Јас месец дена спијам цела ноќ без ни едно будење. Заспива во 21.30/22 и станува во 7.30/08. Јас гарантирам по оние девет месеци без ни 45 мин споен сон дека почнуваш да халуцинираш и дека си опасен и за себе и по околината без никаква помош од страна како во мојот случај. На овие мајки треба споменик да им се крене.
Нема потешко,дури и ако врзе 2 и пол саати сон јас па се будам,уствари дали воопшто и спијам е прашање. Па сега често на саат за цицање станува,а и кога ке се нацица убаво квалитетно го легнувам мижи 3 минути и одма се врти во поза лазење,као гледај ме мамо ова денес го можам подобро. И јас го гледам,го галам го вртам да го нишам да го успијам и само ке го разлутам повејќе и ке почне плачењето и така стануваме. Вака функционирам 3 месеци. До 4 месеци и некако можев да го призаспијам сега е потешко. Па и денските дремки се пола саат го возам со количка за 20 мин да дремне. Таман една мокрача раат да испуштам. И после трошките очи ке ми боделе
Мореее, го повлекувам тоа со трошките. Да му се љутиш,со право. Синоќа одам у тоалет лице да измијам и заби, искачам а малово мм го шета по ходник речиси заспано. И му викам успиј ја. Аууу, неможам многу сум уморен, ми ја тупна и си седна на двосед  Притисок триста, ама се воздржав некако. Ке си фојде дома денес, џабе се извинува сто пати од сабајле. Ееее тек сеа ке му покажам. Мали денеска се загледува у една точка, и молчи. Ја ке и зборнам, ама онака грлато, и бебево се штекнува и почнува да плаче Три пати од сабајле. Што е незнам
@FreeMind најмногу ме нервира кога сите делат совети. Дали пробавте ова _____? Да пробавме! Дали цица? -Да цица! Еее затоа не ти ти спие, затоа ти станува. одбиј го па ќе ти спие...ааа како не, дури не ги извади сите заби мое дете нема да спие Тешко, претешко, па уште на работа кога почнав уште потешко, ослабена сум 2кг сигурно, почнаа фармерки да ми чинат од пред 5 год Сношти одвај во 1ч го заспавме со мм, нишај, шетај двајцата, па на крај после 3 серии од пиштење читај РИКАЊЕ се предаде и заспа в раце кај мм, го ставивме во креветче и по 1ч стана па го зедов до мене на спална и спиешедо 9:10ч, пак врзува сега по некој час некогаш 5-6ч ама ова заспивањево е тортура Не јади како што јадеше, одбива скоро се, денес јадеше само леб @srekice да не е уплашено нешто?
Мојата имаше такви моменти пред тоа и дури заоѓаше. Сега имаше период кога некој ќе кивни или дува нос пак плачки. Ама моментално е, да не кажам 4,5 дена така ми прави во месецот.
После 9 месеци само си смени или почнавте да применувате некои техники? Прашувам зошто и јас сум очајна за ноќен сон, 6 месеци немам спиено повеќе од 2-3 саати ноќе ама вкупно со цепканици.
Да, баш така. И од кивање се штрецка ама не плаче. Ке пробам да и зборам милно сега, пошто знам да повишам тон и звучам строго може од тоа е. А и петти скок у теку Инаку околу она " А проба ова" и "Ке си имаш мака, не ја учи" ми њ преку таска. Ја да знам да учам нешто, немаше да си отежнувам, него ке си олеснев. Кога ке слушнам као, "Не ја држи во раце" тоа ми е крај. Па што да му правам на бебе од пет ипол месеци
Пробавме една недела претходно со презаспивање без цицка кога ќе се разбудеше. Некогаш успеваше некогаш не и наеднаш преку ноќ прекина да се буди од преку 11/12 редовно од кога е родена станување ноќно време. Едноставно сврте после 6ти скок. Не е јадач, не беше до храната. Сеуште заспива на цицка.
