Ти кај си Да не ја урочам добра е јас тука сум се губам со бебево немам многу време да седнам и како човек да пишувам
Само што го видов рок-фризот на твојата малечка,опасна е.Ќе биде срцекршачка ми се чини. И не ја гледам долната двојка лево.Уште не е израсната? На мојата цицалка на роденденот и се појави истиов заб и баш тогаш и се случи она гризањето(претходно 2 недели ја мачеше).Just saying... Ама се запнав за забиве...
Фалеше богами. Чкртни збор два кога ќе можеш Не ви се пофалив чизмите ми стасаа Ова е првата ствар што си ја купувам лично за мене после година и половина. Во бременоста купив нешто од што морав, а потоа немав ни желба за ништо. И чим шопинг манија се разбуди плус ми дојде готово друштво се враќам на свое место. Хормониве ти биле стварно луда работа. Доле една двојка фали. Таа почна али прекина не знам оти. Горе 4ри и доле три има. Може да е и до тоа. Еве денес без гризање го заокружувм цел ден. Сакам да биде рокерка али рокот ќе замине со нас. Нема веќе рок се е бибер мафија. Страшно колку лоша музика има во последниве десет со исклучок на еден два албума пред умирање на Дејвид и некој да сум го заборавила. Само лимонади. Кој знае што ќе слуша понатаму додека е мала ќе ја “трујам” со моја музика потоа ќе слушам “нејзина” преку ѕид оти нели ќе не набрка Замисли ова мало човече утре ќе ми рече стара фаќај ја вратата и дим да те њама.
@FreeMind На мој братучед,ќерката е 20 и слуша,цепелин,флојд...Од татко и е пренесено.Вистинска реткост во денешнава младина.Така да, верувај, ова сега што и правиш има ефект за нејзиниот избор на музика. Јас лично сум љубител на англиски рок,ама немам слушано од кога се породив.Е сега сум љубител на Златно славејче 2015 и Азбуката на Биби.Без нив не можеме пелена да смениме. Ама,дур е во моја куќа,српско и бугарско нема да слуша или ова американсково ср**е од некојси хип хоп или веќе не знам кој си стил таму. П.С.Чевлите се бомбона.Со здравје да носиш.
Да ми предложите мал инхалатор, лесен, транспортен да речам...? Имаме дома ама е доста голем и тежок, а сега сакам да купам некој што ќе можам лесно да го носам со мене
@babydust без хип хоп нема тинејџерство, така да навикне се на помислата од сега дека чиста околина ќе ти дрма по дома некои си 5 години. Немам против ниту една музика, во кафана пораснав, ама имам против ти си ќерко татин син во моја куќа за појадок. Spoiler Ова ти е дострел во музиката. Да ти го направам утрото: Патем регресијата во спиењето кај бебињата трае до 10 месец: "Welcome to week 43! You may have heard of the 9 month sleep regression, although the reality for most babies is an 8-9-10 month sleep regression! It is unfair to call it a regression, really. This phase is part of the cyclical nature of sleep disturbance associated with development in the second six months of life. Your baby isn’t regressing, but progressing – mentally, physically and developmentally." @Happyinlove @srekice само уште 5 месеци и готово
Хаааа,само 5 ли? јас уште 3 Не се издржува, вчера како круша имав паднато во 20:00 па среќа станав во 21:30 да средам се после нас. Лишо е што неможам да го држам буден подолго од 19:30 и во 5 и 30.е петел. Плачеше на сред бањање за да заспие,цицаше и уште пола саат барав начин да го заспијам,на крај со возење низ стан во количка (ја истадов вака така количката) и сон немирен,се жали,кемка се буди... Но,бидејќи не разговарам уште со мм,си решив викендов да го оставам бебево кај мајка и да се опуштам со фЛизура,козметики , и јас ке си купам нешто. За греФ , вчера како одам и со марамче бришам паркет,што ли лепи,што имам истурено,тоа чорапот ми бил скинат па чувство дека ми лепи нешто и јас во бременост морално фармерки џемпери што купував,но се истресов бајаги за син ми. Нека е жив и здрав само,се што може со пари да се купи ефтино е. Но ете чекам хормониве и јас да ги суредам па бар чорапи да купам Го заспав сега,па да ве прочитам сите. П.С ми доцни 5 дена Тоа дали на нервна база со трошките,или од еднаш секс во месецот ме погоди кој знае (не верувам) , но дополнителна нервоза и пмс
