоа, затемнето и само светилките од елката да светат, да пиам топол салеп и да грицкам колачиња со цимет Втора година ќе ми биди да си украсам сама, по мој вкус. Беба многу се израдува на снешкото во соба и стално го задева. За свекрви ќе бидам мудра и не пишам ништо, да не се нервирам непотребно. За коментари непожелни од многу луѓе, климам и терам како што сум намислила. Добра ноќ
Ние денес украсивме елка. Малиот седеше на другиот крај и гледаше чудно. После дојде до мене и сакаше да пипа. Му дозволив со мој надзор ама брзо му досади и си се врати кај играчките. Не покажа потоа интерес. Заградена е со ограда па и да сака ќе неможе да фаќа. Ќе видиме утре како ќе е. Имаме голем снешко. Е тој не го остави на мира ама не му ни бранам. Со тоа што неможе да се повреди нека си игра. Многу ни е убаво дома си украсив порано да се порадувам, цел декември нема да сме дома па затоа да уживаме овие денови. Помина и роденденот. Поминавме одлично. Се беше тип топ. Малиот пресреќен. Е сега дома ми е бетер од игрална од поклоните. Дневната ни е фудбалско игралиште до голови од двете страни ходникот е возен парк со џип на акумулар. Неговата соба полна со балони. Кош во трепезарија. Лудило и хаос ама па никогаш повесел не е бил домот
Бебе наполни 6 месеци. Само на АД е. Со кашички почнавме од 4 месеци.Јаде речиси се ама не сака да пие сокови и што ми е најчудно не сака да пие вода. Ја нудам секој ден по неколку пати ама ќе повлече од шишенцето и се згадува. Пробав и со лажичка и шприц. Ја пие ама после 2 минути ја повраќа во млаз. И потопла пробав да и давам,не ја сака. Педијатар рече да не ја форсирам ама поради кашичките има тврда столица. Се плашам да не не е убаво да не пие вода. Каков совет би ми дале за да почне да ја пие? Единствено што сака е чај,ама и тој не и е баш по мерак.
Убаво ти кажал педијатарот, кога ќе сака ќе пропие. Кај мене исто малата не сакаше ништо, купив три различни шишиња, обични и со клунче, еден месец не пиеше ништо и еден ден наеднаш и текна да пие. Не дека пие кој знае колку ама сепак пие.
3та смена има ли некој? Бебо заспа во 23ч, стана во 2:30, и еве дури сега во 5 заспа конечно. Таман свежи и будни сите 3ца со мм го осетивме убаво земјотресот кога здрма. Квалитетно се преплашивме искрено. Не знам што му стана со ова неспиење, втор месец како прави вака, уништени сме, секој ден на работа како зомбиња сме со мм.
Еве ме и мене. Не го разбуди земјотресот но после него станав за во wc и се врајќам што да видам,си игра си вика... нема спиење. Убаво љуљаше,се преплашив. И така од 4 и 25 сум станата. 2 пати цицаше нејќе и не да заспие. Фала богу не плачи само си испушта некој самогласки,цело време се и сешто со восхит си гледа.
Во 12 и пол одвај заспа со силно плачење, со цицка в уста сетив нишање ама мислев дека мене ми се врти од неспиење стана во 6 и пол пак со плачење, незнам што му е, дали го боли нешто, 4ката долу е набабрена многу можи од неа е таков, па што заби ќе беа овие кај синко, многу тешко ги вади, среќа тт не крева, ама па ништо др не му е погодено и тоа само ноќе, тоа ме чуди, дење е бајче. @Spidy неубо го рече она Не ферма, зајадливо, ко за инает, иначе и синко си стои секаде со сите, не бара ни мајка но татко...и јас не сум тип што се гушка, не сум ни нежна Сношти од плачките и незаспивањето и на нерва двајцата со мм се искаравме, покачивме тон двајцата прв пат пред синко, тој се заќути, ко да се уплаши и после уште посилно плачеше Денес пак прва смена, зомби
@lackygirl ич да не се замараш, убаво си и вратила. Тонот на муабетот е многу битен, јас од мајка не трпам да ме напнува, а не па свекрва да ме задева, очи ќе и извадам. Еј среќа ќерка имам, за сега нема да бидам свекрва, иначе сигурно ужасна свекрва би била според тоа каква лошка сум...
И јас баш дежурав за време на земјотресот, дури и тука сум пишала . Го осетив ама незнаев дали нешто бебе мрда и изведува или земјотрес е. Инаку малата ми е добра овие денови, два пати станува за цицање ама одма презаспива, плус многу е активна, цело време се движи, сама си играе, ма срцка е . Да уживам додека не смени .
Сега облакаш скафандер? Тесно им е и со јакни. За кратки релации се теснат, за поголеми релации соблечени.
Го извадив тој внатрешниот дел што е за бебиња уствари. За да биде како за дете и пошироко. Седиштата се за до 36кг. Нема да се туткаат и теснат коа ке се поголеми мора да има опција
Да пробај. Секако можеш да го вратиш назад. Еден куп делови и додатоци ималп седиштето сеа коа видов. Јас си го монтирав како што го купив за 0+ и не ми текнало до сеа да разглобувам. Ама веќе и мора следно ниво
Мајки што имаат моми, дали се случувало внатре во дундето да е поцрвено од вообичаено? Не е крв само е зацрвенето.