Јас мислам дека само јас се дебелеам додека ја нишкам во раце за да заспие Во 8.45 ја заспивав со цицање, сега не сака да цица, ќе шмукне два пати и почнува да плаче за цуцлата и нишкам 20 минути со цуцла заспива. За еден саат максимум 2 станува да цица и после тоа станува во 4 да си поигра едно саат време па после играта цица и станува околу 8. А во меѓу време се буди кенка на секој саат. Две недели е така. Пред некоја вечер го разбудив мм во 4 и му кажав Повели ќеркати, поиграјте си, јас ќе спијам Неговиот израз уште долго ќе го памтам ама не можев веќе, не ја осеќав во раце дека ми е. А не сака во креветче или на спална, сака да ја држиш еден саат а она да се смее, да те кубе, да ти се исправа, да ти брбља. Во понеделник почнувам со работа, јако ќе биде.
Да ве поздравам и јас, читам за преморот и не спиењето, се навратив кога брат ми беше бебе, мајка ми заврши на витамински инекции ради тоа не спиење и умор, почна да халуцинира, оган дс гледа дека гори, а јас па се чудам синко на кого влече гени Последниве вечери спиење речиси и да нема, се буди на пола саат, некогаш дури и наспан седи спремен за игра, јас очи ме печат едвај гледам, 7ми скок се тера и одиме од бетер на побетер Ако имам второ дете некогаш срварно ќе размислам за некои техники од сам старт зашто не ја бива. Право зомби сум, секој ден со таблета за глава го терам Маж го крка секој ден, и тоа заслужено, периодов капак ми е и он, ми доаѓа да избегам негде
@Vaga~ мајка ми кога бевме мали често велеше: Ми иде усвет да фатам! И до пред еден месец сфатив точно што значи тоа. Ја исчитав Северина со солзи со све ја исплакав и затварам интернет за денес. Онаму каде пара буши нема правда. Тешко на малиот тотално психичко оштетување ќе добие на седум години. Чувајте се има толку неправда таму надвор мајке им ......
Мајки знам за џампер и дубан не се препорачуваат, а за преодувалка? Собирам идеи за новогодишни подароци, па сакам да се искористат.
И јас до сега си плачев за ова. Пробав да се замислам во ситуацијава и ми идеше со заби да ги гризам сите по ред. Некој таму друг да ми го успива детето, јас да не смеам да го видам, да го успијам, да го гушнам..... Му се заканив на маж ми да не ни помислил некогаш нешто вакво да се деси Па и се закарав во тоа другата тема, замисли има луѓе што го одобруваат ова бе. Али претпоставувам не се родители.
нас ортопед ни кажа не и за проодувалка. На надвор или на внатре се виткале ножињата. Ние добивме поклон ама секако не е стабилна за намена проодување, па ја користиме како играчка
Нека не ни помислува некој дете и куче да ми чепка ќе ги лежам. Јас тоа дете го носев, го раѓав, го негував и не спиев. Јас! Мислам возрасни сме и секогаш сум тргала од принципот дека се разбираме. На тоа дете му треба мајка пред се. Мајка! Оној кој го остава сопственото дете без мајка е ВОЛ. Каква сака нека е она му е надобрата мајка на свет. Јака и душа.
Колки само љубов и утеха постои во реченицата "тука е мама". Уште паметам јас кога бев дете колку се успокојував. Сега кога малата плаче, кога ќе се удари често го користам. Ме облеваат еден тон емоции. Незамисливо ми е дете да биде отргнато од мајката.