Добро утро, сношти одвај во 23:30 го заспавме со нишање в раце, кога јас откажав мм го зеде и 10 мин нишаше и шеташе низ соба за конечно да заспија. Ама плачење, абе рикање, што ќе беше ова со плачењево се чудам...стана во 2 и пол го зедов до мене да спија и еве уште спија не е станат мерак негов ногата качена на мене и мноогу се отскрива, за вреќа не иди во предвид, ништо не трпи (ова на мене). Вчера ве читав за касање, баш си мислев шо убо дека не ме каса, среќа имам, жени абе ко да се подреков, сношти 5 пати ме касна и тоа касање, силно и не ме пушташе ми се плачеше, уште ме боли, па јас само на десна го дојам немам резервна цицка за ваков случај. @FreeMind чизмите прејаки, со здравје да се носат. И ние со мм сме по рокот, ама не сме чисти рокери Кај нас децава гледам се рок слушаат, баш чудно ми е и добро е што не е турбо фолк. Моја генерациja немаше рок. Додека па брат ми слуша метал, во последно и дарк метал што мене ми е тоо мач искрено, ама така си сака.
@AlicaInWonderland јас го имам Емед мислам беше, мал, практичен, околу 3000 денари, не многу бучен. Ние прославивме роденден, бебе умно, гости задоволни, ние исто. Среќа мамина, година наполни, како вчера да беше кога прв пат се видовме. Сега откако наполни година, само помислувам на второ, сега веќе две би ми биле разлика, но не знам како би го издржала тоа, а да си ја сочувам здравата психа
Добар ден. Добив конечно. Конечно! Врска нема што викаат дека не боли. Си боли страшно, и си тече, и неудобно ми е. Инаку беба се навикна веќе, јас се навикнувам (не плачам кога се симнувам по скали), си јаде кисело млеко пред спиење, се гали со татко и. Душа е. Се уште ми е малку лута кога ќе си дојдам, ама и поминува. И мило ми е што не е лепенка за мене кога ќе се вратам од работа. Ете така. Детево уште малку 9 месеци ќе прави, си летна времето. Секој ден сум се позаљубена во нив двајца жими се.
Ви завидувам кога ќе кажете се гали, се мази. Мојата само гледа нешто да прави. Се научила да штрака на предикачот за светло во спалната. Пали, гаси, пали, гаси. Јас ќе ја тргнам она пишти вришти. Детето ми е лошка. Праааава лошка. Лази насекаде по дневна, кујна. Играчките не се интересни. Да нсправиме беља е интересно и да се удриме по глава и да плачиме. За спиење? Што е тоа?
Со здравје да си ги носиш и јас си купив чизми, а и шминки богами си се подновив малку да се средам не само бебето
Честитки срце јуначко Ја како ќе ја оставам на осум ипол незнам Ке молам за неплатен одмор, ке се мрднам значи @LoveHope е моево ем крши, лупа, уништува се ем се гали, гушка и бацнува. Политичар невиден, прво те напнува двеста, после се лигуши
Да ве прашам, кога треба да му направите на бебе нешто непријатно, како се снаоѓате ако тоа треба некој друг да го направи. Ја однесов малата на лекар, од мрсулите што и се слеваат многу кашла и педијатарот рече да правиме инхалации, да го переме носот со физиолошки и да аспирираме со пумпица. Е се супер, го правев истото и прошли пат, ама сега сум на работа и двете баби и маж ми викаат не можеле они така да прават. Плачела малата, со сила сум ја држела. Па и јас не би сакала некој да ми пика ствари во нос, ама сега еве мора за да и биде подобро. Само јас се нафаќам да ја додржам тоа се да се прави. Еве денес сум втора смена, од сабајле два пати ја чистам, ама кога сум прва само навечер пред спиење можам да стасам, а треба пред секое спиење и секое јадење. Не знам дали можам да најдам полесен начин да го правам тоа, или како да ги убедам останативе да помогнат. Они сите само со марамчето и бришат мрсули, ама џабе кога внатре полно е.
Кога се работи за инхалации сирупи на моиве сум им правела со сила,да виделе од социјално гарант ќе ми ги одземеле И сум сфатила дека тоа плачење е првио,вториот пат,после сами сфаќаат дека подобро им доаѓа од инхалацијата па си седеле.За бабите верувам е постресно треба да ги разбереш и нив.Кажи им да не се откажуваат да пробуваат.Јас ги држам во раце и се нишкаме пееме а често и мајмуни изиграваме со мм. Инаку здраво на сите.Неможам да вве фатам во чекор со пишување.Може дека се две па поголеми обврски.Викендов правевме крштевка преубаво помина.И сега може да почнат подготовките за роденден.Да ви честитам на сите кои имавте поводи за славење.
Ми текнува на еден пост на @FreeMind кога пишеше дека Емили научила да лазе и во сред ноќ сакала да ги покаже вештините. Е сега малата кај мене е така. Неможам да ја заспијам навечер, синоќа во 12 едвај заспа. Ем неможе глава да си држи веќе, ем плаче ем на земја се тркала. На крај со пискотници пола саат, несакаше да запспие па два пати ја ставам да цица и конечно заспа. Од што беше нервозна лом ми ја направи брадавицата. Едвај заспав потоа и јас од болка. Е во такви моменти ми се иди одма да престанам со доењево. Уште сега се спремам психички за следноиот подој на таа страна колку ќе боли. Друго сакав да прашам дали ви плачат бебињата кога ги облекувате? Значи кога облекувам боди, блуза или палто, плаче, рика на цел глас. Отрпнав веќе ама буквално секој пат е исто.
Среќен роденден на Верба малата и на Симона крштевка. Верба да ја каже тајната на никот никако не ми успева да ја тагнам. @Spidy абе нека не ти се лигават спискај таму мора да се чисти и инхалира. Патем ни јас не го правам тоа ми е страв @paleska3 во 6от влегла сега има се да ти покаже. Премногу силни емоции се тоа на бебињата не знаат што попрво да покажат. Плус од друг аспект го гледаат светот, поинаку чувствуваат и доживуваат. Едноставно сфаќаат дека ни припаѓаат нам во домот во реалноста. Преимпресионирана од себе си. Сега набрзо и сама ќе седнува и ќе се обидува на коленици и да станува. Сеуште не е станата сама кај мене али велат и ноќно време ќе станувала по ѕидови ќе одела така да обезбеди се со време многу брзо минат овие фази. Јас расчистив, штекови наместив ушште ќошови од ѕид да обезбедам со гуми. Доле ќе кренам се од под и купив специјални чорапи за проодување и на паркет само со тоа ќе биде. Еден мал тепих имам и плус подлогата што и е се лепи на паркет и така планирам да ја минам таа фаза. Столиците ќе ги изнесам на тараса шанкерски ми се и доста опасни при пад. Изби и денес три столици зелени и право на педијатар. И даде електролити во случај да дехидрира, нон стоп да е на града, компир и банана денес за јадење и вели ќе мине за ден два. Вака весела е нема болки. Јазик нормален нема знаци на дехидраија. Вирус. Вели сега имунитет од мене нема толку силен и мал вирус ќе ја напаѓа. Јас не се мешам со луѓе па така фино лепо по кола еден концерт оддржав. И така исфрлив негативна енергија малата ја успав и сега кафенце шмрчкам.