Сеуште не сум почнала да халуцинирам Поминаа 11 месеци без раат спиење,повеќе неспиење,оние во бременоста,не ги сметам. И мене ме нервира многу она: - Цица ли сеуште -Да,цица - Е, па затоа ти се буди. Слабо ти е млекото,сигурно е гладен и станува Огромно фалааааа што ме просветливте Аман бе луѓе,се буди просечно на саат ипол,некогаш на саат,некогаш два,ама никогаш повеќе од два саати не спие. И дали може да огладне бебе за 1 саат На времето кога пишуваше Спиди дека го тренира бебето да спие,си мислев секоја и чест. Треба ептен упорност,одлучност и да исклучиш емоции,ама треба и партнерот да учествува. Можеби би пробала,ако не со ова,со второ дете,ама не знам дали би била истрајна и дали ќе издржам. Да го оставам бебе да вришти 30 мин,и притоа и мм да не го зема,ниту свекрва да се качи горе,или јатрва да се симне,или комшика да заѕвони на врата,не верувам дека е возможно. А се се учи,и се е навика. Ова станување мора да се реши,ама никако не се наканувам да преземам нешто Тоа е. Грижа околу дете не дозволувам на никого,затоа и си патам. Мм не ми се придружува на неспиењето, крива сум си јас Еднаш не рече,ај поспиј ти јас ќе го причувам Еднаш ептен бев уморна,вечерта он си легна во 19:45, сабајлето бебе не разбуди во 6:30. Нормално јас скоро ич не спиев,бебе се будеше на секој саат и беше буден по 10-15 мин,додека заспијам,пак морам да станам. Сабајлето бебе се разбуди и одиме во дневна,го будам мм и му викам,бебе веќе неќе да спие,ако сакаш оди легни си во дневна ( се надевав ќе ми рече- оди легни ти) . И си легна бе Си отиде во спална,си поспа до 8:30 и стана. Вака за денско анимирање,кога ќе дојде од работа и кога е слободен си игра со него,ако ептен плаче или неќе да спие ноќе,седи заедно со нас. Неколку пати има пробано ноќе да го презаспие,ама бебе плаче,неќе кај него и веќе не ни пробува. Пак ќе кажам,крива сум си јас. Го чекам да остане на одмор,и проблемов со неспиење мора да го решиме. Свесна сум дека по цел ден вози,треба да е одморен за да може да работи и да не направи некоја беља по пат,ама што е со мене?! Еве го бебе и сега откако го заспав,за 40 мин 2 пати се разбуди,заспива одма штом го земам во раце. Почнува да ги трие очите,да потстанува и се буди Што му е???? И кога спие,ептен немирно спие,само се превртува. Да ви се надоврзам и на муабетот со бабите. Тие им дозволуваат се,тие се криви,а на крај децата "страдаат" . Децата ги караме,зошто не не слушаат,се издизаат се да е по нивно,а не се тие криви,така ги научиле. Затоа е најдобро само родителите да го воспитуваат,а останатите да не се мешаат,туку само да се придржуваат до она што им е кажано. Ама секогаш другите прават отстапки,колку и да велат дека ги следат упатствата.
Оваа е една од ноќите кога страшно многу ме нервира. Заспа во 22ч, и досега во овие три саати стана преку 10 пати со кенкање кое преминува во вриштење ако не го занишам. Во раце одма заспива. Ни 15 мин немам завлечено, ми се гади за спиење буквално. Не знам што му е, ама ми иде да го фрлам од тераса во вакви моменти. И си мислам, ништо друго не ми фали толку многу како сонот и мирното спиење. Не сум излегла навечер откако се породив воопшто, заборавив што беше тоа дружба со луѓе, 200% се посветив само на него, нормално неговите потреби се на прво место. Заборавив и на аеробик за мене, и кафе со пријателка, и депилација и се останато. И не ми сметаше тоа што скроз се изгубив во грижата за него, тоа што на ништо друго не мислам ии не правам се додека ноќе спиев по 5-6 часа. Последните два месеци ни тоа го немам, станав раздразлива, нервозна, се и сите околу мене ми сметаат. Почнав да си фалам старата јас и да ми е криво што скроз ги занемарив моите желби и потреби. Тој ќе полни една година за две недели скоро, за истото тоа време изгаснав јас, и се осеќам ко да не постојам, туку само механички функционирам за се. Го обожавам, и се ќе сторам за него да му е удобно и добро, како и секој родител нормално, само тешко ми падна се вечерва и морав да се олеснам некаде.